Прејди на содржината

Антониј Иоаноич (иконописец)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Антониј Иоаноич (Битолско, крајот на XVIII в. – ок. средината на XIX в.) — јеромонах, иконописец од – според неколку потписи на икони може да се заклучи дека потекнувал од околината на Битола и бил монах во манастиротСв. Пречиста Кичевска”.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Неговата зографска активност засега се следи од 1810 година во Бигорскиот манастир, во црквата „Св. Атанасиј” во с. Октиси (1812), во с. Долно Мелничани (1816), во манастирот „Св. Пречиста Кичевска” (1819), во с. Собино кај Врање (1821), во „Св. Никола Геракомија” (1830) и во „Св. Врачи Големи” (1838) во Охрид.

Благодарение на неговиот индивидуален стил, кој е нагласено барокен, може да му се припишат повеќе датирани, но непотпишани дела во Македонија, во Србија и во Бугарија. Одликите на неговиот сликарски ракопис се прецизна, нагласена и разбранувана линија на цртежот, студена гама на инкарнатот, сликан со светол окер и сиви сенки.

Неговите дела имаат словенски и грчки натписи.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • А. Василиев, Неколко неизвестни иконописци от Македонија, „Македонска мисъл”, 3-4, Софиja, 1945, 164–165;
  • А. Николовски, Уметноста на ⅩⅠⅩ век во Македонија, „Културно наследство”, IX, Скопје, 1984, 15;
  • В. Поповска-Коробар, Икони од Музејот на Македонија, Скопје, 2004, „Зографот монах Антониј Јованов во уметноста од првата половина од XIX век“ [The zograph monk Antoniy Ioanoich in the art of the first half of the 19th century]
  1. „АНТОНИЈ, Иоаноич“. Архивирано од изворникот на 2022-08-28. Посетено на 2022-08-28.