Ано Долијана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Aно Долијана
Άνω Δολιανά
Фолклорен музеј на Ано Долијана
Фолклорен музеј на Ано Долијана
ЗемјаГрција
ОбластПелопонез
ОкругАркадија
ОпштинаСеверна Кинурија
Надм. вис.&100000000000010000000001.000 м
Население (2011)[1]
 • Селска90
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.220 13
Повик. бр.2710

Ано Долијана (Ано што значи „горно“, грчки: Άνω Δολιανά) или едноставно Долијана, е планинско село изградено од камен во општината Северна Кинурија, во источна Аркадија, Грција.[2] Од 2011 година, имаше 90 жители. Тоа е заштитена традиционална населба.[3][4]

Грчка револуција[уреди | уреди извор]

За време на Грчката војна за независност, во селото се водела битка против Турците, на 18 мај 1821 година, позната како битка кај Долијана во која Грците излегле победници.

Во оваа битка Никитарас со 300 мажи успеал да одврати 2.000 Турци кои го нападнале селото со артилерија. Тогаш тој го добил прекарот „Туркофагос“ кој подоцна го придружуваше, бидејќи според традицијата многу од противниците умреле од неговите раце. На влезот на Долијана и конкретно на местото каде што се одвивала главната битка, именувана како „потокот Цаконас“, подигната му е почесна биста на Никитарас.

Активности[уреди | уреди извор]

Е4 европски патен знак во Ано Долијана

Европската патека E4 на долги патеки преминува право преку Долијана, што го прави идеално место за пешачење .[5][6][7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. ExploringGreece - Ano Doliana (Village) [ARKADIA, NORTH KINURIA (на англиски)
  3. Υπουργείο Περιβάλλοντος, Ενέργειας και Κλιματικής Αλλαγής - Αρχείο Παραδοσιακών Οικισμών & Διατηρητέων Κτιρίων (на грчки)
  4. Οι Παραδοσιακοί Οικισμοί της χώρας και οι όροι δόμησης (на грчки)
  5. Waymarked Trails - Hiking - E4 Ano Doliana
  6. 5ente - Hiking (на англиски)
  7. Just for one summer - Wandering around Ano Doliana (на англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]