Прејди на содржината

Андреј Николаидис

Од Википедија — слободната енциклопедија

Андреј Николаидис е роден во 1974 година во Сараево е босанско-херцеговско-црногорски новинар и писател.

Андреј Николаидис е роден и израснат во Сараево, но во 1992 г се преселил од Сараево во Црна Гора. Оттогаш живее во Улцињ.[1] Редовен дописник е на регионалниот медиумски портал Е- весник. Пред тоа, Николаидис пишувал колумни за црногорските весници „Вести“, Монитор“ и за босанско-херцеговскиот весник „Слободна Босна“.

Николаидис на пошироката јавност и е познат по написот Чирак на џелатот објавен на 28 октомври 2004 година објавено во Монитор во кое го обвинувал познатиот режисер Емир Кустурица за соработка со режимот на Милошевиќ. Написот станал предмет на долг правен спор кога Кустурица го тужел Николаидис за клевета, кој завршил во 2009 година кога Врховниот суд на Црна Гора ја потврдил пресудата со која на Николаидис му било наложено да плати отштета од 12.000 евра.

На 15 октомври 2009 година Николаидис станал советник на Ранко Кривокапиќ, претседател на Народното собрание на Црна Гора и Социјалдемократската партија на Црна Гора.[2]

Досега има објавено четири романи и неколку антологии на приказни:

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]