Алајдин Демири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алајдин Демири
Alajdin Demiri
Роден(а)19 декември 1954
Тетово, СФРЈ СФР Југославија денес Македонија Македонија
Починал(а)12 април 2019
Тетово, Македонија Македонија
НационалностАлбанец
Занимањеполитичар

Алајдин Демири (албанскиː Alajdin Demiri; Тетово, 19 декември 1954 - Тетово, 12 април 2019) — македонски политичар, поранешен градоначалник на Тетово, екс амбасадор во Швајцарија, политички аналитичар и член на граѓанското здружение Совет на амбасадори.

Животопис[уреди | уреди извор]

Демири е роден во Тетово на 19 декември 1954 година. Студирал социологија во Сараево од 1973 до 1977 година. Од 1990 до 1995 година, студирал француски јазик во Швајцарија, а потоа се вклучил во органите на Партијата за демократски просперитет. Работел како новинар во редакцијата на албански јазик на Македонската радио-телевизија, бил професор во средно училиште како и вработен во градската библиотека. Во 1997 година бил избран за градоначалник на Тетово. По Деветтојулските настани во Гостивар и Тетово, Демири бил осуден на две години затвор во 1998 година заедно со гостиварскиот градоначалник Руфи Османи поради истакнување на знамето на Албанија пред општинската зграда. Бил ослободен со амнестија. Подоцна од 2000 година бил амбасадор на Македонија во Швајцарија, за во 2002 година да биде отповикан од функцијата по барање на швајцарските власти за неколкукратно кршење на швајцарските закони. Според швајцарските власти, Демири бил повеќекратно фатен како управува возило во пијана состојба.[1] Од 2001 година работел на Универзитетот на Југоисточна Европа каде како директор на библиотеката „Макс Ван дер Штул“ се пензионирал во 2019 година. Последните десетина години од неговиот живот бил активен како политички аналитичар и речиси секојдневно ги анализирал политичките состојби во Македонија. Починал ненадејно на 12 април 2019 година во Тетово.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]