Џорџ (принц од Кембриџ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Принц Џорџ
Prince George of Cambridge with wombat plush toy (crop).jpg
Принцот Џорџ со родителите и кадифен вомбат во Сиднеј, Австралија
Полно име
Џорџ Александар Луис
Династија Виндзор
Татко Принц Вилијам, војвода од Кембриџ
Мајка Кетрин, војвотка од Кембриџ
Роден(а) 22 јули 2013(2013-07-22)
Болница „Сент Мери“, Лондон

Принц Џорџ од Кембриџ (англиски: Prince George of Cambridge); полно име: Џорџ Александар Луис (англиски: George Alexander Louis;[б 1] р. 22 јули 2013) — син на Принцот Вилијам, војвода од Кембриџ и неговата сопруга Кетрин, војвотката од Кембриџ, внук на Чарлс, принцот од Велс и неговата прва сопруга, покојната Дијана, принцеза од Велс. Принцот Џорџ е трет во редот на престолонаследници на неговата прабаба Елизабета II, по дедо му и татко му.

Раѓање[уреди | уреди извор]

Принцот е роден на 22 јули 2013 г,[2] во болницата „Сент Мерис“ во Лондон, каде се родени татко му, Принцот Вилијам и чичко му Принцот Хари.

Раѓањето било означено со почесна стрелба во Бермуда,[3] Лондон,[4] Нов Зеланд[5] и Канада;[6]. Покрај ова, во чест на раѓањето е одзѕвонета камбанаријата на Вестминстерската опатија и разни други цркви,[7][8] а во земјите на Комонвелтот се осветлени разни знаменитости во сина боја, за да се означи раѓањето на машко дете.[9][10][11][12][13][14]

Како подарок за новородениот принц е искомпонирана пригодна приспивна песна насловена како Sleep On со музика на велшкиот композитор Пол Мелор и текст на ирскиот композитор Брендам Греам, а во снимена изведба на новозеландската пејачка Хејли Вестенра.[15][16][17]

Со раѓањето на принцот Џорџ се јавува ситуација семејството да има три поколенија на престолонаследници. Вакво нешто последен пат се случило во 1894 и 1901 г, во последните седум години од владеењето на кралицата Викторија.[18]

Титула и звање[уреди | уреди извор]

  • 22 јули 2001

 – : Негово Кралско Височество Принц Џорџ од Кембриџ

Принцот ѝ припаѓа на династијата Виндзор, а со тоа по таткова линија и член на династиајта Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Како член на кралско семејство со титула, Џорџ не користи презиме. Доколку тоа се бара, тогаш презимето гласи Маунтбатен-Виндзор (Mountbatten-Windsor).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Royal Family name“. The Official Website of the British Monarchy. The Royal Household. http://www.royal.gov.uk/ThecurrentRoyalFamily/TheRoyalFamilyname/Overview.aspx. посет. 24 јули 2013 г. 
  2. „Royal baby: Kate gives birth to boy“. BBC. 22 јули 2012. http://www.bbc.co.uk/news/uk-23413653. посет. 22 јули 2013 г. 
  3. Royal Baby Born, Regiment to Fire 21 Gun Salute“, „Bernews“, 22 јули 2013 (посет. 22 јули 2013 г).
  4. Royal Baby: Birth Marked With Gun Salutes“, „Sky News“, 23 јули 2013 (посет. 23 јули 2013 г).
  5. Shuttleworth, Kate (23 јули 2013). „Royal baby: NZ marks birth with 21-gun salute“. http://www.nzherald.co.nz/nz/news/article.cfm?c_id=1&objectid=10902024. посет. 23 јули 2013 г. 
  6. "Special Gun Salute Honours Birth of Royal Baby", Market Wired, 23 јули 2013, конс. 23 јули 2013  Check date values in: |date=, |accessdate= (помош)
  7. "Live: Royal baby welcomed with full peal of bells at Westminster Abbey (video)", The Telegraph, 23 јули 2013, конс. 23 јули 2013  Check date values in: |date=, |accessdate= (помош)
  8. „The birth of the new prince“. Bell Board. The Ringing World. http://www.bb.ringingworld.co.uk/event.php?id=1114. посет. 24 јули 2013 г. 
  9. Magi, Kim. „Royal baby: CN Tower to light up pink or blue to honour birth“, 3 јули 2013 (посет. 17 јули 2013 г).
  10. Royal baby: Canada's GG quick to react to 'wonderful' news“, „CBC News“, 22 јули 2013 (посет. 23 јули 2013 г).
  11. Waldie, Paul. „Around the world, the countdown is on for the royal baby“, 12 јули 2013 (посет. 17 јули 2013 г).
  12. Kiwi landmarks to light up for royal baby“, 8 јули 2013 (посет. 12 јули 2013 г).
  13. Mead, Thomas. „Royal baby to light up Chch Airport“, „3 News“, 11 јули 2013 (посет. 12 јули 2013 г).
  14. Kate Middleton Gives Birth Royal Baby Boy Lightning Strikes London Eye Daily Mail UK, посет. 23 јули 2013 г
  15. Furness, Hannah. „Royal Wedding composer writes lullaby for Duke and Duchess of Cambridge's baby“, 7 мај 2013 (посет. 21 јули 2013 г).
  16. Brendan Graham pens song for Prince William & Kate Middleton“, 9 мај 2013 (посет. 21 јули 2013 г).
  17. „Hayley Westenra / Paul Mealor / Brendan Graham – Sleep On (Gift for Royal Baby) (Lyric Video)“. YouTube. https://www.youtube.com/watch?v=GR1Xq3tB_B8. посет. 21 јули 2013 г. 
  18. Saul, Heather. „Royal baby: Three heirs to the throne in line for first time – and the fact it's a boy avoids gender issue“, 22 јули 2013 (посет. 23 јули 2013 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]