Џозеф Свон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џозеф Свон

Џозеф Свон роден 31 октомври 1828 во Сандерленд, Англија, починал 27 мај 1914 Суреј, Англија. [1]Бил физичар и хемичар, познат по создавањето на првата светилка.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден во Сандерленд, северна Англија, во 1828г., Џозеф Свон заработувал за живот од продавница за хемикалии што ја поседувал во Њукасл, а во слободното време вршел сопствени научни истражувања. Тој ја измислил сувата плоча за фотографирање и уште неколку фотографски процеси. Свон исто така ја пронашол првата нишка (жичка) за светилка во светот. Ова го постигнал кога во раствор од цинкхлорид растворил хартија што впива, а потоа со шприц го прснал овој раствор во алкохол. Преку внимателно јаглеродизирање на оваа нишка без присуство на воздух, тој успеал да ја создаде првата светилка во светот.[1] Многу научници забележале дека кога електрична струја минува низ жица, таа се загрева и свети, па би можела да биде основа за ламбата „без свеќа“. Проблемот бил во тоа што кога жичката ќе се усвитела, или ќе се стопела или ќе прегорела. Двајца научници се натпреварувале да ја создадат првата светилка: американецот Томас Алва Едисон и британецот Џозеф Вилсон Свон. Победник во трката бил Свон, во февруари 1879г., со светилка што имала жичка од чист јаглерод, затворена во стаклена топка во вакуум.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Општа наука (Енциклопедија за секое семејство и дом) – Младинска книга Скопје. Главен уредник Адам Харт-Дејвис.