Прејди на содржината

Ќуфу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ќуфу
曲阜市
околиски град
Јужната порта на Ќуфу
Јужната порта на Ќуфу
Местоположба во Ѓининг
Местоположба во Ѓининг
ЗемјаКина
ПокраинаШандунг
Окружен градЃининг
Нас. места12
Површина
  околиски град815 км2 (315 ми2)
Надм. вис.&1000000000000006500000065 м
Население (2017)
  околиски град653,000
  Густина0,80/км2 (2,1/ми2)
  Градскo188,000
Час. појасCST (UTC+8)
Пошт. бр.273100

Ќуфу (кинески: 曲阜, пинјин: Qūfù) — град во покраината Шандунг, Источна Кина. Се наоѓа на околу 130 км јужно од главниот град на покраината Ѓинан. Ќуфу зафаќа површина од 815 квадратни километри и има вкупно население од 653.000 жители, од кои 188.000 живеат во урбана средина.[1] [2]

Ќуфу е родниот град на Конфуциј, за кој се верува дека се родил на планината Ни во непосредна близина на градот. Во градот има многу стари дворци, храмови и гробишта. Три најпознати културни места во градот, задно познати како Сан Кунг (三孔; „Трите конфучијански [места]“, се Храмот на Конфуциј (кинески: 孔庙; пинјин: Kǒngmiào), Гробот на Конфуциј (孔林; Kǒnglín) и Вилата на семејството Конг (孔府; Kǒngfǔ). Заедно, овие три локалитети се ставени на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1994 година.

  1. „China Urban Construction Statistical Yearbook 2017“. Ministry of Housing and Urban-Rural Development. 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-18. Посетено на 2020-04-24.
  2. 曲阜市概况地图_行政区划网(区划地名网) www.xzqh.org. xzqh.org (кинески). Посетено на 2020-05-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]