Љубов во бегство (филм од 1979)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Љубов во бегство (англиски: Love on the Run) е француски филм од 1979 година, во режија на Франсоа Трифо. Главните улоги ги играат: Жан-Пјер Лео, Клод Жад и Мари-Франс Пизие. Филмот претставува петто и последно продолжение на серијата за Антоан Дуанел, започната со филмот „400 удари“.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Антоан Дуанел (го игра Лео) е во четвртата деценија од животот. Тој е разведен од сопругата Кристин (ја игра Жад) и има врска со младата продавачка Сабин (ја игра Пизие). Еднаш, Антоан не успева да пристигне на договорената вечера, зашто мора да го однесе својот син Алфонс на железничката станица. Таму, тој ја среќава својата прва љубов Колет, која сега е успешна адвокатка. Таа само што ја купила биографијата на Антоан во која тој зборува за своите поранешни љубови и не е воодушевена од неговата уметничка слобода. Додека разговараат во возот, Антоан го смислува сижето за својата нова книга: еден човек се вљубува во жената која е прикажана на една искината фотографија и решава да ја пронајде. Излегувајќи од возот, Антоан испушта парче хартија, а всушност се работи за искината фотографија на една млада жена, внимателно залепена со селотејп.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]