Јахја Рефики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јахја Рефики некаде Рефик Јахја (албански: Jahija Refiki, Лисец, Тетовско, 10 октомври 1937 - Тетово, 24 јануари 2019) нарекуван „Волкот од Лисец[1] е поранешен македонски скијач.

Биогрфија[уреди | уреди извор]

Рефики е роден во тетовското село Лисец на 10 октомври 1937 година. Бил член на Скијачкиот клуб „Љуботен“ во Тетово. Повеќепатен пионерски (19461951), младински (19511955) и сениорски (19551966) првак на Македонија. На Првенството на Југославија на Јахорина (Сараево, БиХ, 1954)[2], освоил прво место за младинци во слалом, а на Крањска Гора (Словенија, 1955) освоил трето место. За репрезентацијата на Југославија настапил неколку пати. Тој бил избран за најдобар спортист на Македонија во 1954 година и е добитник на повеќе општествени признанија. Рефики бил член во Македонскиот олимписки совет[3].

Починал на 24 јануари 2019 година во Тетово.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тошо Маја (58), еден од најдобрите скијачи во Македонија - Мајстор на белите патеки“, Утрински Весник, понеделник, 16 октомври 2006 (посет. 1 ноември 2009 г). (на македонски)
  2. Мицковиќ, Миодраг. „СТИЛ: Спортот низ времето“, Утрински Весник, петок, 12 октомври 2007 (посет. 1 ноември 2009 г). (на македонски)
  3. „ОЛИМПИСКИ СОВЕТ“ (македонски). Македонски Олимписки Совет. конс. 2009-11-01.