Јахорина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јахорина
Панорама на Јахорина со мноштво планински куќички
Највисока точка
Надм. вис.1.916 м
Географија
Јахорина на карта

Карта

МестоРепублика Српска, БиХ
Матичен венецДинарски планински систем

Координати: 43°43′36″N 18°34′37″E / 43.72667° СГШ; 18.57694° ИГД / 43.72667; 18.57694

Јахорина – планина во општината Пале во Република Српска, БиХ, која му припаѓа на Динарскиот планински систем. Највисокиот на Јахорина е Огорелица [1] со 1916 m надморска висина. Во лето е прекриена со густа зелена трева, а во зима со снег висок и до 3 m. Јахорина се простира од 43°39' до 43°47' северна географска ширина, и од 18°31' до 18°43' источна географска должина.

Ски-центар[уреди | уреди извор]

Олимписки ски-центар Јахорина
МестоРепублика Српска
Најблизок градПале
Вкупен спуст   616 m
Надм. вис. (најгоре)1.916 m
Надм. вис. (најдолу)1.300 m
Скијачка површина30 km
Патеки10 (лесни 2, средни 6, тешки 2)
Најдолга патека2 km олимписки спуст
Жичници10 total
1 гондола,
3 брзи седешници за 6 лица,
2 седешници за 2 лица,
3 ски-лифта
1 детски ски-лифт)
Носивост на жичниците10.000/час
Снежен топ46 топа
Порталoc-jahorina.com

Извонредната конфигурација на теренот, обилноста на многу квалитетен снег, погодната клима, 20 km патеки за алпски дисциплини како и благите падини (Рајска долина) ја наредија оваа планина меѓу најубавите и најпознати ски-центри.

Просечниот број на денови со снежен покривач на Јахорина е 175, и тоа од октомври до крајот на мај. Десетгодишниот просек на висина на снежниот покривач во февруари изнесува 106 cm.

На XIV Зимски олимписки игри во Сараево, на Јахорина се одржани алпските дисциплини за жени.

Од Сараево, Јахорина е оддалечена 30 km, а од Пале 15 km.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Јаворина е оригиналниот назив на планината Јахорина. Името го добила по планинскиот јавор (лат. acer heldreichii), оваа планина е најсеверно место каде што истиот егзистира. Огромните стебла на јавор се природна атракција.

Името Јахорина се востановило за време на турското ропство кога буквата В е често менувана во Х. Денес во источно Сараево постои здружение на граѓани како што се женскиот хор Јаворина и планинарското друштво Јаворина во Пале, што зборува за свесноста за оваа состојба.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Jahorina - bijela ljepotica“. Архивирано од изворникот на 2015-08-13. Посетено на 2016-04-04.