Влечница
Влечница или ски-лифт — вид на жичница, направа за превоз на скијачи и сноубордери. Нејзиниот принцип се состои во влечење на скијачот кон врвот со тоа што тој останува на патеката да се лизга по снегот по целиот терен, со помош на „котва“ што ја влече ротирачки кабел. Затоа, овој вид на инсталација бара одржување за целата патека која се наоѓа директно под кабелот што се кружи.
Некогаш многу распространети, денес преовладуваат жичниците (седешници и гондоли) заради поголемиот капацитет и поголемата удобност. Денес, влечниците најчесто се наоѓаат на падини за почетници, мали скијалишта[1] и периферни падини. Тие, исто така, често се користат за пристап до скијачките патеки на ледниците, бидејќи нивните потпори може да се закотват во мразот на ледникот поради помалите сили и повторно да се порамнат поради движењето на ледникот.
Влечниците имаат некои недостатоци во споредба со жичниците: бараат поголема вештина на корисниците и може да бидат тешки за некои почетници и деца; понекогаш им недостига соодветен пат назад до патеката; снежната површина мора да биде континуирана; релативно се бавни и имаат помал капацитет.
Влечниците имаат некои предности во однос на жичниците: скијачите можат да се пуштат од „котвата“ пред да стигнат до врвот; често можат да продолжат да работат во услови на ветер премногу силен за седешници; бараат помалку одржување и се многу поевтини за инсталирање.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Technical Information for lifts“. SkiLifts.org. Архивирано од изворникот на 2007-02-06. Посетено на 2007-04-16.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |