Седешница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Седешница на Крвавец

Седешница — вид на жичница, направа за превоз на луѓе и товари. Седешниците најчесто се користат во скијалиштата, за превоз на скијачи. Постојат два вида седешници: фиксни и исклучни. Фиксните, како што навестува името, се фиксирани на челичен кабел. Овие направи се прилично бавни (брзини од 2-3 m/s). Исклучните, како што сугерира името, на станиците се исклучуваат од челичниот кабел и забавуваат. Овие уреди се побрзи (најчесто нивната брзина е 5 m/s). Во зависност од бројот на седишта постојат седешници: едноседи, двоседи, троседи, четириседи, шестоседи и осумседи.