Јанчо Јанев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јанчо Јанев
Роден 1912 година
Кресна, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Починал 18 мај 1949 година
Горна Џумаја, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Националност Македонец

Јанчо Иванов Јанев ( 1912 во Кресна, Пиринска Македонија, Бугарија18 мај 1949 Горна Џумаја, Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Најпрво бил помагач на илегалната чета на Герасим Тодоров, а за време на блокадата станал член на истата чета. Поради тоа дејство му била изречена смртна пресуда. Обесен е ноќта помеѓу 18 и 19 мај, 1949 година во една од смрдливите простории на судската палата во Горна Џумаја. Умрел со маченичка смрт.[1] Заедно со него обесени биле и: Асен Михајлов, Андреја Спасов, Георги Тополигов, Смилен Гаргов, Стојне Бачијски и Димитар Цветков.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 18.
  2. Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 17–24.