Андреја Спасов
Изглед
| Андреја Спасов | ||
| Роден | Влахи | |
|---|---|---|
| Починал | 18 мај 1949 година Горна Џумаја, НР Бугарија | |
| Народност | Македонец | |
Андреја Спасов (Роден во Влахи — 18 мај 1949 Горна Џумаја) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Најпрво бил помагач на илегалната чета на Герасим Тодоров, а на крајот, неколку дена пред блокадата станал дел од истата чета. Поради тоа дејство му била изречена смртна пресуда. Обесен е ноќта помеѓу 18 и 19 мај, 1949 година во една од смрдливите простории на судската палата во Горна Џумаја. Тој бил ревносен заштитник на македонската кауза за која умрел со маченичка смрт.[1]
Заедно со него обесени биле и: Асен Михајлов, Јанчо Јанев, Георги Тополигов, Смилен Гаргов, Стојне Бачијски и Димитар Цветков.[2]