Прејди на содржината

Асен Михајлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асен Михајлов
Роден Оштава
Починал 18 мај 1949 година
Горна Џумаја, НР Бугарија
Народност Македонец

Асен Михајлов (Роден во Оштава18 мај 1949 Горна Џумаја) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Најпрво тој бил само јатак на Герасим Тодоров, а потоа станал припадник на неговата чета и заминал со четата неколку месеци, со што преминал во илегала. Поради тоа дејство му била изречена смртна пресуда. Обесен е ноќта помеѓу 18 и 19 мај, 1949 година во една од смрдливите простории на судската палата во Горна Џумаја. Тој бил умерен подржувач на македонската кауза. Умрел со маченичка смрт.[1] Заедно со него обесени биле и: Јанчо Јанев, Андреја Спасов, Георги Тополигов, Смилен Гаргов, Стојне Бачијски и Димитар Цветков.[2]

  1. 1,0 1,1 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 17.
  2. Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 17–24.