Стојне Бачијски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојне Бачијски
Починал 18/19 мај, 1949 година
Горна Џумаја, Пиринска Македонија, Бугарија

Стојне Цветков Бачијски ( — 18 мај 1949 Горна Џумаја, Пиринска Македонија, Бугарија) — Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Полковникот Стојне бил само неколку дена заедно со четата, кога се чекало воспоставување на каналот кон Грција. Блокадите започнале, па така и тој како и сите други нелегални борци и активисти, бил фатен и обвинет за вооружен заговор против "народната" власт. Бил осуден на смрт и бил обесен ноќта помеѓу 18 и 19 мај, 1949 година во една од смрдливите простории на судската палата во Горна Џумаја.[1]

Заедно со него обесени биле и: Асен Михајлов, Јанчо Јанев, Георги Тополигов, Андреја Спасов, Смилен Гаргов и Димитар Цветков.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 23.
  2. Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 17–24.