Јаманака (езеро)
Јаманака 山中湖 | |
---|---|
Поглед на езерото и планината Фуџи | |
Подрачје | Јаманакако |
Координати | 35°25′0″N 138°52′30″E / 35.41667° СГШ; 138.87500° ИГД |
Главни истеци | Сагами |
Сливни земји | Јапонија |
Површина | 6,46 км2 км2 |
Најг. длабочина | 13,5 м м |
Зафатнина | 0,069 км3 км3 |
Надм. височина | 982 м м |
Јаманака (јапонски: 山中湖, трск. јаманака-ко) — езеро во префектурата Јаманаши, Јапонија, близу планината Фуџи. Сместено е кај селото Јаманакако во склоп на Националниот парк Фуџи-Хаконе-Изу.[1]
Ова е најголемо од групата Пет езера на Фуџи по површина и највисоко по надморска височина. Со средна површинска висина од 980,5 м го зазема третото место по височина во земјата. Меѓутоа, ова езеро е најплиткото од петте, со максимална длабочина од само 13,5 м. Настанало со тековите на лавата од некогашно избувнување на Фуџи во праисторијата. Истекува во реката Сагами и е единствено од петте што има природен истек.[2]
Во периодот Мејџи езерото е порибено со крап, клен и гавун, а направен е и неуспешен обид за доведување на тихоокеанскиот лосос. Во поново време, странските доведени видови како црн костреш и синоперна сончаница сè повеќе ги истиснуваат домородните видови. Во 1956 г. е забележано присуството на алгата маримо.
Јаманака е популарно место за рекреации како пловидба со чамци, рибарење, скијање на вода, едрење на даска, екскурзии и пливање. Кога дува западен ветер, местото е погодно за надлетување со парагладер од планината Мјоџинјама. На располагање стојат и колиби и места за кампување.
Во 2013 г. езерото е прогласено за светско наследство на УНЕСКО како дел од културното подрачје на планината Фуџи.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Јаманака (езеро)“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Национален парк Фуџи-Хаконе-Изу Архивирано на 28 август 2012 г. — Министерство за животна околина на Јапонија (англиски)
- ↑ Rafferty, Tectonics, Volcanoes, and Earthquakes. стр. 135
- ↑ „Фуџи — свето место и извор на уметничка инспирација: Карти“. Светско наследство. УНЕСКО. Посетено на 2013-07-04.
- Rafferty, John P. Plate Tectonics, Volcanoes, and Earthquakes. Rosen Publishing (2010), ISBN 1615301062
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Јаманакако Инфо“ — портал (јапонски)