Јакоб Беме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јакоб Беме

Јакоб Беме (Полска, 24 април 1575 - Германија, 17 ноември 1624) — познат германски филозоф. Се занимавал со чевларство. Беме во делата што ги пишувал многу често ја цитирал Библијата, ретко цитирал други дела или пак автори. Автобиографските белешки и содржината на неговите дела ни укажуваат на тоа дека имал солидни познавања на астролошките и алхемичарските литературни дела од тој период. Во времето кога изучувал занает тој се запознал со писмените белешки на Каспер Швенкфелд, кој се борел и проповедлал слободно христијанство и го отфрлал влијанието на црквата. За Беме многумина сметаат дека не бил многу образован, туку дека природата го научила се што знаел во животот. Овој писател и филозоф извршил големо влијание со неговите дела и погледи кон светот не само во Германија, туку и во многу други земји ширум светот како што се Англија, Холандија и подоцна во САД.