Прва крстоносна војна
Прва крстоносна војна | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Крстоносни војни | |||||||||
Опсадата на Ерусалим (1099) е најголемиот успех на Првата крстоносна војна |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Крстоносци, Католици од Западна Европа и Ерменија | Селџуци, Арапи и други муслимани |
Првата крстоносна војна траела од 1096 до 1099 година и ја покренал папата Урбан II со цел ослободување на исусовиот гроб и ослободување на неговиот свет град Ерусалим од властите на неверникот, односно муслиманите. Крстоносците со овој поход го освоиле Ерусалим и уште неколку градови од околината (Едеса и Антиохија) формирајќи го Ерусалимското Кралство и други крстоносни држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле отворени првите витешки школи. Ова е единствениот крстоносен поход во кој била исполнета крајната цел- ослободување на Ерусалим.
Подготовката на крстоносните војни и конкретно на Првата крстоносна војна започнала уште во раното средновековие. Распаѓањето на Каролиншкото Царство во минатите векови, заедно со големата стабилност на европските граници по христијанизацијата на Викинзите и Маѓарите дошло до создавање на цела класа од војници, чија крајна цел била тероризирање на селското население.
Како предизвик за ова насилие започнале кампањите против нехристијанското население. Во времето на подемот на Реконкистата на Пиренејскиот полуостров се регрутирале на шпанските рицари, како и војници од другите делови на Европа, во војна против маврите. Норманите војувале за освојување на Сицилија, а Пиза, Џенова и Арагон биле заземени од исламистите во Мајорка и Сардинија, ослободувајќи ги бреговите на Италија и Шпанија од муслиманите.
Поради овие непрекинати војувања со муслиманите, се создала идеја за можна војна против муслиманите. Муслиманите во тој момент го контролирале центарот на христијанскиот свет, Ерусалим, место каде Исус Христос проповедал, место каде е Бил распнат на крст, место каде Воскреснал. Во 1074 папа Григориј VII го повикал milites Christi ("војниците на Христа") да се приклучат на помош на Византиското Царство на исток. Византија претрпела голем пораз против селџуците во Битката за Манцикерт три години порано. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светата Земја изрекувајќи ги зборовите “ Бог тоа го сака“
Крстоносните војни имаат големо значење за историјата на источноевропските народи. За време на крстоносните походи за првпат се судираат интересите на истокот и западот. Нетрпеливоста на западните народи спрема исламот била главна причина за започнување на крстоносните походи. Меѓутоа за кратко време религиозниот мотив избил на втор план и на преден план избиле политичките мотиви. Крстоносците веќе не размислувале за ослободување на за ослободување на Ерусалим, туку за основање на свои независни кнежевства и за освојување на Византија. Главна причина за започнување на крстоносните војни било обидот на западната црква да ја потчини источната. Како главен повод за започнување на походот било молбата на византискиот цар Алексиј I Комнин до папата Урбан II за помош против Турците Селџуци. Сето ова има своја предисторија. Муслиманите во V III век загосподариле со Азија и Африка, како и со средоземното море и некои делови на западна европа. Во 717 г. Го опсадувале Цариград но императорот Лав III успеал да ги совлада нападите и да го спаси градот. Во 732 г. Арапите доживеале пораз кај Поатје од страна на франечкиот владетел Карло Мартел. И покрај некои успеси кои Арапите ги имале на Крит и Сицилија веќе нивната сила не била како порано. Нова опасност за христијанството станале Турците Селџуци. Тие продреле во Багдадскиот калифат и ги покориле Месопотамија и Персија. Наскоро ја освоиле и Мала Азија и таму формирале свој султанат. Во 1071 г. султанот Али Арслан ги поразил Византијците кај Манцикерт во Ерменија. Во 1077 година бил освоен Ерусалим. Ова било причина папата Урбан II да го свика Клермонскиот собор каде што добил многу приврзаници. Главни приврзаници на идејата за започнување на крстоносниот поход биле феудалните барони на запад кои сакале нови поседи. За разлика од западните земји Византија не била заинтересирана за крстоносниот поход бидејќи таа и претходно имала судири со муслиманите. Во првиот крстоносен поход најголемо учество зеле француските витези предводени од Роберт Фландрински. Тој му се обратил на папата и барал да започне походот. Императорот Алексиј не скал навлегување на крстоносна војска на територија на Византија но сепак не успеал да го спречи тоа.
Крстоносците го ограбуваат Цариград
[уреди | уреди извор]Императорот Алексиј се плаѓел од доаѓањето на крстоносците на негова територија бидејќи знаел дека тие брзо ги нарушуваат договорите„Тој се плашел од нивното однесување,бидејќи го познавал нивниот непостојан и променлив карактер и се друго кое што произлегува од природата на Келтите“ . Крстоносците предводени од Петар Аминејски стигнале пред ѕидините на Цариград. Императорот Алексиј им ветил дека ќе ги снабди со животни намирници под услов тие побрзо да стигнат до Цариград. Византиското население гледало на крстоносците со голема недоверба. Тие два дена се задржиле во Адријанопол (Одрин) и на 1 август 1096 стигнале во Цариград. Таму им се придружил Валтеровиот одред. Императорот побарал од Петар да го почека доаѓањето на витешкиот одред бидејќи војската што тој ја предводел не била во состојба да им се спротивстави на Турците. Тој исто така барал од него да не дозволи насилство од страна на неговите војници. Но крстоносците не го почитувале договорот со императорот. Започнале да ограбуваат палат и пустошат. Му се пожалиле на императорот дека ги задржува во европскиот дел и не им дозволува да заминат за Ерусалим и да се пресметат со Турците. Византиските власти им дозволиле на крстоносците да преминат во азискиот дел. Крстоносците се сместиле кај Хеленопол северозападно од Никеја. Петар повторно не успеал да ја сочува дисциплината на неговите војници кои повторно започнале со ограбувањето.
Првиот судир со Турците
[уреди | уреди извор]Првиот судир меѓу крстоносците и Турците се случил во Никеја. Една група од крстоносци успеала да победи турски одред. Овој судир со Турците оваа група го извела на своја рака без знаење на Петар. Поради ова тој го напуштил логорот на крстоносците и се вратил во Цариград. Турците кои биле предводени од султанот Килиџ Арслан ја уништиле групата доброволци која се наоѓала во една тврдина, но во логорот на крстоносците се раширила лажна вест дека крстоносците ја заземале Никеја. Тие го разрушиле логорот и со бродови тргнале преку областите кои биле заземени од Турците Најголем дел од оваа група крстоносци загинале во борба со Турците а само неколку души се спасиле со бегство на Босфор од каде со Византиски бродови биле префрлени во Цариград. Овој настан се случил во октомври 1096 година. Тоа означувало почеток на крстоносната војна. Првиот неуспешен обид на крстоносците им послужил како пример на следните крстоносни војски. Настаните од 1096 г. го забрзало движењето на витезите. Крстоносната војна нашла приврзаници и меѓу претставниците на другите општествени слоеви. Но во овој поход не земале учество нуту францускиот нуту англискиот нуту германскиот крал, кои биле во лоши односи со папата. Средниот и нискиот сталеж бил привлечен да влезе во крстоносната војна.
Подготовки за нови походи
[уреди | уреди извор]По поразот кај Никеја започнале подготовки за нови крстоносни походи. Уште во летото 1096 г. започнува организирањето на војводите и кнезовите од западните земји. За поход се спремаат лоренскиот војвода Готфирд Бујонски и неговиот внук Готвирд Брадестиот кој бил противник на папата Григориј VII во борбата за инвестура. Готвирд Бујонски не бил наклонет на црквата, но поради учество во крстоносната војна од народот биле направени легенди за негова заслуга за црквата. За да обезбеди средства за походот Готфрид го заложил својот имот кај епископите Литиха и Вердена и од нив добил по 70000 за секој негов војник. Со него во походот тргнале и неговите браќа Евстасиј и Балудин Со францускиот одред командувал братот на кралот Гиј кој бил гроф од Вермонда„тој бил сè уште млад човек,горд на своето потекло и витешката слава,славољубив и празен“ . Во овој поход учествувал нормандискиот војвода Роберт кој бил син на Вилхем освојувачот и брат на англискиот крал Вилијам Црвениот. Причините за неговото влегување во походот не биле од верски карактер туку начин да излезе од тешката положба во која се наоѓал во Нормандија. Тој го заложил своето војводство кај англискиот крал а за возврат добил неопходна сума пари која му била потребна за да влезе во походот. Во Филандрија била соберена втората француска армија која ја предводел Роберт фриз кој бил син на истоимениот гроф кој бил пријател со византискиот цар. Сите три армии тргнале преку Италија каде што папата Урбан II им дал благослов. Во јужна Франција била соберена армија која била под водство на тулскиот гроф Рајмунд. Меѓутоа сите војски не успеале да стигнат во Византија до почетокот на зимата еден дел од нив зимата ја провел во Италија. Тие меѓу себе не претставувале една целина. Секој сењор тргнавал во поход со својата дружина а имало и случаи на преминување на рицари од еден сењор кај друг. Тие оделе по разни патишта:едни по патот Рајна-Дунав,други по брегот на Јадранското Море,трети преку Италија. Од друга страна и Турците се подготвувале за поход. Султанот Килиџ Арслан уште во јули 1096 г. дознал дознал за доаѓањето на голем број крстоносно војници. „Кралот Килиџ Арслан немал ни седумнаесет години по доаѓањето на освојувачите. Тој барал од своите соработници да ги проверат утврдувањата во Никеја. Тие го следеле движењето на крстоносната војска. Во меѓувреме и византиските власти дознале за движењето на крстоносната војска. Тие не знаеле за точниот број на крстоносците и за нивните намери. „Се раширила вест за наезда на безбројни франечки одреди. Царот се исплашил бидејќи знаел каков е тој народ невоздржан во своите нагони,неверен на дадениот збор и непостојан“. Крстоносците ги критикувале византиските власти дека со својата недоверба ги кочеле дејствијата на крстоносците. Иако царот Алексиј најпрвин не сакал да ги им дозволи на сите одреди да влезат во Цариград. Тој се зближил со некои од нивните водачи. За да ги придобие водалите на крстоносците императорот се служел со ласкање потплатување и закани. Голем број од водачите на крстоносците му се заколнуваат на императорот дека ќе и ги вратат на Византија земјите што ќе ги освојат од Турците. По давањето на заклетвата императорот ги испратил во Мала Азија. Прв пристигнал Вермондскиот гроф Гиј спрема кого императорот бил многу љубезен. На запад се рашириле вести дека Гиј бил заробен. Лоренскиот војвода Готфрид испратил пратеници во цариград и барал Гиј да биде ослободен, и започнал со својата војска да ја пустоши византиската територија. Императорот Алексиј го повикал на преговори но тој се плашел да влезе во Цариград. Во пролет 1097 пристигнале и други крстоносни водичи. Императорот го опколил нивниот логор со словенски и печенешки одреди. Најголема опасност за Византија претставувал тарентскиот кнез Боемунд. „Боемунд уште порано чувствувал непријателство спрема царот и во себе прикривал зло поради поразот кај Лариса“. После неколку месечни борби Гортвилд положил заклетва во која се обврзал дека ќе ги врати освоените територии на Византија и во периодот од 8 до 10 април бил префрлен на босфор со неговиот одред. Истото го направиле и другите крстоносни водачи и тие биле исто така префрлени на босфорот.
Новите судири со Турците
[уреди | уреди извор]Турскиот султанат се распаднал на повеќе мали области кои биле во непријателство помеѓу себе. Ова им одело во прилог на крстоносците. Иконијскиот емир кој владеел со Мала Азија бил во непријателство со емирите на Сирја и Ерменија и бил независен од султанот. Крстоносците се судриле со султанот Килиџ Арслан кој имал престолнина во Никеја. Во редовите на крстоносците најистакнати одреди биле Норманскиот предводени од тарентскиот војвода Боемунд и и Проваланскиот предводен од Рајмонд Тулски. Рејмунд бил религиозен човек додека Боемунд и Танкред кои биле претставници на Норманите биле заинтересирани за остварување на политички цели. Норманскиот одред прв се судрил со Турците кај Никеја. Во нивните редови имало околу околу 300000 војници заедено со уште толку наемни работници жени и деца. Султанот Килиџ Арслан кој претходно ја победил првата група на крстоносци не очекувал никаква опасност и се повлекол од Никеја со цел да регрутира нови војници. Во Никеја претежно живееле Грци и Ерменци кои имале симпатии кон крстоносците. Во Никеја пристигнале најпрвин крстоносци од Нормандија и Лорена. Тие ги започнале војните дејствија од страната на градот која била послабо заштитена. Тие не биле во доволен број за да можат да го обиколат градот од сите страни. Боемунд ги убедил да започнат борба надвор од Никеја. Султанот Килиџ Арслан бил поразен и се повлекол од градот. По поразот на султанот тие се упатиле со бродови кон Асканиевото езеро. Нападот се случил на 18 или 19 јули 1097 г. со војсаката командувале Боемунд Тарентски и Рајмунд Тулуски. Истиот ден била отворена градката капија и византиската војска влегла во градот. Византискиот командант побарал да се предаде градот. Крстоносците биле збунети од ваквиот развој на настаните. Командантатот ги потсетил на вазалната заклетва што му ја дале на византискиот цар. Тие биле приморани да се сложат со тоа. Императорот кај крстоносците во мисија го испратил Татикије кој имал задача да ги следи настаните во Антиохија. Тој бил обврзан крстоносците да ги одведе во Палестина по најкраток пат. Патот одел преку Никеја, Дорилеон, Иконион и Германикеја. Тие се поделиле во два одреда. Еден одред се упатил на југ према Тарс, а другиот тргнал на североисток преку Тарските планини се спуштил кон Антиохија. Султанот Килиџ Арслан ги ги сочекал крстоносците кај Дорилеон сакајќи да го сопре нивното напредување. На чело на крстоносците стоел Боемунд со неговиот одред. Тој го победил Килиџ Арслан кај Дорилеон. На Боемунд на помош му дошол Готфрилд со чија помош тој го поразил Килиџ Арслан. Тој се повлекол во внатрешноста на земјата. Византијците ја воспоставиле својата власт над малоазиското приморје. Крстоносците ги убедувале Ерменците дека ако војуваат на нивна страна тие ќе им помогнат да се ослободат од Турците. Ерменците прифатиле да војуваат на страна на крстоносците. Била протерана турската војска и турското население од нивните градови. Братот на грофот Готфрид Балдуин и заедно со Танкред влегле во Киликија со своите одреди. Тргнале према Тарс кој бил заземен од еден турски одред. Тие го мпотикнувале христијанското население кое живеело во околината на градот да се бори против Турците. Турците им се предале на крстоносците. Дошло до конфликт меѓу Балдуин и Танкрид околу тоа кој да владее со Тарс. Танкрид ги убил сите турски војници од гарнизонот и го протерал Балдуин. Балдуин ја обезбедил наклонетоста на Ерменците и ерменскиот кнез Едесе Торосом го прогласил за свој наследник. Но Балдуин го убил Торос и го зазел неговото место.
Формирање на независни кнежевства
[уреди | уреди извор]-
Опис1
По овој настан во Едеса било формирано првото независно крстоносно кнежевство. Ова кнежевство имало големо значење за христијанското население во Мала Азија. Во октомври 1097 г. крстоносците дошле пред ѕидините на Антиохија каде останале цела година до ноември 1098 г. Во градот владеела анархија која им одговарала на крстоносците. Сирија била под влијание на Египет и Багдад. Фатимидскиот калифат испратил неколку групи на муслимани кои освојувајчи места во Сирија го загрозавуале Багдадскиот калифат Во Антиохија се појвиле некои безначајни муслимански одреди кои не се осудувале да влезат во борба со крстоносците. Во есента 1097 г. во редовите на крстоносците се појавила епидемија и голем број на крстоносците почнале да бегаат од боиштето. Кога се слушнала веста дека во Антиохија пристигнува одред од 300000 војници предводени од мосулскиот емир тарентскиот кнез Боемунд за ова ги обвинил Византијците. Ова предизвикало непријателство на крстоносците спрема византиецот Татикиј кој морал да избега. Ова го искористиле крстоносците да ја погазат заклетвата што му ја дале на византискиот цар. Боемунд барал од крстоносците да му ја препуштат врховната команда и да ја прешуштат Антиохија во негови раце. Крстоносците решиле да го прифатат неговото барење. Боемунд успеал да го привлече на своја страна ерменскиот заповедник Фируз, кој бил личен непријател на емирот Бахи-Сиан. На 2 јуни крстоносците ја нападнале Антиохија
Освојувањето на Антиохија
[уреди | уреди извор]Ноќта меѓу 1 и 2 јуни Боемунд го довел својот одред до кулата ја бранел Фируз и кулата била освоена од крстоносците. Од друга страна во Антиохија влегле крстоносни одреди и започнал масакар. Поголем број од војниците во турскиот гарнизон кои не успеале да избегаат биле убиени. Така на 2 јуни 1098 г. била заземена Антиохија. Наредниот ден на 3 јуни до Антиохија стигнал мосулскиот емир Кербуга со 300000 војници. Војската на крстоносците не броела повече од 120000 војници. Останатите 180000 војници загинале во битките, а некои биле однесени во гарнизоните во Мала Азија. Кербург одлучува со глад да ги примора крстоносците да се предадат. Крстоносците три недели биле во опсада. Тие се решиле преку реката Оронто да се спуштат до средоземното море каде што се наоѓале венецијански трговски бродови. На 28 јуни 1098 г. крстоносците успеале да се пробијат и да ги протераат муслиманите.
Заземањето на Ерусалим
[уреди | уреди извор]По заземањето на Антиохија меѓу крстоносците настанал судир околу тоа кој да владее со Антиохија. Главни претенденти за владеење со Антиохија биле Боемунд Тарентски и Рајмунд Тулиски. На крајот победиле приврзаниците на Рајмунд и пратиле претставници во Константинипол за да преговараат со византискиот цар,ги предводел Гиј од Вермонд брат на францускиот крал. За искодот на тие преговори не се знае бидејќи Гиј не се вратил во логорот. Во Антиохија умирале сè повеќе крстоносци,настанало глад и сиромаштија. Рајмунд Тулуски со останатите крстоносци се упатил кон Ерусалим. Застанал во Триполис. Кога се спремале да го заземат градот, Боемунд го испратил Танкред да ги попречи во планот. Во средината на мај 1099 година Рајмунд го напуштил Триполис. Крстоносците не биле повеќе од 20000 и биле доста изморени од војувањето. На крстоносците им помогнале Ѓеновјаните и Пизанците кои им давале храна и други работи кои им биле неопходни. На 15 јули 1099 г. крстоносците го заземале Ерусалим. Во градот живеело многубројно муслиманско нселение, со кое крстоносците сурово постапувале. Тие се договориле за административна поделба на Ерусалим. Биле поделени во две партии. Едната партија се залагала Ерусалим да се уреди како црковна република на чело со патријарх. Другата партија се залагала за световна власт во Ерусалим која на карјот победила. Најпрвин управувањето со Ерусалим му било понудено на Рајмунд Тулуски но тој одбил. Потоа му било понудено на Роберт Нормандиски но и тој одбил. На крајот за управување со градот прифатил Готфрид Бујонски, но одбил да се нарекува крал на Ерусалим тку чувар на божјиот гроб. Во Мала Азија постоело кнежевството Едеса со која владеел Балдуин.
Борба за влијание меѓу Византија и крстоносците
[уреди | уреди извор]Создавањето на независни кнежевства од страна на крстоносците ги загрозило интересите на Византија. Килиџ Арслан кој се повлекол во Иконион веќе не претставувал никаква опасност за Византија. Отакако Мала Азија повторно станала дел од Византија императорот се решил да ја освои и Сирија,Палестина и крстоносните кнежевства. Тој започнал да склучува сојуз со Турците. Истото го правеле и крстоносците. Императорот Алексиј испратил војска против кнезот на Антиохија. Била опсадена Лаодикија која што била заземена од Роберт Нормандиски. Заземањето на Антиохија од страна на Византија не му одело во прилог на антиохискиот кнез. На страна на крстоносците застанале Ѓеновјаните и Пизанците кои испратиле свои бродови на Мало Азискиот брег. Боемунд го протерал византискиот гарнизон од Лаодикија,а Пизанците ги нападнале приморските градови. Меѓу крстоносците со најголема војска располагал Боемунд а останатите кнезови имале помалку војска. Боемунд сакал да го прошири своето влијание во Ерусалим. Заминал со војска од 20000 со цел да се поклони на божјиот гроб. За нов ерусалимски патријарх бил избран Пизантскиот архиепископ кој бил човек на Боемунд. Тој сакал и на истокот да оснива света столица слична на онаа во Рим и да ги потчини останатите кнежевства. Емирот на Сивас Данишмендит Малик Газиј успеал да зајакне и станал силен противник на Боемунд. Тоа било вовед кон нов крстоносен поход.
| ||
Користена китература
[уреди | уреди извор]- Георге Острогорски -Историја на Византија, Скопје 1992.
- Скаскин и други автори-историја на средниот век том I, Скопје 1970.