Irreemplazable

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Irreemplazable“
EP од Бијонсе Ноулс
Издаден 28 август, 2007
Снимен 2006–2007
Жанр Р&Б, Латински поп
Траење 31:04
Јазик Шпански, Англиски, Шпанско-англиски јазик
Издавачка куќа Columbia
Продуцент Бијонсе Ноулс, Не-Јо, Тимбаланд, The Underdogs, Едуардо Кабра, Олгуи Чирино, Руди Перез, Џејк Кохл
Бијонсе Ноулс — Хронологија
Irreemplazable
(2007)
Heat
(2011)
Издадени песни од Irreemplazable
  1. "Irreemplazable"
    Издадена: 17 јули, 2007

Irreemplazable е првиот EP албум од американската пејачка Бијонсе Ноулс. Песните на албумот се шпански, англиски и шпанско-англиски верзии на песните од нејзиниот прв студиски албум B'Day и Irreemplazable прво служел како бонус диск на делукс изданието на B'Day,но потоа бил издаден посебно на 28 август, 2007 преку Columbia Records. Копииите од Вал-март исто така содржат ДВД на кое има концерти, телевизиски настапи и снимки од Ноулс зад сцените.

Irreemplazable добил помешани критики од Енди Келман од Allmusic, коj го критикувал недостатокот на содржина и фактот дека EP албумот беше објавен неколку месеци по делукс изданието на B'Day. Irreemplazable се искачил на 105 место на [[Билборд 200|Билборд 200] и продал 57,000 копии во САД. Исто така се појавил на табелите Топ Р&Б/Хип-Хоп Албуми, Топ Латински Албуми и Латински Поп Албуми.

Позадина и промоција[уреди]

Растејќи во Хјустон, Тексас, Ноулс била опкружена со луѓе кои зборувале шпански јазик и научила неколку зборови на шпански, но потоа ги заборавила. Кога повторно ги снимала епсните за Irreemplazable, вокалниот тренер на Ноулс го напишал фонетски шпанскиот текст и секоја линија била снимана по четири пати за албумот. Ноулс потоа изјавила дека планита да има шпански лекции во иднина.[1] Таа за снимањето на EP албумот рекла, „За мене ова е чест за да можам да се поврзам со моите фанови. Имав многу забава додека пеев на шпански. Се присетив на растењето во ХјустонI“.[2] Џон Вензел од The Denver Post го интерпретирал издавањето на Irreemplazable како „обид за да се задоволат условите за влез во маркетот на шпанската музика“.[3]

Irreemplazable бил издаден како бонус диск на делукс изданието на B'Day на 3 април, 2007,[4] пред да биде одделно издаден преку Columbia Records на 28 август, 2007.[5] Сепак, ремикс од „Get Me Bodied“ бил овозможен индивидуално само на Irreemplazable. Песната со ист наслов како албумот, „Irreemplazable“ била издадена како единствениот сингл од албумот на 17 јули, 2007.[6] Ноулс се појавила на Mi TRL на Tr3s на 2 август и покажала специјални снимки зад сцените наречени „Правење на шпански EP“.[5]

Композиција[уреди]

Irreemplazable започнува со „Amor Gitano“, дует со Алехандро Фернандез кој оригинално бил оа петнаесеттиот албум на Фернандез, Viento a Favor. „Listen“, песна за Dreamgirls, во кој Ноулс се појавила, била повторно снимена под името „Oye“. Насловот на EP албумот е шпанската верзија на „Irreplaceable“, песна која била многу успешна кога била снимена на англиски јазик.[7][8] Три снимања од „Beautiful Liar“ се појавиле на Irreemplazable: шпанска верзија (насловена како „Bello Embustero“), ремикс од англиската верзија и шпанско-англиска верзија. norteña ремикс од „Irreemplazable“ е седмата песна на EP албумот, додека ремикс на Тимбаланд од „Get Me Bodied“, кој содржи вокали од Волтио, го затвора Irreemplazable. Екслузивно ДВД го придружувало EP албумот во продавниците на Вал-март и содржело снимки од зад сцената и настапи од The Beyoncé Experience, појавувањето на Ноулс на The Early Show, како и документарен филм наречено „La Evolución Latina de Beyoncé“ („Латинската еволузција на Бијонсе“).[3][9]

Прием[уреди]

Давајќи две и половина ѕвезди, Енди Келман од Allmusic рекол дека „нема толку многу во дискот,“ и тврдел дека тоа е непотребно, заклучувајќи „ако сте голем фан на Бијонсе, најверојатно ќе се почуствувате измамени — посебно ако сте го купиле B'Day кога излезе во септември, 2006 и ако сте го купиле делукс изданието седум месеци подоцна, само за да сфатите дека бонус материјалот подоцна излегол одделно (со песна која не е на вториот диск и на делукс изданието!).“ Келман ги избрал „Amor Gitano“, „Irreemplazable“ и ремиксот на „Get Me Bodied“ како најдобри песни во албумот.[10]

Irreemplazable за првпат се искачил на табелата Билборд 200 на 105 место на 15 септември, 2007,[11] продавајќи преку 6,000 копии таа недела.[12] Останал на табелата три недели.[13] На Топ Р&Б/Хип-Хоп Албуми, EP албумот влегол на четириесет и првото место на 5 септември, 2007,[14] и останал пет недели.[13] Irreemplazable подобро се искачил на латинските табели заземајќи го третото место на Топ Латински Албуми[15] и на второто место на Латински Поп Албуми.[16] Албумот останал на табелата дванаесет и тринаесет недели.[13] Од 6 октомври, 2010, Irreemplazable продал повеќе од 57,000 копии во САД.[17]

Список на песни[уреди]

  1. Amor Gitano“ со Алехандро Фернандез (Бијонсе Ноулс, Џејми Флорес, Рејли) – 3:48
  2. Listen (Oye)(Б. Ноулс, Хенри Кригер, Скот Катлер, Ан Превен, Руди Перез) – 3:41
  3. Irreplaceable (Irreemplazable)(Б. Ноулс, Микел Сторлир Ериксен, Тор Ерик Хермансен, Еспен Линд, Амунд Бјорклунд, Не-Јо, Перез) – 3:48
  4. Beautiful Liar (Bello Embustero)" (Б. Ноулс, Ериксен, Хермансен, Аманда Гоуст, Ијан Денч, Перез) – 3:20
  5. „Beautiful Liar“ (Ремекс Верзија) со Шакира (ремикс од Шакира) – 3:01
  6. „Beautiful Liar“ (Шпанско-англиска верзија) со Саша а/к/а Бијонсе – 3:21
  7. „Irreplaceable (Irreemplazable)“ (Norteña Ремикс) (ремикс од Руди Перез) – 3:51
  8. Get Me Bodied“ (Ремикс од Тимбаланд) со Voltio (Б. Ноулс, Соланж Ноулс, Свиз Битз, Син Гарет, Макеба, Ангела Бејинсе) – 6:14

Личности[уреди]

Кредити за Irreemplazable од Allmusic:[18]

  • Април Балдвин – артисти и репертоар
  • Ерон Бругер – артисти и репертоар
  • Едуардо Кабра – продукција
  • Олгуи Чирино – вокална продукција
  • Макс Гус – артисти и репертоар
  • Џули Кнап – артисти и репертоар

Табели[уреди]

Табела (2007) Највисока
позиција
САД Билборд 200[13][19] 105
САД Топ Латински Албуми[13][19] 3
САД Топ Р&Б/Хип-Хоп Албуми[13][19] 41

Наводи[уреди]

  1. Erichsen, Gerald (5 април 2007). „Beyoncé adds Spanish tracks to hit album“. About.com. The New York Times Company. http://spanish.about.com/b/2007/04/05/beyonc-adds-spanish-tracks-to-hit-album.htm. конс. 14 април 2011. 
  2. Music World Entertainment (August 1, 2007). "Beyoncé has a Special Gift for MTV Tr3s Fans". Соопштение за печат.  (консултирано на April 28, 2011)
  3. 3,0 3,1 Wenzel, John (19 август, 2007). „Marketing's child: Beyoncé“. „The Denver Post“. MediaNews Group. http://www.denverpost.com/ci_6641812. конс. 14 април, 2011. 
  4. „B'day [Deluxe Edition]“. Amazon.com. http://www.amazon.com/Bday-Deluxe-Beyonce/dp/B000NDIAWO/ref=dp_return_1?ie=UTF8&n=5174&s=music. конс. 14 април 2011. 
  5. 5,0 5,1 Ben-Yehuda, Ayala (31 јули 2007). „Beyonce To Release 'Irreemplazable' As Wal-Mart Exclusive“. „Billboard“. Los Angeles: Nielsen Business Media. http://www.billboard.biz/bbbiz/content_display/genre/news/e3i590ca1c25f7cbb36795c3cdbea3208ee. конс. 14 април 2011. 
  6. „Irremplazable [EP]“. „Billboard“. Nielsen Business Media. архивирано од оригиналот на 5 февруари 2009. http://replay.waybackmachine.org/20090205185922/http://www.billboard.com/bbcom/discography/more.jsp?tp=singles&pid=317670&aid=961063. конс. 1 април 2011. 
  7. „Irreplaceable – Beyoncé“. „Billboard“. Prometheus Global Media. http://www.billboard.com/#/song/beyonce/irreplaceable/8195717. конс. 14 април 2011. 
  8. „Beyoncé – Irreplaceable“. Hitparade.ch. Hung Medien. http://hitparade.ch/showitem.asp?interpret=Beyonc%E9&titel=Irreplaceable&cat=s. конс. 14 април 2011. 
  9. „Irreemplazable (with Exclusive Bonus DVD)“. Вал-март. http://www.walmart.com/ip/6486785. конс. 14 април, 2011. 
  10. IrreemplazableAllmusic (англиски). консултирано на 14 април, 2011
  11. The Billboard 200“. „Billboard“ (Nielsen Business Media) 119 (37): 111. September 15, 2007. ISSN 00062510. http://books.google.co.nz/books?id=2w4EAAAAMBAJ&pg=PA111&hl=en&ei=j6GmTaGXDZK8sQP3sf34DA&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=1&ved=0CCgQ6AEwAA#v=onepage&f=true. 
  12. Kaufman, Gil (5 септември 2007). „'High School Musical 2': Head Of Billboard Class; Hustlenomics Fails Yung Joc“. MTV News. http://www.mtv.com/news/articles/1568910/high-school-musical-2-tops-billboard-chart-third-week.jhtml. конс. 14 април 2011. 
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 „Irremplazable – Beyoncé“. „Billboard“. Prometheus Global Media. http://www.billboard.com/album/beyonce/irremplazable-ep/961014. конс. 14 април 2011. 
  14. „R&B/Hip-Hop Albums“. „Billboard“. Nielsen Business Media. 15 септември 2007. http://www.billboard.com/charts/r-b-hip-hop-albums?chartDate=2007-09-15&order=gainer. конс. 14 април 2011. 
  15. „Latin Albums“. „Billboard“. Nielsen Business Media. 15 септември 2007. http://www.billboard.com/charts/latin-albums?chartDate=2007-09-15. конс. 14 април 2011. 
  16. „Latin Pop Albums“. „Billboard“. Nielsen Business Media. 15 септември 2007. http://www.billboard.com/charts/latin-pop-albums?chartDate=2007-09-15. конс. 14 април 2011. 
  17. Grein, Paul (6 октомври 2010). „Week Ending Oct. 3, 2010: America's Most Popular Inmate“. Yahoo! Music. Yahoo!. http://new.music.yahoo.com/blogs/chart_watch/66598/week-ending-oct-3-2010-americas-most-popular-inmate. конс. 1 април 2011. 
  18. IrreemplazableAllmusic (англиски). консултирано на April 14, 2011
  19. 19,0 19,1 19,2 IrreemplazableAllmusic (англиски). консултирано на April 14, 2011