AllMusic

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
AllMusic
Wordmark of AllMusic (2013).png
Logo of AllMusic (2013).png
URL AllMusic.com
Гесло музичко пребарување, препораки, видеа и рецензии
Комерцијално? да
Тип семрежна база на музички албуми, музичари и песни; вклуч. рецензии и биографии
Регистрација незадолжително
Расположиви јазици англиски
Сопственик All Media Network, LLC
Творец Мајкл Ерлевајн
Пуштено 1991
Котирање на Alexa нагативен пораст 2.490 (април 2014)[1]
Тековен статус активен

AllMusic[2] (порано: All Music Guide или AMG)[3]музички портал во сопственост на All Media Network, LLC, основано во 1991 г. од архвиварот на популарна култура Мајкл Ерлевајн како водич за потрошувачите. Следната година е објавено првото прирачно дело. Кога прв пат излегло на семрежјето, AMG било поставено на основа на протоколот Gopher, пред воведувањето на светската пајажина. Во подоцнежниот дел на 2007 г., AMG прешло во рацете на претпријатието Macrovision (сега Rovi) за 72 милиони долари.[4]

Во јули 2013 г. Rovi ги продале владенијата на AMG — AllMusic.com, AllMovie.com и AllGame.com на претпријатието All Media Network, LLC.[5], кое пак е создадено од првичните основачи на SideReel.com и Ackrell Capital.[6]

All Media Network, LLC има седишта во Сан Франциско и Ен Арбор, САД.

Содржина[уреди]

Базата на податоци на AllMusic е лиценцирана и се користи во наплатните системи на некои продавници. Ги опфаќа следниве поединости:

  • Основни податоци: имиња, жанрови, учесници, авторскоправни податоци, броеви на производи.
  • Описна содржина: стилови, тонови, расположенија, теми, националности.
  • Односна содржина: влијанија од слични музичари и албуми.
  • Уредничка содржина: биографии, рецензии, котирање.

AllMusic тврдат дека ја имаат најголемата дигитална музичка база со околу 6 милиони песни, како и најголемата библиотека на омоти (преку половина милион).

Нивната база се користи во неколку поколенија на преслушувачите Windows Media Player и Musicmatch Jukebox за распознавање на музичките содржини и нивно организирање. Windows Media Player 11 и составната музичка продавница MTV Urge ја имаат проширено употребата на податоци од AllMusic со поврзани музичари, биографии, рецензии, изведбени списоци и други податоци.

AllMusic се користи како извор на каталожни податоци, биографии на музичари, рецензии на албуми, информации за поврзани музичари, изведбени списоци и други информации на музичките продавници iTunes Music Store, Zune Marketplace, Zune player, eMusic, AOL, Yahoo!, Amazon.com и други. AllMusic исто така претставува основа на базта Naim Extended Music на изведувач Naim HDX.

In 2011 г. Rovi известиле дека AllMusic, заедно со AllMovie and AllGame имаат три милиони поединечни посетители месечно.[7]

Признанија[уреди]

Во август 2007 г., списанието PC Magazine го вброило AllMusic во списокот на „Најдобри 100 класични мрежни места“.[8]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Allmusic.com Site Info“. Alexa Internet. http://www.alexa.com/siteinfo/allmusic.com. конс. 1 април 2014. 
  2. „AllMusic FAQ“. All Media Network, LLC. http://www.allmusic.com/faq. конс. 29 март 2014. „©2014 AllMusic, a division of All Media Network, LLC“ 
  3. „AllMusic“. http://www.allmusic.com. конс. 20 јули 2012. 
  4. „Macrovision Corporation, acquired All Media Guide Holdings, Inc.“. Mandasoft. 17 декември 2007. http://mandasoft.com/1/11787/macrovision_corporation_acquired_all_media_guide_holdings_inc. конс. 18 јуни 2012. 
  5. „Rovi Corporation Reports Second Quarter 2013 Financial Performance Announces Agreements to Sell Rovi Entertainment Store and Consumer Website Businesses“. Rovi. 21 јули 2013. http://www.rovicorp.com/company/news-center/pressreleases/1434_17397.htm. конс. 18 октомври 2013. 
  6. „Digital Entertainment Veterans Launch ‘All Media Network’ to Perfect Digital Media Discovery“. BusinessWire. 3 декември 2013. http://www.businesswire.com/news/home/20131203005593/en. конс. 3 декември 2013. 
  7. Bruno, Anthony (28 февруари 2011). „AllMusic.com Folding Into AllRovi.com for One-Stop Entertainment Shop“. „Billboard“. http://www.billboard.com/biz/articles/news/1179058/allmusiccom-folding-into-allrovicom-for-one-stop-entertainment-shop. конс. 15 јуни 2013. 
  8. Heater, Brian (13 август 2007). „Top 100 Classic Websites – AllMusic – Slideshow from pcmag.com“. „PCmag.com“. http://pcmag.com/slideshow_viewer/0,3253,l=213025&a=212961&po=19,00.asp. конс. 24 септември 2013. 

Надворешни врски[уреди]