Total Request Live

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Total Request Live
Позната и како TRL
Формат Музички видеа
Настапуваат Карсон Дали
Демјен Фахи
Земја на потекло САД
Број на епизоди 2,247
Продукција
Времетраење 45–48 минути
Емитување
Канал на емитување MTV
Емитување септември 14 1998 (1998-09-14) – ноември 16, 2008 (2008-11-16)
Статус Завршена
Официјална Веб-страница

Total Request Live (позната и како TRL) е телевизиска серија на MTV на која се прикажуваат музички видеа. TRL била првата емисија за музички видеа која се концентрирала на ријалити програми. Како додаток на музичките видеа на TRL се појавувале дневни гости. Шоуто била популарна промоција користена од музичарите, актерите и други познати личност со цел да се прикажан нивните најнови работи не тин публиката.

TRL ги прикажувалa десетте најбараните видеа на денот кои биле барани од гледачите кои гласале онлајн. Одбројувањето започнувало со десетте најбарани видеа, а завршувало со најбараните. Од 22 октомври, 2007, одбројувањето на TRL било базирано на гласови, табели, рингтонови, дигитални спуштања, радио пуштања, што значело дека најбараното видео од гледачите не морало секогаш да биде број-еден. Шоуто било генрелано прикажувано од понеделник до четврток и траело еден час иако закажувањето и траењето се менувале со текот на годините.

На 15 септември, 2008 било изјавено дека TRL ќе биде затворено за да биде заменето со FNMTV.[1] Специјалната последна епизода траела три часа, а била прикажана на 16 ноември, 2008, во 08:00 часот.[2]

Италијанската верзија на TRL сеуште се прикажува во Италија на MTV.

Наводи[уреди]

  1. Report: MTV to Cancel TRL“, „Broadcasting & Cable“, 15 септември 2008 (конс. 15 септември 2008).
  2. MTV News: Beyonce To Perform On 'TRL' Finale - 'Total Finale Live' will air November 16 at 8 p.m. on MTV.

Надворешни врски[уреди]