Above and Beyoncé – Video Collection & Dance Mixes

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Above and Beyoncé – Video Collection & Dance Mixes“
Remix album и видео од Бијонсе
Издаден 16 јуни, 2009
Снимен 2008–2009
Жанр Р&Б, електроника, денс
Траење 51:10 (видео колекција)
50:04 (денс миксови)
Издавачка куќа Columbia
Режисер Џејк Нава, Бијонсе, Софи Мулер, Мелина Мацукас, Филип Анделман, Ед Бурк
Продуцент Различни
Бијонсе — Хронологија
B'Day Anthology Video Album
(2007)
Above and Beyoncé – Video Collection & Dance Mixes
(2009)

Above and Beyoncé – Video Collection & Dance Mixes е ремикс и видео албум од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс. Албумот содржи два диска; првиот диск е составен од музички видеа, а вториот диск е составен од денс ремиксови. На почетокот бил планиран за издавање на 16 јуни, 2009 преку Вал-Март продавниците и J&R ексклузивно, иако подоцна бил овозможен преку другите продавници. Above and Beyoncé се искачил на триесет и петтото место на Билборд 200 и бил позитивно прифатен од Енди Келман од Allmusic, кој му дал три од пет ѕвезди. Се појавил и на другите Билборд табели, Топ Р&Б/Хип-Хоп Албуми и Денс/Електронски Албуми.

Композиција и издавање[уреди]

Above and Beyoncé содржи два диска. Првиот содржи музички видеа од шест сингла од нејзиниот студиски албум од 2008, I Am... Sasha Fierce: „If I Were a Boy“, „Single Ladies (Put a Ring on It)“, „Diva“, „Halo“, „Broken-Hearted Girl“ и „Ego“. Исто така содржи и „ексклузивна фан“ снимка од видеото на „Ego“ и снимки од зад сцените на музичките видеа. Вториот диск содржи електронски денс ремиксови од песните,[1] како и шестиот сингл од албумот, „Sweet Dreams“. Микс од „Ego“ со рап стих со Канје Вест го затвора албумот. На 15 јуни, 2009, снимките од зад сцените биле прикажани на емисијата на BET, Access Granted. Алтернативното видео за „Ego“ било премиерно прикажано подоцна.[2]

Омотот за Above and Beyoncé бил прегледан од People.com во мај, 2009.[3] Албумот бил оригинално издаден ексклузивно до Вал-Мартпродавниците и J&R, на 16 јуни, 2009. Денс миксовите биле овозможени само преку MP3 формат преку Amazon.com на 16 јуни,[4] а целиот албум бил издаден на онлајн продавниците на 3 ноември, 2009.[5] iTunes Store почнале со продажбите на ремиксовите од 1 февруари, 2010.[6]

Прием[уреди]

Енди Келман од Allmusic го нарекол албумот „добар сет за посветените фанови кои не г слушнале сите миксови“ и го наградил со три од пет ѕвезди.[7] Above and Beyoncé за првпат се искачил на табелата Билборд 200 на 4 јули, 2009,[8] продавајќи 14,000 копии истата недела.[9] Највисокото место на албумот било триесет и петтото, а вкупно поминал четиринаесет недели на табелата.[10][11] На Топ Р&Б/Хип-Хоп Албуми, Above and Beyoncé за првпат се искачил[12] и воедно тоа била и неговата највисока позиција на дваесет и третото место, а подоцна поминал четириесет и три недели на табелата.[13] На табелата за Денс/Електронски Албуми, албумот се искачил на второто место веднаш зад The Fame од Лејди Гага.[14] Поминал четириесет и осум недели на табелите на Билборд, од кои дваесет и четири недели бил меѓу првите десет.[15] Above and Beyoncé бил рангиран на деветтото место на годишната табела за Денс/Електронски Албуми за 2009,[16] и на дваесет и првото место на табелата од 2010.[17]

Список на песни[уреди]

Диск еден: Видео колекција
Режисерите се наоѓаат во заградите.
  1. If I Were a Boy(Џејк Нава) – 5:06
  2. Single Ladies (Put a Ring on It)(Џејк Нава) – 3:19
  3. Diva(Мелина Мацукас) – 4:06
  4. Halo(Филип Анделман) – 3:45
  5. Broken-Hearted Girl(Софи Мулер) – 4:40
  6. Ego“ (ремикс со Канје Вест) (Бијонсе Ноулс, Франк Гатсон Џуниор) – 4:53
  7. „Ego“ (Фан Ексклузивно) (Бијонсе Ноулс, Франк Гатсон Џуниор) – 3:57
  8. „Зад Сцените: Видеата“ (Ед Бурк) – 19:02
  9. Кредити – 0:30
Диск два: Dance mixes
  1. If I Were a Boy“ (Маурид Џошуа Мојо ОК Ремикс) – 6:29
  2. Single Ladies (Put a Ring on It)“ (Диџеј Ескејп & Тони Колучио Ремикс – Клуб Верзија) – 6:57
  3. Diva“ (Карматроник Клуб Ремикс) – 5:08
  4. Halo“ (Дејв Ауде Клуб Ремикс) – 8:55
  5. Broken-Hearted Girl“ (Каталист Ремикс) – 4:46
  6. Ego“ (ОК ДАЦ Ремикс) – 6:29
  7. Sweet Dreams“ (Харлан Пепер & АГ III Ремикс) – 6:43
  8. „Ego“ (Ремикс со Канје Вест) – 4:44

Кредити[уреди]

Кредити за Above and Beyoncé, преземени од Allmusic:[18]

  • Антони Клихофер – вокален инжуберунг
  • Кимберли Кимбл – стилист за коса
  • Џули Кнап – артисти и репертоар
  • Бијонсе Ноулс – дополнителна продукција, продукција, пишување, вокали, вокална продукција
  • Метју Ноулс – дополнителна продукција
  • Тина Ноулс – креативен консултант
  • Мелиса Ларсен – продукција
  • Харолд Лили – продукција, пишување
  • Петер Линдберг – фотографија
  • Рико Лов – продукција, пишување, вокали, вокална продукција
  • Филип Маргизиотис – хорна
  • Мелина Мацукас – дирекција
  • Џејк Мекким – артисти и репертоар
  • Мајкл Паул Милер – асистенција
  • Софи Мулер – дирекција
  • Џејк Нава – дирекција
  • Џеф Панталео – дополнителна продукција
  • Дејв Пенсадо – миксинг
  • Џејмс Шефер – пишување
  • Хагаи Шахам – продукција
  • Марк „Спајк“ Стент – миксинг
  • Кристофер „Трики“ Стјуарт – пишување
  • Рајан Тедер – аранжман, инжинеринг, инструентација, продукција, пишување
  • Франческа Толот – шминка
  • Лидел Товнсел – клавијатури
  • Џенифер Турнер – маркетинг
  • Ренди Урбански – асистенција
  • Мајлс Вокер – инжинеринг
  • Вејн Вилкинс – продукција, пишување
  • Елвис Вилијамс – пишување
  • Донтае Винслов – труба
  • Џон Винтер – продукција
  • Ендру Вуепер – асистенција

Табели[уреди]

Неделни табели[уреди]

Табела (2009) Највисока
позиција
САД Билборд 200[10] 35
САД Денс/Електронски Албуми[10] 2
САД Топ Р&Б/Хип-Хоп Албуми[10] 23

Годишни табели[уреди]

Табела Позиција
САД Денс/Електронски Албуми (2009)[16] 9
САД Денс/Електронски Албуми (2010)[17] 21

Наводи[уреди]

  1. Cline, Georgette (27 мај 2010). „Beyoncé Goes Above & Beyond with Dance Album“. „Rap-Up. http://www.rap-up.com/2009/05/27/beyonce-goes-above-beyond-with-dance-album/. конс. 13 март 2011. 
  2. Beyoncé Online (June 15, 2009). "'Ego' Remix Video Premieres on Special BET Access Granted!". Соопштение за печат.  (консултирано на March 11, 2011)
  3. Orloff, Brian (20 мај 2009). „First Look: Beyoncé's New DVD Cover Revealed!“. „People“. Time Inc. архивирано од оригиналот на 1 јуни 2009. http://replay.waybackmachine.org/20090601183254/http://www.people.com/people/article/0,,20280141,00.html. конс. 11 март 2011. 
  4. „Above And Beyoncé Dance Mixes“. Amazon.com. http://www.amazon.com/Above-And-Beyonc%C3%A9-Dance-Mixes/dp/B002C3I032. конс. 11 март 2011. 
  5. „Above & Beyonce Video Collection & Dance Mixes“. Amazon.com. http://www.amazon.com/Above-Beyonce-Video-Collection-Dance/dp/B002JIH8U6. конс. 11 март 2011. 
  6. „Above and Beyoncé – Dance Mixes“. iTunes Store. Apple Inc. http://itunes.apple.com/us/album/above-and-beyonce-dance-mixes/id318741465. конс. 11 март 2011. 
  7. Kellman, Andy. „Above and Beyoncé: Video Collection & Dance Mixes“. Allmusic. Rovi Corporation. http://www.allmusic.com/album/above-and-beyonc-video-collection-dance-mixes-r1619459/review. конс. 14 декември 2010. 
  8. „Billboard 200“. „Billboard“. Prometheus Global Media. 4 јули 2009. http://www.billboard.com/charts/billboard-200?chartDate=2009-07-04&order=gainer. конс. 11 март 2011. 
  9. Dancing Diva“. „Billboard“ (Prometheus Global Media) 121 (26): 53. July 4, 2009. ISSN 00062510. http://books.google.co.nz/books?id=Y6Dx4qbQ3dUC&pg=PT52&lpg=PT52&source=bl&ots=QOJoMO3dpa&sig=3wChnJCkYwnn4jmknaQvQKi2cD8&hl=en&ei=qo18TaW-BYeKrQG5ofDDBQ&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=1&ved=0CBYQ6AEwAA#v=onepage. 
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 „Above and Beyoncé: Video Collection & Dance Mixes – Billboard Albums“. Allmusic. Rovi Corporation. http://www.allmusic.com/album/above-and-beyonc-video-collection-dance-mixes-r1619459/charts-awards. конс. 11 март 2011. 
  11. „Above and Beyoncé: Video Collection & Dance Mixes“. „Billboard“. Prometheus Global Media. http://www.billboard.com/album/beyonce/above-and-beyonce-video-collection-dance/1273156. конс. 11 март 2011.  Забелешка: За да го прикаже бројот на недели во табелата, корисникот мора да го навигира визуализаторот на левата страна на екранот.
  12. „R&B/Hip-Hop Songs“. „Billboard“. Prometheus Global Media. 4 јули 2009. http://www.billboard.com/charts/r-b-hip-hop-albums?chartDate=2009-07-04&order=gainer. конс. 11 март 2011. 
  13. „Beyoncé: Chart History“. „Billboard“. Prometheus Global Media. http://www.billboard.com/artist/beyonce/chart-history/317670?f=333&g=Albums. конс. 11 март 2011. 
  14. „Dance/Electronic Albums“. „Billboard“. Prometheus Global Media. 4 јули 2009. http://www.billboard.com/charts/dance-electronic-albums?chartDate=2009-07-04. конс. 11 март 2011. 
  15. „Beyoncé: Chart History“. „Billboard“. Prometheus Global Media. http://www.billboard.com/artist/beyonce/chart-history/317670?f=333&g=Albums. конс. 11 март 2011.  Забелешка: За да го прикаже бројот на недели во табелата, корисникот мора да го навигира визуализаторот на левата страна на екранот.
  16. 16,0 16,1 „Dance/Electronic Albums“. „Billboard“. Prometheus Global Media. 2009. http://www.billboard.biz/bbbiz/charts/yearendcharts/2009/dance-electronic-albums. конс. 11 март 2011. 
  17. 17,0 17,1 „Dance/Electronic Albums“. „Billboard“. Prometheus Global Media. 2010. http://www.billboard.biz/bbbiz/charts/yearendcharts/2010/dance-electronic-albums. конс. 11 март 2011. 
  18. „Above and Beyoncé: Video Collection & Dance Mixes – Credits“. Allmusic. Rovi Corporation. http://www.allmusic.com/album/above-and-beyonc-video-collection-dance-mixes-r1619459/credits. конс. 11 март, 2011.