Пишаната историја во областа започнува околу 800 година, кога била основана викиншка населба Хаитхабу. Подоцна, соседниот град Шлезвиг го презел местото на Хаитхабу и станал моќен град во текот на XI век. Подоцна, ја загубил својата моќ од страна на Либек.
Округот бил основан во 1974 година со спојување на поранешните окрузи Фленсбург-Ланд и Шлезвиг. Поради близината на Данска и историјата на областа, постои голем дел на Данци.
Областа е главно рамна. Шлај, фјорд на Балтичкото Море, е јужната граница на округот. Сета земја северно од Шлај и јужно од Фленсбург се смета за дел од полуостровот Ангелн. Ангелн бил древен дом на Германите, познати и како Англи, кои се преселиле во Англија во текот на раниот среден век.
Грбот прикажува два лава, претставувајќи го старото војводство Шлезвиг. Најдолу на грбот постои брановита линија, која го претставува Балтичкото Море и фјордовите.