Чигоќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чигоќ
Село
Штркови во Чигоќ
Штркови во Чигоќ
Чигоќ is located in Хрватска
Чигоќ
Чигоќ
Местоположба на селото Чигоќ во рамките на Хрватска
Координати: 45°25′25″N 16°38′54″E / 45.42361° СГШ; 16.64833° ИГД / 45.42361; 16.64833
Држава Хрватска
Жупанија Сисачко-мославинска
ОпштинаСисак
Население (2001)
 • Вкупно114
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоwww.cigoc.hr/

Чигоќ (хрватски: Čigoć) — село во областа Посавина во Хрватска. Чигоќ има околу 124 жители и припаѓа на општината Сисак. Селото се наоѓа во Природниот парк Лоњско Поле во Западна Славонија. Местото е особено познато по својата голема популација на штркови во долината на реката Сава и од 1994 година ја носи титулата европско село на штркот.

Жителите во селото се занимаваат со сточарство и со земјоделство.

Статистика на штркови[уреди | уреди извор]

Двојки на штркови: 39 пара и 54 младинци (најслаба година 2003), 45 (2000), 41 (1999), 44 пара и 188 младинци (најмногу во 1988 година), 31 (1968)

Гнезда на: дрвени куќи

Фестивал на штркот: 19 март на пристигнувањето на штрковите. Кон крајот на јуни секоја година се прославува Штроково (ден на штркот), како сеќавање на доделувањето на титулата „европско село на штркот“.

Партнер: Природен парк Лоњско Поле

Надворешни врски[уреди | уреди извор]