Христијански гностицизам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Death of simon magus.jpg
Гностицизам
Simple crossed circle.svg
This article is part of a series on Гностицизам
Историја на гностицизмот
Ран гностицизам
Сириско-египетски гностицизам
Гностицизам во денешно време
Отци
Филон Александриски
Симон Врач
Серинтиј
Валентин
Василид
Гностички текстови
Гностички евангелија
Гностицизам и Новиот Завет
Поврзани статии
Гносис
Неоплатонизам и гностицизам
Мандеизам
Манихејство
Босанска црква
Езотерично христијанство

Гностицизам Portal

Гностицизам (грчки: γνώσις gnosis – знаење, осознавање, спознавање, увид) е синкретичко верско движење кое се појавило уште во првите векови од христијанството и се ширело сè до 4 век кога истото било поттиснато, особено откако престанале гонењата на христијаните од страна на Римската Империја.

Етимологија[уреди]

Поимот γνώσις („гносис“) е збор, кој изворно бил користен во Платоновите филосовски списи, а најчесто се употребувал за да се потенцира духовното знаење на просветениот човек, кое се опишува како непосредно спознавање на натприродното и боженственото преку личен опит. Во текот на 19 век и 20 век, научниците поимот „гностицизам“ го користиле за да обележат повеќе различни групи од ранохристијанскиот период а кои постоеле одделно од вистинското христијанство. Денеска сеуште трае спорот околу тоа дали гностиците се движење во самото христијанство или пак, независно и многу посеопфатно движење кое постоело дури и пред појавата на христијанството.

Историја[уреди]

Сè до 20 век[1] најголемиот дел од гностичкото учење се реконструирало преку критичките дела на Црковните Отци кои пишувале против ересите како што се: Иринеј Лионски, Јустин Философ, Ориген и други. Тие сметале дека луѓето се боженствени души заробени во материјалниот свет, а материјата е создадена од страна на несовршено и зло битие – Демиург, кое, пак, честопати се поистоветува со Бог од Стариот Завет, спротивен на новозаветниот. За гностиците постоела еднаквост меѓу злото и материјата и меѓу доброто и духовниот свет. Сметале дека човекот мора да се посвети на себеси и да се просвети со мудроста за да може да го спознае светот и да се ослободи од неговите окови.

Иполит, Отфрлањето на ересите:

Напуштете го барањето на Бога, вселената и слично, наместо тоа почнете од себеси. Запрашајте се кој во вас присвојува се кога ќе каже: мој дух, мое срце, мој Бог. Барајте ги изворите на љубовта, радоста, омразата, копнежот... доколку внимателно испитате се, сето ова ќе го најдете во себеси

Едно од гностичките учења било она на Валентин од Александрија, кој го ширел ова свое учење во Рим во исто време со Маркион (меѓу 135 и 160). Неговото учење било сконцентрирано на идејата за Полнота (Плирома), па така, според него чистиот духовен свет претставува Плирома и истиот е составен од единството на божествените еманации на Отецот. Логостот, вели тој, не е ист со Бога Творецот, туку само негова духовна еманација. Материјалниот, пак, свет, кој според својата суштина е зол, е преуреден од страна на Демиург. Самото спасение претставува чин на спознавање кој е потребен за да се врати хармонија на Полнотата. Ова учење постои и во Евангелието според Филип кое се претпоставува дека било напишано од страна на некој ученик на Валентин. Во некои од гностичките текстови постојат елементи од неоплатонска философија.

Ширење[уреди]

Во првите векови од христијанството, гностицизмот бил распространет по бреговите на Средоземното Море и Средниот исток, многу научници сметале дека на почетокот во чиста форма, а подоцна измешан со Манихејството, Маркионство, Вардесијанство и други. Иако црквата овие движења ги смета за еретици, тие себеси не се доживуваат како такви, туку како „трагачи по совршеното знаење“. Кога во 4 век Римската иперија престанала со прогонувањето на христијаните, се создале услови црквата да успее да ја потисне гностичката ерес.

Благодарение на приклонувањето на римската власт и престанокот на гонењата во границите на Римската империја, црквата успеала да го го уништи гностицизмот во границите на Римската Империја, но истиот успеала да се прошири и надвор од нејзините граници, особено во Азија. Истиот подоцна со појавата на исламот бил истиснат од Блискиот исток и Азија, иако некои помали заедници во Ирак и Иран постојат до ден денешен.

Сириско-египетскиот гностицизам бил под влијание на Платонизмот. Создавањето било објаснувано како серија на еманации од првобитната супстанца кое довело до создавање на материјалниот свет. Поради ова, злото било поистоветувано со материјата која е инфериорна во однос на божественото. Злото било разбирано како најголема оддалеченост од божествениот принцип. Нивното учење вклучувало и многу текстови кои на некој начин биле поврзани со христијанството, па затоа и многумина од нив се нарекувале христијани иако имале ставови кои од догматски апсект биле многу далечни за христијанството. Голем број од овие списи биле откриени во библиотеката Наг Хамадиј.

Во Персија гностицизмот се сретнува како Манденизам (Mandā – знаење) кој и денес се практикува во делови од Ирак и во иранската област Кхузестан. Покрај манденизмот, Гностицизмот во Персија бил ширен и преку манихејското учење кое подоцна се проширило во Сирија, Северна Арабија, Египет, Северна Африка, а потоа од Сирија преминал во Палестина, Мала Азија и Ерменија. Во Ерменија во 6 век гностицизмот извршил големо влијание на Павлиќијанството, а преку него и на Богомилството и катарството во средниот век.

Наводи[уреди]

  1. Во 1945 година доаѓа до епохално откритие во Египет кога е откриена таканаречената „Библиотека од Наг Хамади“ каде се пронајдени оригинални гностички дела – апокрифи. Самата библиотека има 12 книги, секоја од нив, освен десетата, е состевена од збирка на пократки текстови, па може вкупниот број на текстови изнесува 52 од кои 12 беа и претходно познати додека 40 се сосема нови. Инаку 30 текстови се зачувани скоро во целост, а 10 се само фрагменти. Поголемиот дел од овие текстови воопшто и не содржат христијански елементи и не припаѓаат на јудејско-христијанското наследство, додека пак, се сретнуваат текстови со египетска традиција. Закопувањето и сокривањето на оваа библиотека се смета дека настанало како последица од престанокот на гонењата на христијаните и доближувањето на римските власти кон христијанската традиција. Оваа библиотека во наг Хамади е значајна и по тоа што содржи коптски преводи на многу изгубени грчки дела.