Хашимотов тироидитис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хашимотов тироидитис
Класификација и надворешни извори
МКБ-10 E06.3
МКБ-9 245.2
OMIM 140300
DiseasesDB 5649
eMedicine med/949
MeSH D050031

Хашимотов тириоидитис или хроничен лимфоцитен тироидитис е автоимуно заболување во кое штитната жлезда е нападната од голем број на клеточни и противтело-посредувани имуни процеси. Ова било првото заболување кое било откриено како автоимуно заболување.[1] Првпат било опишано од страна на јапонскиот специјалист Хашимото Хакару во Германија во 1912 година.


Знаци и симптоми[уреди]

Хашимотовиот тироидитис многу често резултира со хипотироидизам со периоди на хипертироидизам.

Некои од симптомите се: микседематозна психоза, добивање во тежина, депресија, манија, чувствителност на топлина и студ, парестезии, замор, напади на паника, брадикардија, тахикардија, повишено ниво на холестерол, реактивна хипогликемија, констипација, мигрени, мускулна слабост, грчеви, губитоок на меморија, неплодност и губиток на коса.

Штитната жлезда може да стане цврста, зголемена и лобулирана, но промените може да бидат и непалпабилни. [2]

Зголемувањето на жлездата повеќе се должи на лимфоцитната инфилтрација и фиброзата отколку на ткивната хипертрофија.

Физиолошки, антителата насочени против тироидната пероксидаза и/или тироглобулинот предизвикуваат постепено уништување на тироидните фоликули. Така, болеста може да се открие преку откривање на овие антитела во крвта. Болеста се карактеризира и со инвазија на ткивото на тироидната жлезда со леукоцити, главно Т-лимфоцити и е во врска со Не-Хочкинов лимфом. Во подоцните стадиуми на болеста, пациентот може да има изглед на „лавовска маска“. Ова се опишува како длабоки брчки на лицето во делот околу усата и брадата и џебови на олабавено месо под и околу очите; изглед кој наликува на лав.

Наводи[уреди]

  1. Nakazawa, Donna (2008). „The Autoimmune Epidemic“. New York: Simon & Schuster. стр. 32–35. ISBN 9780743277754. 
  2. Page 56 in: Staecker, Hinrich; Thomas R. Van De Water; Van de Water, Thomas R. (2006). „Otolaryngology: basic science and clinical review“. Stuttgart: Thieme. ISBN 0-86577-901-5.