Базедова болест

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Базедова болест
Класификација и надворешни извори

Тријодотиронин (T3, на сликата) и тироксин (T4) — обете облици на тироиден хормон.
МКБ-10 E05
МКБ-9 242.90
DiseasesDB 6348
MedlinePlus 000356
eMedicine med/1109
MeSH D006980

Хипертироидизам или Базедова болест е едно од најчестите нарушувања на штитната жлезда и најчеста причина за појава на хипертирозапри која штитната жлезда излачува преголема количина на хормонот тироксин. Кога се потврди дека навистина се работи за базедова болест, лекувањето е доста едноставно. Во некои случаи базедоовата болест исчезнува по неколку месеци или години. Меѓутоа ако не се лекува, може да предизвика и многу сериозни последици, па дури и смрт.

Наречена е по нејзиниот откривач, германскиот лекар Карл фон Базедов (1799-1854).

Симптоми[уреди]

  • Губење на телесната тежина и покрај зголемениот апетит
  • Забрзано чукање на срцето и зголемен крвен притисок
  • Претерано потење
  • Засилена чувствителност за топло
  • Зачестено празнење на цревата пропратено со пролив
  • Слабост на мускулите, тресење на рацете
  • Појава на гушавост
  • Испупчени очни јаболка
  • Кај жените промена на месечниот циклус или целосно изостанување на циклус

Обратете се на лекар[уреди]

Ако имате температура, возбудени сте или делирични, пулсот ви е забрзан. Постои можност да чувствувавате симптоми на тиретоксична криза, нарушување при кое превисоко ниво на туроксин предизвикува потенцијално смртоносна болест.

Причинители[уреди]

Хормоните што ги лачи штитната жлезда управуваат со метаболизмот, односно влијаат врз брзината со која организмот ја претвора храната во енергија. Брзината на метаболизмот директно е поврзана со количеството на хормонското „гориво“ кое кружи во крвотокот. Во случај на базедова болест нарушувањето на имунолишкиот систем во организмот предизвикува абнормални противтела, одбрамбени белковини кои ги имитираат хемиските пораки на хипофизата. Поттикнати од овие сигнали штитната жлезда излачува поголемо количество на тироксин. Наследните и другите фактори сигурно имаат голема улога во евентуалната зголемена склоност кон ова заболување. Истражувањата покажале дека ако еден близнак е заболен од базедова болест, другиот близнак да заболи е речиси 50%. Исто така жените заболуваат повеќе од мажите. Тегобите на очите-најчесто во облик на воспаление и отечени очни мускулни ткива - кои потоа доведуваат до испупченост на очните јаболка.

Дијагноза[уреди]

Пациентите имаат симптоми усогласени со хипертироза. Тироидната жлезда може да се палпира. Низок TSH и висок слободен T4. Доколку TSH е < 0,1 и слободен T4 е нормален, направете испитување за слободен Т3 за хипертироидизам. Доколку TSH е под нормалните вредности, но двата слободни T4 и T3 се нормални и пациентот има супклинички хипертироидизам. Тироидните параметри треба да се проверат за три месеци. Ако TSH е лесно намален (0,1 - 0,4 mU/l) и пациентот нема симптоми набљудувањето е доволно. Пациентот се префлрува на специјалист за процена ако TSHе <0,1 mU/ и пациентот е постар од 60 годишна возраст. Пациентот има струма, симптоми на хипертироидизам, атријална фибрилација или некое друго срцево заболување.

Егзофталмус[уреди]

Испупчени очи - Егзофталмус

Испупчените очни јаболка се симптом на Базедовата болест. Кога ткивото кое ја покрива очната празнина ќе се воспали и отече, очните јаболка се испупчуваат. Ова нарушување се нарекува егзофталмус. Ако капаците неможат да го покријат целото очно јаболко, окото станува суво и надразнето. Долготрајното воспаление може да ги ослабне очните мускули и подвижноста на окото и да доведе до нарушувања на видот.

Третман[уреди]

Сите пациенти треба да се третираат до еутриоидна состојба со антитироидни лекови(може да се почнат во примарната здравствена заштита).Стратегијата за третман се прави од специјалист и може да се состои од:

  • Долготрајна антитироидна терапија (12 - 18 месеци)
  • Радиојоден третман
  • Хирургија

Изборот на третман зависи од големината на тироидната жлезда, поранешна тироидна хирургија, очни симптоми, бременост и доење, возраста на пациентот и од присуство на други тешки заболувања. Долготрајна антитироидна терапија и третман со радиојод се добра алтернатива кога тироидната жлезда е мала. Хируршка интервенција се прави доколку тироидната жлезда е голема (ннд-B). Третманот со радиојод може да ја влоши очната болест. Кај хиперактивна (токсична) мултинодуларна жлезда, не може да се очекуваат трајни резултати од третманот со антитироидни лекови. Пациент со лесен хипертироидизам и со добра општа состојба може веднаш да почне со радиојод и со бета-блокатори; другите пациенти мораат прво да се доведат до еутироидна состојба со краткотраен антитироиден третман со лекови. Базедовата болест е самоограничувачка. Кај токсична нодуларна струма, не се очекува резултат од постојан третман.

Фармакотерапија[уреди]

Симптоматски третман[уреди]

Бета-блокатори (ннд-B)

  • Propranolol, 20-40 mg × 3 на почеток; дозата се намалува со повлекување на хипертироидизмот
  • Bisoprolol, 5 mg × 1

Превентивен третман[уреди]

Тиростатска терапија (најчесто carbimazole 15–20–30 mg поделено во две дневни дози)може да се дава сам или пожелно е да биде комбинирансо бета-блокатор.Важно е да се предупреди пациентот за можноста за агранулоцитоза: да побара медицински совет ако се појави треска или гушоболка, а во тој случај треба се контролираат леукоцитите. Основна крвна слика и тироидни параметри се контролираат по еден месец ако пациентотне е препратен на специјалист.

Алтернативни начини на лекување[уреди]

Алтернативните начини на лекување, по правило служат како дополнување на конвенционалните начини на лекување кои настојуваат директно да го ограничат производството на тироксинот. Некои од алтернативните начини на лекување ја олеснуваат тегобата поврзана со симптомите на Базедовата болест, а другите се обидуваат главно да ја подобрат правилната работа на штитната жлезда.

Лекување со лековити билки[уреди]

За намалување на симптомите обидете се со тинктура која содржи 4 дела волчи нозе (Lycopus spp.) 2 дела обичен срченик (Leonorus cardiaca), 2 дела скутеларија (Scutellaria lateriflora) и 1 дел црвен глог (Crataegus laevigate). Земајте ја оваа тинктура трипати на ден.

Начин на живеење[уреди]

Откако начинот на отчукување на срцето ќе се врати во вообичаените вредности, аеробните вежби во траење од 15 до 20 минути на ден често се препорачуваат за одржување на правилна работа на штитната жлезда.

Исхрана[уреди]

Ако боледувате од хипертиреоза, употребата на храна која влијае на работата на штитната жлезда може да го намали лашењето на хормонот. Меѓу тие продукти ги збројуваме зелката, крушките, кикиритките, шведската репка, сојата и спанаќот. Инјекциите на витамин од Б-групата, исто така, можат да бидат многу полезни.

Лекување дома[уреди]

  • Ако капаците не ги покриваат сосема вашите очни јабола, во текот на ноќта употребувајте превез за очи. Тоа ќе го спречи претераното сушење на рожницата на окото
  • Различните видови вештачки солзи ви се достапни и без лекарски рецепт. Навлажнете ги очите секогаш кога ќе почувствувате дека се суви
  • Ако очите науро ви се црвени и отечени, спијте така што главата да ви биде во исправена положба.
  • Носете очила со темно стакло за да ги заштитите очите од пресилна светлина, сонце и ветер.

Користена литература[уреди]

  • Издавачка куќа: Mладинска куќа-Скопје
За издавачот: Златко Макаровски
Уредник: Лавинија Шувака