Анафилакса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анафилакса
Класификација и надворешни извори

Ангиоедем на лицето, поради што детето не може да ги отвори очите Оваа реакција е предизвикана од изложеност на алерген.
МКБ-10 T78.2
МКБ-9 995.0
DiseasesDB 29153
MedlinePlus 000844
eMedicine med/128
MeSH D000707

Анафилакса е сериозна алергиска реакција која започнува ненадејно и може да предизвика смрт.[1] Анафилаксата обично се манифестира со одредени симптоми, вклучувајќи исип кој чеша, отечено грло и низок крвен притисок. Вообичаени причинители се убоди од инсекти, храна и лекови.

Анафилаксата е резултат од ослободување на протеини од одредени видови на бели крвни клетки. Овие протеини се супстанци што можат да ја отпочнат или да ја влошат алергиската реакција. Нивното ослободување може да биде предизвикано или како реакција на имунолошкиот систем или од друга причина која не е поврзана со него. Воспоставувањето дијагноза за анафилаксата се врши врз основа на симптомите и знаците кои ги манифестира поединецот. Примарен третман е инјекција на адреналин, кој понекогаш се комбиира со други лекови.

Од 0.05 до 2% од луѓето во светот имаат анафилакса во одреден период од нивниот живот. Се чини дека стапките се зголемуваат. Терминот доаѓа од грчките збофови ἀνά (ана) - „против“, и φύλαξις (филаксис) - „заштита“.

Знаци и симптоми[уреди]

Знаци и симптоми на анафилакса

Анафилаксата обично се манифестира со многу различни симптоми во текот на неколку минути или часови.[2][3] Доколку причината е супстанција која е внесена директно во крвотокот (интравенски), симптомите во просек се јавуваат во рок од 5 до 30  минути. Но, доколку причината е храна, тогаш симптомите во просек се појавуваат за 2 часа.[4] Најчесто, опфатени се следниве области: кожата (80–90%), белите дробови и дишните патишта (70%), желудникот и цревата (30–45%), срцето и крвните садови (10–45%) и централниот нервен систем (10–15%).[3]Обично се опфатени два или повеќе од овие органски системи.[5]

Кожа[уреди]

Исип и уртикарија на грбот на поединец со анафилакса

Вообичаени симптоми се исип на кожата, јадеж, црвено лице или кожа (уртикарија) или отечени усни.[6] Оние коишто имаат поткожен оток (ангиоедем) наместо јадеж, може да почувствуваат горење на кожата.[4] До 20% од случаите може да манифестираат отекување на грлото и јазикот.[7] Други симптоми може да бидат: течење на носот и отекување на слузокожата на окото и очниот капак (конјуктивитис).[8] Исто така, поради недостиг на кислород, кожата може да добие сина боја (цијаноза).[8]

Дишен систем[уреди]

Симптоми и знаци на дишниот систем се: отежнато дишење, ниско-тонско тешко дишење (свирење во градите), или високо-тонско тешко дишење (стридор). [6] Ниско-тонското дишење обично се јавува поради грчење на мускулите во долниот дел на дишните патишта (бронхијални мускули).[9] Високо-тонското дишење се јавува поради оток во горните дишни патишта, поради што тие се стеснуваат. [8] Исто така, може да се јави засипнатост, болка при голтање или кашлица. [4]

Кардиоваскуларен систем[уреди]

Може да дојде до ненадејно контрахирање на срцевите крвните садови (коронарен артериски спазам) поради ослободување на хистамин од одредени срцеви клетки. [9] Ова го попречува крвотокот во срцето, што може да предизвика изумирање на срцевите клетки (миокарден инфаркт) или може да доведе до успорено или забрзано чукање на срцето (срцева аритмија), или пак, може да дојде до прекин на работата на срцето.[3][5] Оние коишто веќе имаат срцево заболување имаат поголем ризик од срцев удар поради анафилакса. [9] Иако е повообичаено пулсот да е забрзан поради низок крвен притисок, [8] 10% од луѓето кои страдаат од анафилакса може да имаат забавен пулс (брадикардија) со низок крвен притисок (комбинацијата на бавен пулс и низок крвен притисок е позната како Безолд-Јаришов рефлекс).[10] Поради пад на крвниот притисок, поединецот може да почувствува вртоглавица или да ја изгуби свеста. Нискиот крвен притисок може да биде предизвикан од ширење на крвните садови (дистрибутивен шок) или од слабеење на срцевите комори (кардиоген шок). [9] Во ретки случаи, многу нискиот крвен притисок може да е единствен знак за анафилакса. [7]

Други[уреди]

Симптоми од стомакот и цревата може да се грчеви во стомакот, пролив и повраќање. [6] Лицето може да биде збунето, да изгуби контрола врз мочниот меур и да има болки во карлицата, слични на грчеви на матката. [6][8]Проширувањето на крвните садови околу мозокот може да предизвика главоболки.[4] Лицето, исто така, може да чувствува вознемиреност и страв од смрт.[5]

Причини[уреди]

Анафилакса може да биде предизвикана од реакција на организмот на било која туѓа супстанца.[11] Вообичаени причинители се отров од убод од инсект или осило, храна и лекови.[10][12] Храната е највообичаена причина кај деца и млади луѓе. Лекови и убоди од инсекти се повообичаени кај повозрасните. [5] Помалку вообичаени причини се физички фактори, биолошки агенси (на пр. сперма), латекс, хормонални промени, адитиви во храната (на пр. мононатриум глутаминат и прехранбени бои) и лекови за надворешна употреба (топикални лекови).[8] Исто така, вежбањето или надворешната температура (и висока и ниска) можат да предизвикаат анафилакса, со тоа што ќе доведат до ослободување на хемикалии од клетките на одредени ткива (познати како мастоцити), кои ја отпочнуваат алергиската реакција.[5][13] Чeсто анафилаксата која е последица од вежбање е поврзана со јадење на одредена храна.[4] Доколку анафилаксата се јави додека лицето прима анестезија, највообичаени причини се одредени лекови кои предизвикуваат парализа (невромускулни блокатори), антибиотици и латекс.[14] Кај 32-50% од случаите причината е непозната (идиопатска анафилакса).[15]

Храна[уреди]

Многу јадења можат да предизвикаат анафилакса, дури и кога храната се јаде за првпат.[10] Највообичаени причинители во западните култури се јадењето или контактот со: кикирики, пченица, јаткасти плодови, морски плодови, риба, млеко и јајца.[3][5] На Блискиот Исток, сусамот е вообичаен причинител. Во Азија, оризот и леблебијата често предизвикуваат анафилакса.[5] Тешките реакции обично се предизвикани поради ингестија на храната, [10] но, некои луѓе имаат тешка реакција поради допир со причинителот. Децата може да ги надминат алергиите. До 16-годишна возраст, 80% од децата со анафилакса од млеко или јајца и 20% со еден случај на анафилакса на кикирики можат повторно да ги јадат овие производи.

Лекови[уреди]

Секој лек може да предизвика анафилакса. Најзастапени се бета-лактамските антибиотици (како пеницилин), потоа аспирин и нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ).[3][16] Обично, ако некој е алергичен на еден НСАИЛ, тој може да користи друг без да предизвика анафилакса.[16] Други вообичаени причини за анафилакса се хемотерапија, вакцини, протамин (се наоѓа во спермата) и лекови од растително потекло.[5][16] Некои лекови, како што се ванкомицин, морфиум и лекови што се користат за подобрување на рентгенските снимки (радиоконтрастни агенси) предизвикуваат анафилакса со тоа што оштетуваат одредени клетки во ткивата, доведувајќи до ослободување на хистамин (дегранулација на мастоцити).[10]

Колку често се јавува реакција на лекарства делумно зависи од тоа колку често лекот се користи и делумно од начинот на кој лекот делува.[17] Анафилакса на пеницилин или цефалоспорин се јавува откако тие ќе се врзат со протеините во телото, а некои се врзуваат полесно.[4] Анафилакса на пеницилин се јавува кај секои 2.000 до 10.000 лекувани луѓе. До смрт доаѓа помалку од еднаш на секои 50.000 лекувани луѓе.[4] Анафилакса на аспирин и НСАИЛ се јавува еднаш на секои 50.000 луѓе.[4] Ако некој има реакција на пеницилин, постои поголем ризик дека ќе има реакција и на цефалоспорин, но сепак ризикот е помал од 1 во 1.000 случаи.[4] Постарите лекови што се користеле за да ги подобрат рендгенските снимки (радиоконтрастните агенси) предизвикуваат реакција кај 1% од случаите. Понови лекови со понизок осмоларен радиоконтрастен агенс предизвикуваат ракција кај 0,04% од случаите.[17]

Отров[уреди]

Отровот од инсекти што касаат или боцкаат, како што се пчелите и осите (Hymenoptera) или Triatominae може да предизвика анафилакса.[3][18] Доколку претходно се јавила реакција на отров (повеќе од локална реакција), во иднина постои поголем ризик од анафилакса.[19][20] Но, половина од смртните случаи претходно немале општа (систематска) реакција.[21]

Фактори на ризик[уреди]

Луѓе со атописки болести како астма, егзем или алергиски ринитис имаат висок ризик од анафилакса од храна, латекс и радиоконтрастни агенси. Кај овие луѓе ризикот не е зголемен од инјектирани лекови и убоди од инсекти.[5][10] Едно истражување покажало дека 60% од децата со анафилакса имале историја од претходна атописка болест. Повеќе од 90% од децата кои умираат од анафилакса имаат астма.[10] Ризикот е зголемен кај луѓето што имаат нарушувања предизвикани од премногу мастоцити во ткивата (мастоцитоза) или оние кои се побогати.[5][10] Колку подолго време е поминато од последното изложување на агенсот кој ја предизвикал анафилаксата толку е помал ризикот од нова реакција.[4]

Механизми[уреди]

Анафилаксата е сериозна алергиска реакција што започнува ненадејно и опфаќа многу органски системи.[1][22] Таа се јавува поради ослободување на воспалителни посредници и цитокини од мастоцитите и базофилите. Нивното ослободување обично се јавува како резултат на реакција на имунолошкиот систем, но може да биде предизвикано и од оштетување на овие клетки, што не е поврзано со имунолошка реакција.

Имунолошки[уреди]

Кога анафилаксата е предизвикана од имунолошка реакција, имуноглобулинот Е (ИгЕ) се врзува со туѓа материја која ја започнува алергиската реакција (антиген). Комбинацијата на врзување на ИгЕ за антиген ги активира ета-рецепторите за Fc (FcFcεRI) на мастоцитите и базофилите. Мастоцитите и базофилите реагираат со ослободување на воспалителни посредници, како што е хистаминот. Овие посредници го зголемуваат контрахирањето на бронхијалните мазни мускули, предизвикувајќи проширување на крвните садови (вазодилатација), го зголемуваат пропуштањето на течности надвор од крвните садови и ја намалуваат работата на срцевиот мускул.[4][22] Исто така, постои имунолошки механизам кој не е зависен од ИгЕ, но не е познато дали ова се случува кај луѓето.[22]

Неимунолошки[уреди]

Кога анафилаксата не е предизвикана од имунолошка реакција, реакцијата е предизвиката од агенс што директно ги оштетува мастоцитите и базофилите, предизвикувајќи ги да лачат хистамин и други супстанци што вообичаено се поврзани со алергиска реакција (дегранулација). Агенсите што можат да ги оштетат овие клетки се контрастно средство за рендген, опиоиди, температура (топло или ладно) и вибрации. [13][22]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Tintinalli, Judith E. (2010). „Emergency Medicine: A Comprehensive Study Guide (Emergency Medicine (Tintinalli))“. New York: McGraw-Hill Companies. стр. 177–182. ISBN 0-07-148480-9. 
  2. Oswalt ML, Kemp SF (May 2007). „Anaphylaxis: office management and prevention“. „Immunol Allergy Clin North Am“ 27 (2): 177–91, vi. doi:10.1016/j.iac.2007.03.004. PMID 17493497. „Клинички, постои веројатност дека се работи за анафилакса доколку било кој од трите критериуми е задоволен во рок од неколку минути до неколку часа.“. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Сајмон Ф. Е. (октомври 2009). „Анифлакса: Скорешен напредок во проценка и лекување“. „„J. Allergy Clin. Immunol.““ 124 (4): 625–36; 637–8. doi:10.1016/j.jaci.2009.08.025. PMID 19815109. https://secure.muhealth.org/~ed/students/articles/JAClinImmun_124_p0625.pdf. 
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Маркс, Џон (2010). „„Rosen's emergency medicine“: „concepts and clinical practice 7th edition““. Филаделфија, Пенсилванија: „Mosby/Elsevier“. стр. 15111528. ISBN 978-0-323-05472-0. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 5,8 5,9 Сајмон, ФЕ; Светска алергиска организација (мај, 2010). „„World Allergy Organization survey on global availability of essentials for the assessment and management of anaphylaxis by allergy-immunology specialists in health care settings.“. „Annals of allergy, asthma & immunology : official publication of the American College of Allergy, Asthma, & Immunology““ 104 (5): 405–12. doi:10.1016/j.anai.2010.01.023. PMID 20486330. http://www.csaci.ca/include/files/WAO_Anaphylaxis_Guidelines_2011.pdf. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Sampson HA, Muñoz-Furlong A, Campbell RL, et al. (February 2006). „Second symposium on the definition and management of anaphylaxis: summary report—Second National Institute of Allergy and Infectious Disease/Food Allergy and Anaphylaxis Network symposium“. „J. Allergy Clin. Immunol.“ 117 (2): 391–7. doi:10.1016/j.jaci.2005.12.1303. PMID 16461139. 
  7. 7,0 7,1 Лимсван, Т; Демоли, П (јули, 2010). „Акутни симптоми од хиперсензитивност на лекови (ангиодема, анифилакса, анифилактичен шок).“. „„The Medical clinics of North America““ 94 (4): 691–710, x. doi:10.1016/j.mcna.2010.03.007. PMID 20609858. http://smschile.cl/documentos/cursos2010/MedicalClinicsNorthAmerica/Acute%20Symptoms%20of%20Drug%20Hypersensitivity%20(Urticaria,%20Angioedema,%20Anaphylaxis,%20Anaphylactic%20Shock).pdf. 
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Brown, SG; Mullins, RJ, Gold, MS (2006 Sep 4). „Anaphylaxis: diagnosis and management.“. „The Medical journal of Australia“ 185 (5): 283–9. PMID 16948628. 
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Тиџијани, М; Патела, В, Стаијано, РИ, Граната, Ф, Марун, Г (септември, 2008). „Алергијата и кардиоваскуларниот систем.“. „„Clinical and experimental immunology““ 153 Suppl 1: 7–11. doi:10.1111/j.1365-2249.2008.03714.x. PMID 18721322. PMC: 2515352. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2515352/?tool=pubmed. 
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 10,6 10,7 Ли, Џ. К.; Вадас, П. (јули, 2011). „Анифлакса: механизам и менаџмент.“. „„Clinical and experimental allergy : journal of the British Society for Allergy and Clinical Immunology““ 41 (7): 923–38. doi:10.1111/j.1365-2222.2011.03779.x. PMID 21668816. 
  11. Боден, С. Р.; Весли Буркс, А. (јули, 2011). „Анифлакса: историја на алергии од храна.“. „„Имунолошки преглед““ 242 (1): 247–57. doi:10.1111/j.1600-065X.2011.01028.x. PMID 21682750. 
  12. Worm, M (2010). „Epidemiology of anaphylaxis.“. „Chemical immunology and allergy“ 95: 12–21. PMID 20519879. 
  13. 13,0 13,1 editors, Marianne Gausche-Hill, Susan Fuchs, Loren Yamamoto, (2007). „The pediatric emergency medicine resource“ (Rev. 4. ed. издание). Sudbury, Mass.: Jones & Bartlett. стр. 69. ISBN 9780763744144. http://books.google.ca/books?id=lLVfDC2dh54C&pg=PA69. 
  14. Dewachter, P; Mouton-Faivre, C, Emala, CW (2009 Nov). „Anaphylaxis and anesthesia: controversies and new insights.“. „Anesthesiology“ 111 (5): 1141–50. doi:10.1097/ALN.0b013e3181bbd443. PMID 19858877. 
  15. editor, Mariana C. Castells, (2010). „Anaphylaxis and hypersensitivity reactions“. New York: Humana Press. стр. 223. ISBN 9781603279505. http://books.google.ca/books?id=bEvnfm7V-LIC&pg=PA223. 
  16. 16,0 16,1 16,2 Volcheck, Gerald W. (2009). „Clinical allergy : diagnosis and management“. Totowa, N.J.: Humana Press. стр. 442. ISBN 9781588296160. http://books.google.ca/books?id=pWZLkZB7EW8C&pg=PA442. 
  17. 17,0 17,1 Drain, KL; Volcheck, GW (2001). „Preventing and managing drug-induced anaphylaxis.“. „Drug safety : an international journal of medical toxicology and drug experience“ 24 (11): 843–53. PMID 11665871. 
  18. Klotz, JH; Dorn, PL, Logan, JL, Stevens, L, Pinnas, JL, Schmidt, JO, Klotz, SA (2010 Jun 15). „"Kissing bugs": potential disease vectors and cause of anaphylaxis.“. „Clinical infectious diseases : an official publication of the Infectious Diseases Society of America“ 50 (12): 1629–34. PMID 20462351. 
  19. Bilò, MB (2011 Jul). „Anaphylaxis caused by Hymenoptera stings: from epidemiology to treatment.“. „Allergy“ 66 Suppl 95: 35–7. PMID 21668850. 
  20. Cox, L; Larenas-Linnemann, D, Lockey, RF, Passalacqua, G (2010 Mar). „Speaking the same language: The World Allergy Organization Subcutaneous Immunotherapy Systemic Reaction Grading System.“. „The Journal of allergy and clinical immunology“ 125 (3): 569–74, 574.e1-574.e7. PMID 20144472. 
  21. Bilò, BM; Bonifazi, F (2008 Aug). „Epidemiology of insect-venom anaphylaxis.“. „Current opinion in allergy and clinical immunology“ 8 (4): 330–7. PMID 18596590. 
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 Khan, BQ; Kemp, SF (2011 Aug). „Pathophysiology of anaphylaxis.“. „Current opinion in allergy and clinical immunology“ 11 (4): 319–25. PMID 21659865. 

Надворешни врски[уреди]