Манија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Манија претставува афективно растројство каде расположението е изразито зголемено без некои видливи мотиви и кое еволуира од безгрижна веселост до неконтролирана возбуда.[1] Состојбата е пропратена со зголемена физичка и ментална енергија, која се манифестира со хиперактивност и намалена потреба за спиење. Застапено е и губење на социјалната инхибиција и намалување на тенацитетот (насочување на вниманието) за сметка на расеаноста. Се забележува и нереално и оптимистичко зголемување на самодовербата, а можни се и перцептивни растројста, како што е доживување на живи бои. Однесувањето на субјектите во манична состојба е екстравагантно и непримерно за дадената ситуација. Тие трошат голема сума пари за непотребни нешта, кажуваат невкусни вицеви, започнуваат но и не завршуваат нови работи, се интересираат за се и сешто и сл.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Berrios GE (March 2004). „Of Mania: introduction (Classic text no. 57)“. „Hist Psychiatry“ 15 (57 Pt 1): 105–24. PMID 15104084. 

Надворешни врски[уреди]