Темниот витез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Темниот витез“
Темниот витез.jpg
Режирано од Кристофер Нолан
Продуцент Кристофер Нолан
Чарлс Ровен
Ема Томас
Сценарист Сценарио:
Кристофер Нолан
Џонатан Нолан
Приказна:
Дејвид С. Гојер
Кристофер Нолан
Стрип:
Боб Кејн
Бил Фингер
Настапуваат Кристијан Бејл
Мајкл Кејн
Хит Леџер
Гери Олдмен
Арон Екхарт
Меги Џиленхол
Морган Фримен
Музика Ханс Зимер
Џејмс Њутон Хауард
Кинематографија Вали Фистер
Монтажа Ли Смит
Студио Legendary Pictures
Syncopy Films
DC Comics
Дистрибутер Warner Bros.
Премиера 16 јули, 2008
18 јули, 2008
(САД)
24 јули, 2008
(Обединето Кралство)
Времетраење 152 минути
Држава САД
Јазик Англиски
Буџет $185 милиони[1]
Бруто заработка $1,022,345,358
(низ целиот свет)
Претходен Бетмен почнува

Темниот витез (англиски: The Dark Knight) е американски филм за суперхерој, воедно и криминалистички трилер со ко-сценарио и во режија на Кристофер Нолан. Базиран на ликот на DC Comics Бетмен, филмот е дел од Нолановиот филмски серијал Бетмен и продолжение на филмот Бетмен почнува од 2005. Кристијан Бејл ја репризира главната улога. Филмот ги следи Брус Вејн/Бетмен (Бејл), јавниот обвинител Харви Дент/Две Лица (Арон Екхарт), помошникот јавен обвинител Рејчел Дос (Меги Џиленхол) и полицискиот комесар Џејмс Гордон (Гери Олдмен) во нивните напори да ја спречат новорастечката закана на криминалец кој се нарекува „Џокер“ (Хит Леџер).

Дебито на ликот Џокер во стрип од 1940 и серијалот стрипови од 1996, Долгата Ноќ на вештерките кој раскажува за потеклото на Две-Лица послужиле како инспирација на Нолан. Темниот витез првично бил сниман во Чикаго, како и во неколку други локации во САД, Обединетото Кралство и Хонг Конг. Нолан користел IMAX камера за снимање некои секвенци, вклучувајќи го и првото појавување на Џокер во филмот. На 22 јануари, 2008, по завршување на снимањето на Темниот витез, Хит Леџер умира од комбинација на токсини од препишани лекови што доведе до напнато внимание од страна на печатот и објавување на филмот во јавноста. Warner Bros. отпрвин создале вирална рекламна кампања за Темниот Витез развивајќи промотивни веб-страни и трејлери кои се сосредоточуваат токму на сцени со Леџер како Џокер, но по смртта на Леџер, студиото решава да ја рефокусира својата промотивна кампања.[2][3]

Филмот беше објавен на 16 јули, 2008 во Австралија, на 18 јули, 2008 во Северна Америка, а на 24 јули, 2008 во Обединетото Кралство. Пред дебито на амерканските кино благајни, рекорден број на билети беа однапред купени за премиерата на Темниот витез. Беше примен со позитивни критики веднаш по прикажувањето[4] и стана вториот филм што воопшто има заработено над 500 милиони долари во кино благајните на Северна Америка, меѓувреме поставувајќи уште неколку други рекорди. Филмот исто така е и шесттиот филм со најголема заработувачка низ целиот свет, а четврт од петте филмови кои имаат освоено повеќе од една милијарда долари низ целиот свет.[5] Филмот се здобива со неколку номинации, од кои две за Оскар,[6] за најдобра звучна монтажа и најдобар актер во споредна улога за изведбата на Леџер.

Синопсис[уреди]

Актерска екипа[уреди]

Актерската екипа на Темниот витез на европската премиера во Лондон. Од лево кон десно: Режисерот Кристофер Нолан, продуцентите Ема Томас и Чарлс Ровен, актерите Моник Курнан, Мајкл Кејн, Арон Екхарт, Меги Џиленхол и Кристијан Бејл.
  • Кристијан Бејл како Брус Вејн / Бетмен, милијардер посветен да го штити Готам Сити од криминалното подземје преку ноќ. Бејл вели дека бил сигурен во својот избор да ја репризира улогата поради позитивниот одѕив на неговата изведба во Бетмен почнува.[7] Тој продолжил со тренирање на т.н. боречки метод Кејси (англиски: Keysi Fighting Method) и сам извел неколку каскадерски сцени,[7][8] но не се здобил со голема мускулна маса како во претходниот филм, бидејќи новиот костим му овозможил да се движи со поголема агилност.[9] Бејл ја опишува дилемата на Бетмен како „[неговата крстоносна војна е] нешто што има крај. Дали може да се откаже и да води обичен живот? Тој вид на манијачка јачина, која човек мора да ја има да ја оддржи страста и лутината која ја почувствувал како дете, бара напор за да опстане. Во некој дел од животот, морате да ги истиснете демоните.“[10] Тој додава, „Сега немате само повреден младич кој се обидува да најде некаков одговор, имате некој кој всушност има моќ, кој е ограничен од таа моќ и мора да ја препознае разликата помеѓу опстојувањето на таа моќ и воздржувањето на користење на истата.“[1] Бејл чувствува дека карактерот на Бетмен веќе е цврсто етаблиран уште во првиот филм, поради што е несвојствено да биде обземен од негативците, изјавувајќи: „Немам никаков проблем да се натпреварувам со некого. Тоа всушност го прави филмот подобар.“[11]
  • Хит Леџер како Џокер. Пред да биде потврдено дека Леџер ќе го игра Џокерот во јули 2006, Пол Бетани,[12] Лаки Хам,[13] Адријен Броди,[14] Стив Карел[15] и Робин Вилијамс[16] јавно објавија интерес за играње на улогата. Бидејќи Нолан уште порано сакал да работи со Леџер, а бидејќи не му се укажала можност, се согласил на Леџеровата хаотична интерпретација на ликот.[17] Кога Леџер го изгледал Бетмен почнува, тој смислил начин ликот да биде доследен на тонот на филмот:[18] тој го опишува неговиот Џокер како „психопатски, масовно убиствен, шизофренички кловн без чувства.“[19]

    За да се подготви за улогата, цел месец Леџер живеел сам во хотелска соба, формулирајќи го држењето, гласот и карактерот на ликот и водејќи дневник, во кој ги запишувал мислите и чувстватa на Џокер.[11][20] Иако отпрвин тешко, Леџер некако успеал да изнајде глас различен од оној на Џек Николсон во филмот Бетмен од 1989 на Тим Бартон.[19][20] Му биле дадени и Batman: The Killing Joke и Arkham Asylum: A Serious House on Serious Earth, кои „навистина се обидов да ги прочитам и да ги оставам.“[18] Леџер ги цитираше Пеколен часовник и Сид Вишос како „рана појдовна точка за Кристијан [Бејл] и мене. Но многу брзо одлетавме од таа точка во сосем друг свет.“[21][22] „Има од сè по малку во него. Но, ништо толку доследно,“ изјавува Леџер и надополнува, „Сè уште има неколку изненадувања за него.“[21] На Леџер му било дозволено да ги снима и воопшто режира видеата кои Џокер ги праќа како предупредувања. Секое снимање кое го направил се разликувало од претходното. Нолан бил доволно воодушевен од првото видео, поради што одлучил да не присуствува кога Леџер го снимал видеото со киднапираниот новинар (Ентони Мајкл Хол).[23]

    На 22 јануари, 2008, откако завршил со снимањето на Темниот витез, Леџер умира од предозирање од препишани лекови, доведувајќи до напнато внимание од страна на печатот и признанија во спомен на Леџер. „Беше премногу емотивно, откако почина, што морав да се враќам и да го гледам секој ден [за време на монтажата],“ се сеќава Нолан. „Но во суштина, се чувствувам многу среќно што имам нешто волку продуктивно за работа, што имам изведба со која тој толку многу се гордееше и што ми веруваше да завршам.“[22] Сите сцени со Леџер се прикажани какви што ги завршил за време на снимањето; за време на монтажата, Нолан не додал никакви „дигитални ефекти“ за да на кој било начин ја промени изведбата на Леџер.[24] Нолан го посветува филмот во спомен на Леџер.[25][26]

  • Гери Олдмен како Џејмс Гордон, поручник во полицискиот оддел на Готам Сити и еден од малкуте полициски офицери кои не се корумпирани. Тој формира незначаен, неофицијален сојуз со Бетмен и Дент. Кога Џокер го убива полицискиот комесар Лоуб, градоначалникот Гарсија му ја дава својата позиција на Гордон. Олдмен го опишува својот лик како „некорумпирачки, чесен, силен, херојски, но дискретен.“[27] Нолан објаснува дека Долгата Ноќ на вештерките има одлична, триаголна врска помеѓу Харви Дент, Гордон и Бетмен, а токму од таму црпевме многу.“[28] Олдмен додава дека „Гордон има голем восхит кон него на самиот крај, но [Бетмен] е повеќе од кога било темниот витез, аутсајдерот. Ме интересира да видам: Ако има трет дел, што тој ќе прави?“[28] За можноста на друго продолжение, тој вели дека „враќањето [на улогата] не зависи од тоа дали улогата ќе биде поголема од претходната.“[29]
  • Арон Екхарт како Харви Дент / Две-Лица, јавниот правобранител кој е наречен „Белиот витез“ на Готам. Борбата помеѓу Дент и Џокер го трансформира Дент во убиствен, нагрден вигилант наречен „Две-Лица“.[30][31] Вејн го смета Дент за негов наследник, сфаќајќи дека Бетмен ќе биде животнодолга мисија и возвишувајќи го падот на Дент.[26] Нолан и Дејвид С. Гојер размислувале да го вметнат Дент во Бетмен почнува, но го заменуваат со новиот лик Рејчел Дос кога сфаќаат дека тој „не може да врши правда“.[32] Пред да биде одбран Екхарт во февруари, 2007, Лиев Шрајбер,[33] Џош Лукас[34] и Рајан Филипи[35] имаат објавено интерес за улогата,[36] додека Марк Рафало отишол на аудиција.[37] Хју Џекмен истотака бил земен предвид за улогата. Нолан го одбрал Екхарт, кој го имал на ум за главната улога во Мементо, истакнувајќи ја неговата „необична“ способност како актер, неговото овоплотување на „квалитетот на еден американски херој“ проектиран од Роберт Редфорд, и неговата поттекстна „острица“.[11]

    Екхарт бил „заинтересиран во преобразбата на добар лик во лош“ и имал играно корумпирани ликови во Црната Далија, Благодариме за пушењето и Во друштво на луѓе. Иако Две-Лица е злобен негативец во стриповите, Нолан се одлучил да го прикаже како растроен вигилант, со цел да ја нагласи неговата улога како соперник на Бетмен. Екхарт објаснува, „[Тој] е сè уште искрен кон себе. Тој е борец против криминалот, тој не убива добри луѓе. Не е лош тип, барем не целосно.“[30][31] За Дент, Екахрт постојано мислел на семејството Кенеди, особено Роберт Ф. Кенеди, кој беше бил „идеалистичен, полн со завист и се придружи на мафијата“. Неговата коса била направена постилски и посветла за да изгледа по допадливо и енергично. Нолан му нагласил на Екхарт да не го прикаже Две-Лица како „шегобиец со откачени звуци или трикови.“[38]

  • Меги Џиленхол како Рејчел Дос, помошник јавен обвинител на Готам Сити и пријателка од детството на Вејн. Пред настаните од филмот, таа му кажува на Вејн дека ако некогаш реши да не биде Бетмен, ќе бидат заедно. Таа е една од неколкуте кои го знаат вистинскиот идентитет на Бетмен. Џиленхол ја презема улогата од Кејти Холмс, која ја играше во Бетмен почнува. Во август 2005, Холмс јавно изјави дека планира да ја репризира улогата,[39] но на крајот ја одбива за да работи на Луди пари со Дајана Китон и Квин Латифа.[40] До март 2007, Џиленхол беше во „завршни преговори“ за улогата.[41] Џиленхол однапред знаела дека нејзиниот лик е дама во опасност, но вели дека Нолан изнајдол начин да го засили нејзиниот лик, затоа „Рејчел е повеќе од јасна околу тоа што и е важно и не дозволува да ги компромитира своите морали, што е добра промена“ од многуте конфликитни ликови кој претходно ги има толкувано.[42]
  • Мајкл Кејн како Алфред Пениворт, лојалниот батлер и советник на Вејн. Неговата „залиха“ корисни совети за Вејн и неговото влијание како негова таткова фигура во животот на доведува да бие наречен „Бетменот на бетмен“.[43][44]

Продукција[уреди]

Снимање[уреди]

Ефекти[уреди]

Музика[уреди]

Издавање[уреди]

Маркетинг[уреди]

Прифатеност[уреди]

Критичка прифатеност[уреди]

Кино благајни[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 David M. Halbfinger. „A Director Confronts Darkness and Death“, „The New York Times“, nytimes.com, 9 март 2008 (конс. 8 март 2008).
  2. Marshall Crook and Peter Sanders. „Advertising: Will Marketing Change After Star's Death?“, „The Wall Street Journal“, online.wsj.com, 24 јануари 2008, стр. B1 (конс. 4 јуни 2008).
  3. Ledger's Death Puts Last Films in a Bind“, „CNN.com Entertainment“, cnn.com, 24 јануари 2008 (конс. 10 јули 2008).
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име meta.
  5. „All Time Worldwide Box Office Grosses“. Boxofficemojo.com. http://boxofficemojo.com/alltime/world/. конс. 19 декември 2009. 
  6. „Oscar - 81st Annual Acedemy Award nominees“. http://www.oscar.com/nominees/?pn=nominees. 
  7. 7,0 7,1 WWC – 'The Dark Knight' Panel“, „wizarduniverse.com“, Wizard Entertainment, 11 август, 2007 (конс. 10 ноември, 2008).
  8. „Dark Knight: Christian Bale: Batman/Bruce Wayne“. „keysikfm.com“. Keysi Fighting Method. архивирано од оригиналот на 12 јуни, 2008. http://web.archive.org/web/20080612174046/http://www.keysikfm.com/darkknight.php. конс. 8 јули, 2008. 
  9. Joker's Wild“, „wizarduniverse.com“, Wizard Entertainment, 11 февруари, 2008 (конс. 11 февруари, 2008).[мртва врска]
  10. Beale, Lewis. „Fast Chat: Christian Bale“, „Newsday“, Tribune Company, 15 јули, 2007 (конс. 19 април, 2008).
  11. 11,0 11,1 11,2 Jolin, Dan (January 2008). „Fear Has a Face“. „Empire“ (Bauer Verlagsgruppe) 223: 87–88. http://www.empireonline.com/magazine/covers/image.asp?id=24227&gallery=1365&caption=%23223%20%28January%202008%29. конс. 8 јули, 2008. 
  12. Chavez, Kellvin. „Bettany Talks Batman Begins Sequel!“, „latinoreview.com“, Latino Review, 28 јануари, 2006 (конс. 31 јули, 2006).
  13. Beall, Mark. „Lachy Hulme Talks Joker“, „cinematical.com“, Moviefone, 30 мај, 2006 (конс. 31 јули, 2006).
  14. Stax. „That Joker Adrien Brody“, „IGN Comics“, News Corporation, 9 јануари, 2006 (конс. 31 јули, 2006).
  15. Saney, Daniel. „Steve Carell to play The Joker?“, „digitalspy.co.uk“, Digital Spy, 21 септември, 2005 (конс. 9 декември, 2007).
  16. Otto, Jeff. „Robin Williams, Joker?“, „IGN“, News Corporation, 26 јуни, 2006 (конс. 31 јули, 2006).
  17. Stax. „IGN interviews Christopher Nolan“, „IGN Movies“, News Corporation, 6 декември, 2007 (конс. 3 јуни, 2008).
  18. 18,0 18,1 Lesnick, Silas. „IESB Exclusive: Heath Ledger Talks the Joker!“, „The Movie Reporter“, IESB.net, 10 ноември, 2007 (конс. 12 ноември, 2007).
  19. 19,0 19,1 Lyall, Sarah. „Movies: In Stetson or Wig, He's Hard to Pin Down“, „The New York Times“, The New York Times Company, 4 ноември, 2007 (конс. 8 јули, 2008).
  20. 20,0 20,1 Richards, Olly. „World Exclusive: The Joker Speaks: He's a Cold-blooded Mass-murdering Clown“, „Empire“, Bauer Verlagsgruppe, 28 ноември, 2007 (конс. 8 јули, 2008).
  21. 21,0 21,1 Horowitz, Josh. „Heath Ledger Says His Joker Has 'Zero Empathy' “, „MTV Movies Blog“, MTV, 10 ноември, 2007 (конс. 12 ноември, 2007).
  22. 22,0 22,1 Carroll, Larry. „'Dark Knight' Stars, Director Want Film To 'Celebrate' Heath Ledger's Work“, „MTV Movies Blog“, MTV, 18 март, 2008 (конс. 5 јуни, 2008).
  23. Nolan Talks DARK KNIGHT Blu-ray, A 100,000 Person Screening Of The Film (Featuring Live Q & A w/ Nolan), TDK Sequel, And More!!“, „Ain't It Cool News“, 5 декември, 2008 (конс. 6 декември, 2008).
  24. Brown, Scott. „Dark Knight Director Shuns Digital Effects for the Real Thing“, „Wired“, Condé Nast Publications, 24 јуни, 2008 (конс. 24 јуни, 2008).
  25. Dark Knight Dedicated to Ledger“, „BBC News Online“, 27 јуни, 2008 (конс. 27 јуни, 2008).
  26. 26,0 26,1 Jolin, Dan (July 2008). „The Dark Knight“. „Empire“ (Bauer Verlagsgruppe) 228: 92–100. 
  27. Fischer, Paul (9 јули, 2008). „Exclusive Interview: Gary Oldman for "The Dark Knight"“. „Darkhorizons.com“. Dark Horizons Multimedia. http://www.darkhorizons.com/interviews/dk4.php. конс. 22 јули, 2008. 
  28. 28,0 28,1 Carroll, Larry. „In 'Dark Knight,' The Often-Incompetent Jim Gordon Actually Knows What He's Doing“, „MTV Movie News“, MTV, 10 јули, 2008 (конс. 22 јули, 2008).
  29. Brevet, Brad (18 јули, 2008). „Gary Oldman Discusses His Role as Jim Gordon in 'The Dark Knight'“. „RopeofSilicon.com“. Ropeofsilicon. http://www.ropeofsilicon.com/article/gary_oldman_discusses_his_role_as_jim_gordon_in_the_dark_knight. конс. 22 јули, 2008. 
  30. 30,0 30,1 Boucher, Geoff. „Aaron Eckhart: Not Just Another Pretty Face in 'The Dark Knight' “, „Los Angeles Times“, Tribune Company, 3 мај, 2008 (конс. 3 мај, 2008).
  31. 31,0 31,1 Purdin, Rickey. „(Dark Knight Exclusive): Aaron Eckhart Q&A“, „wizarduniverse.com“, Wizard Entertainment, 4 март, 2008 (конс. 1 јуни, 2008).
  32. Christopher Nolan and David S. Goyer (2007). „Introduction“. „Absolute Batman: The Long Halloween“. London: Titan. ISBN 9781401212827. http://www.dccomics.com/comics/?cm=6764. 
  33. Chavez, Kellvin. „Video Interview: Schreiber & Stiles on The Omen!“, „latinoreview.com“, Latino Review, 31 мај, 2005 (конс. 15 август, 2006).
  34. Carroll, Larry. „Movie File: Brad Pitt, Chevy Chase, Ben Stiller, Owen Wilson, Josh Lucas & More“, „MTV.com“, MTV, 21 април, 2006 (конс. 31 јули, 2006).
  35. Stax. „Phillippe Talks Two-Face“, „IGN“, News Corporation, 2 февруари, 2007 (конс. 2 февруари, 2007).
  36. McNary, Dave (15 февруари, 2007). „Eckhart Set As Two-Face“. „Variety“ (Reed Business Information). http://www.variety.com/article/VR1117959570.html?categoryid=13&cs=1. конс. 15 февруари, 2007. 
  37. Seijas, Casey. „Mark Ruffalo Discusses His Try-Out For Harvey Dent/Two-Face Role In 'The Dark Knight'“, „MTV Splash Page“, 2 октомври, 2008 (конс. 3 октомври, 2008).
  38. Keck, William. „Aaron Eckhart puts on his best acting face“, „USA Today“, Gannett Company, 29 јули, 2008 (конс. 16 ноември, 2008).
  39. Batman Begins Sequel Is Moving Along“, „cinescape.com“, Cinescape, 10 август, 2005 (конс. 4 август, 2006).
  40. Adler, Shawn. „'Dark Knight' Absentee Katie Holmes Full Of Regrets? 'Not At All,' Actress Says“, „MTV News“, 14 јануари, 2008 (конс. 9 јануари, 2009).
  41. McClintock, Pamela (8 март, 2007). „Gyllenhaal Joining Batman Sequel“. Reed Business Information. http://www.variety.com/article/VR1117960782.html?categoryid=13&cs=1. конс. 8 март, 2007. 
  42. Williams, Andrew. „Gyllenhaal Talks Sexy Underwear“, „Metro“, Associated Newspapers Ltd, 6 јануари, 2008 (конс. 8 јануари, 2008).
  43. Mackie, Rob. „Batman Begins review“, „The Guardian“, 21 октомври, 2005 (конс. 20 февруари, 2007).
  44. Tilley, Steve. „Michael Caine one tough butler“, „CANOE“, Edmonton Sun, 13 јуни, 2005 (конс. 20 февруари, 2007).
  45. Getlen, Larry (13 јули, 2008). „MORGAN FREEMAN: HOW I MENTORED BATMAN“. „New York Post“. https://www.nypost.com/seven/07132008/entertainment/movies/morgan_freeman__how_i_mentored_batman_119635.htm. конс. 14 септември, 2008. [мртва врска]
  46. Kane, Michael. „Heroic Save: 20-Year Old Career Skid Ends with Super Roles“, „New York Post“, News Corporation, 14 мај, 2007 (конс. 14 мај, 2007).
  47. Adler, Shawn (17 декември, 2007). „'Dark Knight' Trailer: Shot-By-Shot Analysis Uncovers Clues About Batman's Next Fight“. MTV. http://www.mtv.com/movies/news/articles/1576589/story.jhtml. конс. 14 септември, 2008. 

Надворешни врски[уреди]