Пеколен портокал (филм)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Пеколен портокал“
Clockwork orangeA.jpg
Оригинален постер
Режирано од Стенли Кјубрик
Продуцент Стенли Кјубрик
Сценарист Стенли Кјубрик
Ентони Бургес
Настапуваат Малколм Мекдауел
Музика Венди Карлос
Кинематографија Џон Алкот
Монтажа Бил Батлер
Дистрибутер Warner Bros.
Премиера 19 декември 1971
Времетраење 136 мин.
Држава Обединето Кралство Обединето Кралство
Јазик Англиски
Буџет $2.2 милиони
Бруто заработка $26,589,355

Пеколен портокал (англиски: A Clockwork Orange), снимен во 1971 година е крими-драма-трилер филмска адаптација на истоимениот роман од 1962 година, напишан од Ентони Бурџис (англиски: Anthony Burgess). Адаптацијата е продуцирана, напишана и режирана од Стенли Кјубрик. Главната улога на харизматичниот и психопатски деликвент Алекс ДеЛарџ ја игра Малколм Мекдауел.

Пеколен портокал содржи вознемирувачка, насилна сликовитост преку која ја истражува социјалната позадина на младинските банди и другите теми на футуристичкото дистописко општество. Саундтракот на филмот се состои главно од класична музичка селекција и композиции на Венди Карлос изведени на Moog синтисајзер.

Кратка содржина[уреди]

Поставен во Англија во 1995 година, филмот го следи животот на тинејџерот Алекс ДеЛарџ чии задоволства вклучуваат класична музика (најмногу Бетовен), силување и екстремно насилство. Тој е лидер на мала банда насилници, кои ги ословува како негови „droogs“(од рускиот збор друг кој значи „пријател“ или „братко“). Алекс го раскажува поголем дел од филмот во „надсат“: фрактуриран, современ адолесцентски сленг кој се состои од словенски (посебно руски), англиски и кокни сленгови во рима. Алекс е дрзок и склон кон злоставување на другите; ги лаже родителите за да избега од училиште и има скап стерео систем од кој одекнува колекцијата на класични музички снимки.

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: