Бетмен почнува

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Бетмен Почнува“
Бетмен почнува.jpg
Режирано од Кристофер Нолан
Продуцент Ема Томас
Чарлс Ровен
Лери Џ. Франко
Сценарист Screenplay:
Кристофер Нолан
Дејвид С. Гојер
Story:
Дејвид С. Гојер
Characters:
Боб Кејн
Бил Фингер (uncredited)
Настапуваат Кристијан Бејл
Мајкл Кејн
Лиам Нисон
Кејти Холмс
Гери Олдман
Cillian Murphy
Морган Фриман
Том Вилкинсон
Rutger Hauer
Ken Watanabe
Музика Ханс Зимер
Џејмс Њутон Хауард
Кинематографија Вали Фистер
Монтажа Ли Смит
Дистрибутер Warner Bros. Pictures
Премиера 15 Јуни, 2005
Времетраење 140 мин.
Држава Соединети Држави
Јазик Англиски
Буџет $150 милиони
Бруто заработка Domestic:
$205,343,774
Worldwide:
$371,853,783
Следен Темниот витез (2008)

Бетмен започнува е суперхерјоски акционен филм од 2005 година базиран на ликот Бетмен од стриповите од компанијата ДЦ (DC), во режија на Кристофер Нолан. Улогите ги толкуваат Кристијан Бејл како Бетмен заедно со Мајкл Кејн, Лијам Нисон, Кејти Холмс, Гери Одлман, Килијан Марфи, Морган Фримен, Кен Ветанабе, Том Вилкинсон и Рутгер Хауер. Филмот од ново ја започнува серијалот за Бетмен, раскажувајќи ја приказната за потеклото на ликот и започнува со првичниот страв на Брус Вејн од лилјаци, смртта на неговите родители, и неговиот пат кон станувањето Бетмен. Филмот црпи инспирација од класичните приказни од стриповите „Човекот кој паѓа (The Man Who Falls), Бетмен: Прва година (Batman: Year One), и Бетмен: Долгата ноќ на вештерките (Batman: The Long Halloween). По серијата неуспешни проекти за оживување на Бетмен на големите екрани по критичниот неуспех на филмот од 1997 година Бетмен и Робин (Batman & Robin), Нолан и Дејвид С. Гојер започнаа со работа на филмот во текот на почетокот на 2003 година и се стремеа кон помрачен и реален тон, со тоа што хуманоста и реализмот ќе бидат основа на филмот. Целта на сето тоа била публиката да се грижи за Бетмен и Брус Вејн. Филмот, кој главно бил сниман во Англија и Чикаго, се потпирал на традицинално каскадерство а компјутерски генерираната графика била минимално користена. За потребите на филмот биле креирани нов бетмобил (наречен Акробат) и повеќе мобилен Бет-костим. Бетмен започнува забележа критичен и комерцијален успех. Филмот ја имаше својата премиера на 15 јуни 2005 година, во САД и Канада во 3 858 театри. Во текот на првиот викенд на прикажување филмот отстварил профит од 48 милиони американски долари, за на крај да забележи заработка од вкупно 372 милиони американски долари во целиот свет. Филмот доби одобрувачка критика од околу 85 проценти од веб страната Rotten Tomatoes. Критичарите изјавија дека стравот бил честа тема во текот на филмот, и забележале дека за разлика од претходните филмови за Бетмен, овој филм имал помрачен тон. Овој филм бил почетокот на трилогијата за Бетмен на Нолан; продолжението со наслов Мрачниот витез ја имаше својата премиера во јули 2008 година и повторно ги врати заедно Нолан и Бејл, а уште едно продолжение со наслов ,,Мрачниот витез се издигнува” има закажана премиера за јули 2012 година.

Заплет[уреди]

Како дете, Брус Вејн паѓа во еден напуштен бунар исполнет со лилјаци, и благодарејќи на тој настан тој развива фобија, а подоцна е сведок на убиството на неговите родители од страна на крадецот Џо Чил. Години подоцна, Чил добива условно пуштање на слобода во замена за сведочење против криминалниот шеф Кармајн Фалконе. Брус, сега веќе млад човек, оди на судењето со намера да пука во Чил, но еден од атентаторите на Фалконе пука прв. Брус се доверува во неговата пријателка од детството Рејчел Дос, која сега е окружен обвинител во Готам сити, и таа е згрозена од желбата за одмазда на Брус. Брус го напушта Готам со желба да научи како функционира криминалното подземје, со надеж дека ќе се здобие со потребните вештини кои ќе му овозможат да го ослободи Готам од криминалот и корупцијата кои се закана за градот. Во еден затвор, тој го сретнува Дукард, кој се нуди да го обучи Брус да биде нинџа и да биде дел од Лигата на сенките која е предводена од Раз ал Гул. Кога тој го завршува својот тренинг, всушност ја дознава вистинската намера на Лигата: да го ослободат Готам од злото кое го опкружува со тоа што ќе го уништат градот. Тој го гори храмот на Лигата, при тоа убивајќи го Раз, а во исто време спасувајќи му го животот на Дукард. Брус се враќа во Готам. Додека тој јавно се претставува како безгрижен плејбој, тој пројавува интерес за неговата семејна компанија, Вејн ентерпрајзез (Wayne Enterprises), која е технолошки и одбранбен конгломерат предводен од страна на бескрупулозниот директор Вилијам Ерл, кој има намера да ја даде компанијата на продажба. Брус се сретнува со Лусиус Фокс, кој му претставува неколку експериментални прототип технологии, вклучувајќи и оклопно возило и заштитен оклоп за телото, кој Брус го користи како дел од неговото алтер-его Бетмен. Како Бетмен, Брус пресретнува илегална пратка на друга, овозможувајќи му на наредникот Џим Гордон и полицијата на Готам да го уапсат претходно недопирливиот Фалконе. Во меѓувреме, еден товарен брод на Вејн ентерпрајзез е нападнат, и украдено е експериментално оружје наречено ,,Микробранов емитер” кое користи микробранови за испарување на резервите на вода на непријателот. Назад во Готам, Фалконе и неговите приврзаници се прогласени како ментално неспособни за судење и се префрлени во болницата за душевно болни ,,Аркам” од страна на корумпираниот Др. Џонатан Крејн, кој го користел Фалконе за внесување на опасни халуциногени дроги кои предизвикуваат психоза. Крејн го изложува Фалконе на отровот и става маска на својата глава, а со тоа го полудува Фалконе од страв бидејќи личи на „Страшило“. Додека го истражува Крејн, Бетмен е, исто така, изложен на дрогата и е спасен од страна на Алфред и го добива противотровот од Фокс. Рејчел оди во Аркам, каде Крејн открива дека тој истурал од отровот во водените резерви на Готам пред да ја искористи дрогата на нејзе. Бетмен ја спасува, а воедно го изложува Крејн на неговиот отров и го испрашува. Крејн открива дека отровот е безопасен во течна форма и е само опасен кога ќе биде вдишан. Бетмен ја вакцинира Рејчел со противотровот и í дава две ампули, една за наредникот Гордон а другата за масовно производство. На неговата роденденска прослава во палатата Вејн, Брус се соочува со Дукард, кој открива дека тој всушност е Раз ал Гул. Брус глуми дека е пијан и се ослободува од гостите, останувајќи сам со Раз и неговите нинџи. Раз го открива својот план за да го уништи Готам: со тоа што го украл Микробрановиот емитер и соработката со Крејн, тие имале за намера да ги испарат отровните водени резерви на градот, создавајќи масовна хистерија и насилство. Лигата ја пали палатата а Брус е заглавен внатре, но е спасен од страна на Алфред. Како што Лигата започнува да го ослободува отровот, Бетмен ја спасува Рејчел од толпа луѓе кои се под дејство на отровот и го открива неговиот вистински идентитет пред нејзе. Тој му го доверува Бетмобилот на наредникот Гордон и продолжува да го гони Раз, кој го користи системот на возови на Готам за да го ослободи отровот низ целиот град. Бетмен се соочува со Раз на возот и бега токму пред Гордон да ги разнесе шините, оставајќи го Раз да умре во сударот. Бетмен станува јавен херој, но во исто време тој ја губи Рејчел, која не може во исто време да ги сака Брус и Бетмен. Брус ги откупува мнозинството акции во ново формираната компанија Вејн ентерпрајзез, го отпушта Ерл и го сменува со Фокс. Џим Гордон е унапреден во поручник. Тој му го покажува на Бетмен новиот Бет-сигнал и му спомнува дека има нов маскиран криминалец кој остава карти со Џокери на местото на злосторот. Бетмен ветува дека ќе го истражи тоа и исчезнува во ноќта.

Во главните улоги[уреди]

  • Кристијан Бејл во улогата на Брус Вејн/Бетмен. Вејн е индустријалист милијардер чии родители се убиени од страна на крадец кога тој имал само осум години. Патувајќи низ светот неколку години барајќи начин за борба против неправдата, тој се враќа во Готам. Навечер, Брус станува Бетмен, заштитинкот одметник на Готам сити. Бејл ја доби улогата на 11 септември 2003 година, бидејќи тој изразил интерес за Бетмен уште од времето кога Дарен Аронофски планирал негова сопствена филмска адаптација.Некои од раните кандидати за улогата на Бетмен/Брус Вејн били Били Крудуп, Џејк Џиленхол, Хју Денси, Џошуа Џексон, Ејон Бејли и Килијан Марфи..Бејл мислел дека претходните филмови погрешно го искористиле ликот на Бетмен, давајќи акцент на злосторниците..За најдобро да го прикаже Бетмен, Бејл ги проучувал стриповите и илустрациите од супер херојот..Режисерот Нолан изјавил за Бејл дека, „Тој имаше точен баланс меѓу темнината и светлината кој го баравме.Гојер изјави дека додека некои актери можат одлично да го прикажат Брус Вејн или Бетмен, сепак Бејч ќе прикаже радикални спротивни личности.Бејл го опишал толкувањето на улогата како прикажвање на четири ликови: Гневниот лик на Бетмен; плиткиот лик на плејбојот кој Брус го користи за да не биде сомнителен; одмаздољубивиот млад човек; и постариот, гневен Брус кој ја открива својата цел во животот.Бејл воопшто не го сакал својот костим, кој редовно бил неподносливо топол, а токму тоа му помогнало нему да стапи во потребното расипано расположение Тој изјавил, „Бетмен треба да биде страшен, а вие станувате ѕвер во тој костим, како што впрочем треба да биде Бетмен - не човек во костим, туку различно суштество.Бидејќи тој изгубил голем дел од својата тежина при подготовка за својот филм „Машинист“, Бејл најмил личен тренер кој ќе му помогне да се здобие со 45 килограми во текот на само неколку месеци со цел да му помогне физички да се подготви за улогата. Тој најпрвин ја преминал тежината која била потребна и се загрижил дали ќе изгледа правилно за улогата. Бејл сфатил дека неговата телесна градба не е соодветна за Бетмен, кој се потпира на брзина и стратегија. Тој ја изгуби дополнителната тежина токму во периодот кога филмот започнал со снимање..Ликот на Брус Вејн на осум годишна возраст беше толкуван од Гас Луис.
  • Мајкл Кејн во улогата на Алфред Пениворт. Верниот батлер на родителите на Брус Вејн, кој продолжува со својата лојална служба кон нивниот син по нивната смрт. Тој е најблиското доверливо лице на Брус Вејн. Нолан мислел дека Кејн најефективно ќе ја толкува улогата на очув на ликот на Брус.Иако е опишано дека семејството на Алфред им служеле на семејството Вејн со генерации, Кејн создал негова сопствена приказна дека пред да стане батлер за семејството Вејн, Алфред служел во Специјалната воздухопловна служба на Британија. Откако бил ранет, тој бил поканет да биде батлер на семејствто Вејн од страна на Томас Вејн бидејќи, „Тој сакал батлер, но тоа требало да биде некој кој е поцврст, знаете? "
  • Лијам Нисон во улогата на Раз ал Гул. Под псевдонимот Хенри Дукард, Раз го тренира Брус во уметноста на нинџицу, која е форма на боречка вештина. Сценаристот Дејвид Гојер изјавил дека Раз е најкомплцирираниот злосторник од светот на Бетмен, споредувајќи го со Осама бин Ладен; „Тој не е луд како останатите злосторници од светот на Бетмен. Тој не бара одмазда; всушност се обидува да го зацели светот. Со разлика што тој го прави тоа на многу драконски начин.Кристофер Нолан дискутирал со неговиот колега од филмот Мементо, Гај Ричи за улогата на Раз ал Гул, но и двајцата одлучиле дека тој е премногу млад за тој лик. Нисон вообичаено толкува ликови кои се ментори, па затоа откровението дека неговиот лик е главниот злосторник имало за цел да ја шокира публиката.
  • Килијан Марфи во улогата на Др. Џонатан Крејн/Плашилото. Тој е психолог-фармаколог кој равоти во болницата за душевно болни „Аркам“ и развил токсини кои предизвикуваат страв. Тој ја презема улогата на Страшилото за време на своите експерименти, каде тој ги користи своите пациенти како човечки лабораториски субјекти за неговите токсини. Тој соработува со Раз ал Гул и Кармајн Фалконе. Нолан одличил ирскиот актер Килијан Марфи да не ја игра улогата на Бетмен, пред да му ја додели улогата на Страшилото..Марфи прочитал голем број на стрипови каде бил присутен ликот на Страшилото, и во соработка со Нолан тој дискутирал за тоа ликот да биде помалку театрален. Марфи објаснува, „Сакав да избегнам ликот да биде сличен на Ворцел Гамиџ, бидејќи тој (Страшилото) не е многу физички импозантен маж - тој повеќе е заинтересиран за манипулацијата врз умот и што тоа може да предизвика."
  • Том Вилкинсон во улогата на Кармајн Фалконе. Владетелот на криминалното подземје на Готам сити. Тој ја делел својата затвроска келија со Џо Чил откако тој ги убил родителите на Вејн. Тој го нарачал убиството на Чил, кога овој решил да сведоичи против Фалконе. Тој влегува во бизнис со Др. Џонатан Крејн и Раз ал Гул со тоа што шверцува токсини кои предизвикуваат страв и ги истурал во водените резерви на градот.
  • Кејти Холмс во улогата на Рејчел Дос. Таа е пријателка на Брус од неговото детство која служи како помошник окружен обвинител, борејќи се против корупцијата во градот. Нолан наишол на „огромна топлина и емоционална привлечност“ кај Холмс, и тој исто така, почувствувал дека „таа има зрелост несоодветна за нејзините години која е суштинска за идејата дека Рејќел е моралната совест на Брус“. Сара Мишел Гелар и Рејчел Мекадамс биле земени предвид за улогата.Ема Локхарт ја толкува улогата на младата Рејчел Дос.
  • Гери Олдман во улогата на наредникот Џејмс Гордон. Еден од малкуте некорумпирани полициски офицери во Готам сити. Тој бил дежурниот офицер вечерта кога беа убиени родителите на Брус Вејн. На тој начин, тој има специјален однос со возрасниот Брус и на со тоа и Бетмен. Нолан првично сакал Олдман да биде злосторник, но кога Крис Купер ја одбил улогата на наредникот Гордон со цел да биде со неговото семејство тој одлучил дека ќе биде освежувачки Олдман да ја толкува улогата на Гордон..„Јас ги отелотворувам темите на филмот кои се вредноста на семејството, храброста и сочувствувањето и чувството за правилно и погрешно, добро и лошо и правда“, вели Олдман за својот лик. Повеќето од своите сцени Олдман ги сними во Британија.Гојер изјавил дека Олдман многу наликувал на Гордон од стриповите на Дејвид Мазукели - Бетмен: Прва година.
  • Морган Фримен во улогата на Лусиус Фокс. Високо рангиран вработен во компанијата Вејн ентерпрајзез кој бил деградиран да работи во одделот за Применета наука, каде тој спроведува напредни истражувања од полето на биохемијата и механичкото инженерство. Фокс го снабдува Брус со поголемиот дел од потребната опрема за мисијата на Бетмен и тој е унапреден во генерален директор кој Брус повторно ќе ја преземе компанијата во свои раце на крајот од филмот. Фримен бил првиот и единствениот избор на Гојер за улогата на Фокс.

Останатите членови на актерскиот тим се Рутгер Хауер во улогата на Вилијам Ерл, генерален директор на Вејн ентерпрајзез кој ја дава компанијата на продажба во периодот кога Брус Вејн е отсутен подолго време; Марк Бун Џуниор во улогата на корумпираниот партнер на Гордон, детективот Арнлод Флас; Кен Ветанабе во улогата на лажниот Раз ал Гул; Лери Холден во улогата на окружниот обвинител Карл Финч; Колин Мекфарлан во улогата на полицискиот комисар Гилијан Б. Лоуб; Лајнус Роаш и Сара Стјуарт во улогите на Томас и Марта Вејн, родителите на Брус; Ричард Брејк во улогата на Џо Чил, убиецот на родителите на Брус; Џерард Марфи во улогата на корумпираниот судија Фаден; Тим Бут во улогата на Виктор Заз; Раде Шербеџија во улогата на бездомник, кој е последната личност која го гледа Брус пред тој да замине од Готам, и првиот цивил кој го гледа Бетмен, и Ендру Плевин во улогата на униформиран полицаец. Актерите Џон Фу, Џои Анса, Спенсер Вајлдин, Дејв Легено, Кан Бонфилс, Родни Рајан, Дин Александроу, Џејмс Ембри, Емил Матиросијан, Марк Стрејнџ и Чуен Тсу се појавуваат во улогите на членови на Лигата на воини сенки.

Продукција[уреди]

Развивање[уреди]

Во јануари 2003 година, студиото Warner Bros го најми режисерот на Мементо, Кристофер Нолан за да го режира неименуваниот филм за Бетмен, а Дејвид С. Гојер беше најмен за да го напише сценариото два месеци подоцна..Нолан започна со повторното измислување на филмската франшиза за Бетмен со тоа што се фокусирал на приказната за потеклото на ликот, која е приказна која претходно не била раскажана. Нолан изјавил дека хуманоста и реализмот ќе бидат основата за овој филм, и дека светот на Бетмен ќе биде навистина реален. Тој ќе биде препознатилв, модерно реален каде што се издигнуба една неверојатна херојска фигура. Гојер изјавил дека целта на сето тоа била публиката да се грижи за Бетмен и Брус Вејн..Нолан сметал дека претходните филмови повеќе се фокусирале на стилот отколку на драмата, а неговата инспирација бил филмот на Ричард Донер од 1978 година „Супермен“, бидејќи вниманието на филмот било насочено кон развивањето на главниот лик..Исто така, слично на Супермен, Нолан сакал многу позната актерска екипа која ќе го подржува главниот лик во Бетмен започнува и ќе му даде епско чувство и воедно кредибилитет на приказната . Почетната точка на инспирација на Нолан била „Бетмен:Човекот кој паѓа“, кратка приказна од страна на Дени О’Нил и Дик Џордано која се фокусирала на патувањата на Брус низ светот. Почетната сцена во Бетмен започнува каде младиот Брус Вејн паѓа во бунар била адаптирана од „Човеќот кој паѓа“.Бетмен: Долгата ноќ на вештерките, бил напишана од Џеф Лоуб а нацртан од страна на Тим Сејл, имал големо влијание врз сценариото на Гојер, со тоа што Кармајн Фалкон бил еден многуте елементи кои биле преземени од „трезвениот и сериозен пристап“ на овој стрип..Сценаристите размислувале за тоа Харви Дент да биде дел од овој филм, но го смениле со новиот лик на Рејчел Дос кога тие сфатиле дека нема да можат да го „прикажат ликот како што заслужува“.Ликот на Харви Дент подоцна ќе биде толкуван од страна на Арон Екарт во продолжението на Бетмен започнува со наслов Мрачниот витез од 2008 година. Продолжението на стрипот Ноќ на вештерките, Бетмен: Мрачна победа, исто така, служел како инспирација .Гојер го искористил повеќе годишното отсуство на Брус Вејн опишано во Бетмен: Прва година како помош за поставување на настаните од филмот. .Како дополнување, наредникот Џејмс Гордон бил искористен врз основа на неговата илустрирана верзија од Прва година. Сценаристите од Бетмен започнува, исто така, го искористиле и заплетот од стрипот на Френк Милер односно Бетмен: Прва година, каде корумпираната полиција довела до потребата од Бетмен.. Честа идеја во стриповите е тоа дека Брус го гледал филмот „Зоро“ кога неговите родитела биле убиени. Нолан објаснил дека со игнорирањето на таа идеја - за која вели дека не се наоѓа во првите појавувувања на Бетмен - ја нагласува важноста на лилјаците за Брус и дека станувањето суперхерој е негова целосно оригинална идеја. Токму поради таа причина Нолан верува дека останатите ликови од стриповите ДЦ не постојат во светот на неговиот филм; бидејќи доколку би постоеле причините поради која Вејн станал Бетмен би била многу различна.

Снимање[уреди]

Како и со сите негови филмови, Нолан одбил втора екипа со цел да да се одржи постојаноста на неговата визија.Снимањето започна во март 2004 година во Исланд кај глечерот Ватнајокул (како замена за локацијата во Бутан).Филмската екипа изгради село пред портите на храмот на Раз, како и пат кој води до изолираната област..Времето беше проблематично, со ветрови кои дуваат 75 милји на час, дождови и недостиг на снег. Еден кадар кој Воли Фистер планирал да го снима со кран, морал да биде снимен со рачна камера.. Трагајќи по инспирација од Супермен и останатите блокбастери од доцните 70-ти години и рани 80-ти, Нолан главно ги базирал своите продукции во Англија, односно во студиото Шепертон..За потребите на филмот беше изградена Бет-пештера со димензии од 76 метри должина, 37 метри ширина и 12 метри висина. Продукцискиот дизајнер Нејтан Кроули поставил 12 пумпи и со тоа создал водопад од 12, 000 галони вода и изградил карпи користејќи калапи од вистински пештери..Во јануари 2004 година, студиото Warner Bros. изнајми воздухопловен хангар во Кардингтон, Бедфордшајер за снимање на филмот во април 2004 година..Таму, населбата од филмот наречена Теснец (the Narrows) и темелите на шините ја исполнуваа сцената долга 270 метри.. Кулите Ментмор беа избрани од 20 други локации како место за имотот на Вејн, бидејќи белите подови им се допаѓале на Нолан и Кроули, а тие подови давале чувство како имотот да е споменик за родителите на Вејн..Зградата која била избрана да ја претставува болницата за душевно болни „Аркам“ беше Националниот институт за медицинско истражување во Мил хил, северозападен Лондон во Англија..Железницата Сент Панкрас и Водоводната станица Аби милс биле искористен за ентериерот на Аркам..Универзитетскиот колеџ Лондон бил искористен како судница..Некои од сцените, вклучително потерата со Бетмобилот, биле снимени во Чикаго на локации како што се Лоуер вакер драјв (Lower Wacker Drive) и 35 Ист викер (35 East Wacker)..Властите се согласиле да го подгинат мостот на Френклин стрит за потребите на една сцена кога пристапот кон Теснецот е затворен. Без оглед на мрачниот тон на филмот, Нолан сакал да направи филм кој е привлечен за луѓе од сите возрасти. „Очигледно не е за најмладите деца, мислам дека тоа што го направивме е премногу интензивно за нив, но секако не сакам да ги исклучам децата на возраст од 10 до 12 години, бидејќи како дете би обожавал да гледам филм како овој“. Токму поради тоа, филмот нема сцени со крв.

Дизајн[уреди]

Нолан го употребил култниот филм оф 1982 година Истребувач (Blade Runner) како извор на инспирација за Бетмен започнува. Тој му го покажал Истребувач на кинематографот Воли Фистер и на уште двајца луѓе, со цел да им го прикаже однесување и стилот кои сакал да ги пренесе во неговиот филм. Нолан го опишал светот од неговиот филм како „интересна лекција за техниката на истражување и опишување на веродостоен универзум кој навидум нема граници“, лекција која тој ја употребил за продукцијата на Бетмен започнува.. Нолан работел заедно со продукцискиот дизајнер Нејтан Кроули со цел да го создадат изгледот на Готам сити. Кроули изградил модел на градот кој ја исполнил гаражата на Нолан..Кроули и Нолан го дизајнирале градот да изгледа како голема, модерна метропола која ќе ги отсликува различните периоди на архитектура низ кои поминал градот. Биле користени елементи од Њујорк, Чикаго и Токио; Токио бил користен поради неговите издигнати автопати и железници. Населбата Теснец била базирана врз гетата на сега веќе срушениот град Каулун во Хонг Конг.

Бетмобил[уреди]

Кроули го започнал процесот на дизајнирање на Акробатот со мешање на повеќе модели. Кроули го искористил предниот дел од моделот P-38 Lightning за да служи како шасија за моторот на Акробатот. Беа изградени шест модели на Акробатот со димензии од 1:12 во текот на четири месеци. По завршувањето на создавањето на моделите, тим од 30 луѓе, вклучувајќи го и Кроули и инженерите Крис Кулверт и Ени Смит, изрезебале модел со вистински димензии од еден голем блок стиропор во текот на два месеца.. Моделот од стиропор бил искористен да служи за создавање на челична „тест шасија“ која требала да издржи неколку стандарди: да има брзина од преку 160 километри на час, да развие брзина од 0 до 97 километри за 5 секунди, да поседува систем за управување кој може да изршува остри вртења на аглите од улиците, и да издржи само-пропелирано лансирање до 9 метри. При првиот скок тест, предниот дел на Акробатот се срушил и морал да биде повторно изграден. Основната конфигурација на новодизајниратниот Акробат вклучувал 8 литарски В8 мотор од Шевролет, осовина од камион, предни гуми од Hoosier (кои всушност се гуми за тркање во пустина), задни 4х4 гуми за кал од Interco и системот за амортизација од марката за тркачки камиони Baja. Дизајнерскиот и развојниот процес траел девет месеци и чинел неколку милиони долари..

Со комплетирањето на дизајнерскиот процес, биле изградени четири коли подготвени за улично тркање, со тоа што секоја кола имала 65 панели и чинела 250, 000 илјади американски долари за да се изгради. Две од четирите коли биле специјални верзии. Едната верзија била со крилјата, која имала хидраулика и крилја со цел детално да се прикажат кадрите кога возилот лета во воздух. Другата верзија била џет верзијата, каде вистинскиот мотор на млазен погон бил поставен на возилото, заедно со 6 боци со пропан. Видливоста внатре во возилото била лоша, па затоа монитори биле поврзани со камерите. Професионалните возачи најмени за Акробатот тренирале возење цели шест месеци пред да се качат во возилото и да возат низ Чикаго за потребите на филмот.. Ентериерот на Акробатот бил фиксно студио, а не вистински ентериер на возилото. Кабината на возилото била преголема со цел да ги собере камерите кои требале да го снимат ентериерот на Акробатот. Дополнително била изградена уште една минијатурна верзија на Акобатот со димензии 1:5. Овој минијатурен модел имал електричен мотор и имал за цел да го прикаже Акробатот како лета меѓу згради. Меѓутоа, вистинскиот Акробат бил употребен за сцената со водопадот.

Бет-костимот[уреди]

Филмската екипа имала намера да создаде многу подвижен Бет-костим кои би му овозможил на тој што го носи да се движи лесно за да се бори и да клечи. Претходните верзии на Бет-костимот биле крути и специфично оневозможувале целосно движење на главата. Костимографот Линди Хеминг и нејзиниот тим работеле на костимот во работилницата за специјални ефекти наречена „Град на наметките“ (Cape Town), сигурносна локација во студиото Шепертон во Лондон. Основниот дизајн за костимот бил одело од неопрен, кој бил направен со прикачување на кремаста гума. Кристијан Бејл бил искористен за да се создаде целосен гипс модел од неговото тело пред тој да започне со неговиот физички тренинг. Со цел да се избегнат грешките од скулптурирање со глина, бил искористен пластелин за да се израмни површината. Дополнително на тоа, тимот вриел различни мешавини од пена за да ја пронајдат мешавината која би била најфлексибилна, најлесна, најиздржлива и најцрна. Последниот процес претставувал проблем, бидејќи со тоа што ја правеле пената црна, воедно ја намалувале и нејзината издржливост.. За наметката, режисерот Кристофер Нолан сакал да добие „движечка наметка... која дува во сите насоки токму како во стриповите“. Тимот на Хеминг ја создал наметката од нивната сопствена верзија на материјал за падобрани кој имал можност за електростатично собирање, процес кој бил споделен со тимот од страна на Британското Министерство за одбрана. Процесот бил употребен од страна на Лондонската полиција за да се минимизира можноста за откривање при користење на направи за ноќно гледање. Наметката била надополнета со маска која била дизајнирана од Нолан, Хеминг и надзорникот за ефектите на костимот Греам Чрчјард. Маската била создадена да биде доволна тенка за да овозможи движење но доволно дебела за да се избегне збрчкување кога Бејл ја врти својата глава во костимот. Чрчјард објаснил дека маската била создадена да прикаже „гневен човек“, па така неговиот карактер ќе биде откриен преку маската.

Специјални ефекти[уреди]

За потребите на Бетмен започнува, Нолан преферирал традиционално каскадество наспроти компјутерски генерираната графика..Макети биле користени за да се претстават населбата Теснец и храмот на Раз ал Гул..Сепак неколку кадри биле снимени со користење на компјутерски генерираната графика; односно графика составена од повеќе слики. Примери за тоа се небесниот свод на Готам, надворешните кадри од кулата Вејн, и некои од надворешните кадри од железницата..Последната сцена од железницата користела комбинација од вистинска кадри, макети и компјутерски генерирана графика. Лилјаците биле целосно дигитални (освен во кадри каде имало еден до два вистински лилјаци), бидејќи се донело одлука дека снимањето со користење на повеке лилјаци би било проблематично. Мртви лилјаци биле скенирани со цел да се создадат дигитални модели. Локациите и сцените биле повторно создадени на комјутер со цел лилјаците кои летаат да не изгледаат површно кога ќе бидат вметнати во завршениот филм.

Тонски запис[уреди]

Партитурата за Бетмен започнува била компонирана од страна на Ханс Зимер и Џејмс Њутон Хауард. Првично, Нолан го поканил Зимер да ја компонира музиката, а Зимер пак го замолил Нолан да го покани и Хаурд да се придружи во компонирањето, бидејќи тие планирале колаборација..Двата композитори соработувале на различни теми за „поделената личност“ на Брус Вејн и неговото алтерего Бетмен. Зимер и Хауард започнале со компонирање во Лос анџелес и се префрлиле во Лондон каде останале 12 недели завршувајќи го поголемиот дел од нивното компонирање..Зимер и Хауард барале инспирација за нивната партитура со тоа што ги посетувале сцените на филмот.. Зимер сакал да избегне музика која била присутна во претходните филмови за Бетмен, па затоа партитурата станала здружување на оркестрална и електронска музика. Оркестралната музика од 90 делови била развиена од членови на различни оркестари од Лондн, а Зимер одлучил да искористи повеќе од нормалниот број на чела. Зимер најмил машки сопрано со цел да се одрази музиката од сцените од филмот каде се користат трагичните сеќавања на родителите на Брус Вејн. „Тој пее прилично убава песна а потоа тој се заглавува, како да се смрзнал“, вели Зимер. Тој исто така, се обидел да му додаде и човечка димензија на Бетмен, чие однесување, типично би било оценето како „психотично“, преку музиката. Обата композитори соработувале и создале 2 часа и 20 минути филмска музика..Зимер ги компонирал акционите сцени, додека Хауард се фокусирал на драмата на филмот.

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: