Хит Леџер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Хит Леџер
Heath Ledger
Heath Ledger.jpg
Хит Леџер во 2006 на Берлинскиот филмски фестивал.
Роден(а) Хит Ендру Леџер
Heath Andrew Ledger
4 април 1979
Перт, Австралија
Починал(а) 22 јануари 2008
Њујорк, САД
Занимање глумец
Активност 1992–2008
Домаќински партнер(и) Мишел Вилијамс
(2005–2007, 1 дете)

Хитклиф Ендру Леџер (англиски: Heathcliff Andrew Ledger) (4 април 197922 јануари 2008) или попознат само како Хит Леџер (Heath Ledger) беше австралиски актер, добитник на оскар, телевизиски и филмски актер. По изведбите на улогите за австралиската телевизија и филм за време на 1990, Леџер се сели во Соединтетите американски држави во 1998година за да ја развие неговата филмска кариера. Неговите дела опфаќаат деветнаесет фимови, вклучувајќи ги 10те нешта што ги мразам кај тебе'' (1999), Патриот (2000), Бал на чудовишта (2001), Приказана за витезот (2001), Кршенгрб Планина(2005), Црниот Витез (2008). Како дополнение на негововто глимење, тој продуцираше и режираше музички видеа и претендираше да биде филмски режисер.

За неговиот портрет на Енис дел Мар во Кршенгрб планина, Леџер во 2005 ја доби улогата за најдобар актер од филмските критичари во Њу Јорк и во 2006 Најдобар актер од Австралискиот Филмски Институт и беше номиниран за 2005 година Од Филмската Академија за најдобар актер како и во 2006година наградата БАФТА НАјдобар актер во главна улога. Постхумано ја подели наградата за 2007година Слободен дух на Роберт Алтман заедно со екипата од заедничкиот каст, режисерот, и кастинг директорот на филмот Јас не сум тука, кој е инспириран од животот и песните на американскиот пејач –композитор Боб Дилан. Во филмот, Леџер го портретира измислениот актер именуван како Роби Кларк, еден од шестте карактери вклулени од аспектите на животот и личноста на Дилан. Леџер беше номиниран и добитник на награда за неговата изведба на Џокер во филмот Црниот Витез, вклучувајќи ги тука и Оскар - Наградата од Академијата за најдобра машка споредна улога, за најдобар актер интернационлана аграда во 2008година од Австралискиот Филмски Институт, и стана прв актер кој добил награда постхумно, 2008 награда за најдобра споредна улога на Асоцијацијата за Филмска Критика од Лос Анџелес, 2009 Златен глобус за најдобра споредна улога и 2009 Награда БАФТА за најобра споредна улога.

Почина на возраст од 28 години, од случајно труење до токсична комбинација на препишани лекови. Неколку месеци пред смртта, Леџер го заврши снимањето на неговата претпоследна изведба , како Џокер во филмот Црниот Витез, неговата смрт е во времето на продукцијта на филмот и кастингот, па фрли сенка врз последователната промоција од $180 милионска продукција. Во моментот на неговата смрт, на 22 јануари, тој ја имаше комплетирано околу половина од неговата изведба на улогата на Тони во филмот на Тери Гилиам Имагинариумот на доктор Парнасус.


Семејство и приватен живот[уреди]

Хит Леџер е роден во Перт, Западна Австралија, син на Сели Леџер (родена Ремшоу), професорка по француски јазик, и Ким Леџер тракач со автомобили и рударски инжинер, чие семесјство го осовало и поседува Леџер Инженеринг Леарница. Тој е именуван по неговиот прадедо Господин Френк Леџер Добротворна Доверба. Леџер го посетуваше основното училиште Планината Мари, во Гусберу Хил и подоцна Гилфорд Граматичкото училиште каде што ги имаше првите актерски искуства, учествувајќи во школската продукција како Петар Пан на возраст од 10 години. Неговите родители се разедлија кога тој имаше 10 години и се разведоа кога имаше 11 години. Постарата сестра на Леџер, Кејт актерка а подоцна и публицист, со која тој беше многу близок, го поттикна за ннеговата глума на сцена, а љубовта кој Џин Кели го инспирираше за прекрасната кореографија водејќи го до 60 члениот тим на Гилдфорд Граматика ’’ прво момче победник’’ во Иствуд Рок натпреварот. Хит и Кејт имаат две полусестри Ешли Бел (родена 1989) ќерка на нивната мајка и очувот Роџер Бел, и Оливија Леџер (родена 1997) ќерка на неговиот татко и маќета Ема Браун.

Леџер беше страствен шахист, победувајќи на шампионатот на западна Австралија за јуниори на возраст од 10 години. И како возрасен често играше шах со други шах ентузијасти во Паркот на плоштадот Вашингтон. Филмската адаптација на Алан Скот базиран на новелата од 1983година Кралскиот коцкар од Волтер Тревис во времето на неговата смрт тој беше планиран и за изведба на улога и за режисер, и ќе беше прво остварување на Леџер како режисер на долометражен филм.

Меѓу неговите најзначајни врски, Леџер излегуваше со актерката Хедер Греам неколку месеци во 2000 до 2001 година и имаше сериозна со прекина долготрајана врска со акерката наоми Вотс која ја запозна на сетот на снимањето на филмот Нед Кели со која живееше заедно од 2002 до 2004 година. Во летото 2004 година , се запозна и започна врска со актерката Мишел Вилијамс ан сетот на филмот Кршенгрб Планина, и нивната ќерка, Матилда Роуз, беше родена на 28 октомври 2005 во Њу Јорк. Кумови на Матилда Роуз се колегата на Леџер од филмот Кршенгрб Планина Џејк Гиленхал, и колешката на Вилијамс од сетот на Досон Креек Бизи Филипс. Леџер го продаде неговиот дом во Бронте, Нов Јужен Велс и се пресели во САД, каде што делеше апартман со Виликамс во Боерум Хил, Бруклин, од 2005 до 2007. Во септември 2007, таткото на Вилијамс потврди за Сиднејскиот Дејли Телеграф дека Леџер и Вилијамс ја прекинлае својата врска. По раскинувањето со Вилијамс, при крајот на 2007 и почетокот на 2008, таблоидите го поврзуваа со супер моделите Хелена Кристенсен и Џема Вард и поранешното дете ѕвезда, актерката Мери Кејт Олсен.

Кариера[уреди]

1990-тите[уреди]

По барањето за предвремен матурски испит на возраст од 16 години, леџер го напушти училиштето за да ја следи својата актерска кариера. Со Тревор ДиКарло неговиот најдобар пријател уште од 3 години замина со автомобил од Перт до Сиднеј, се врати во Перт и ја зеде малата улога во Clowning Around (1992) во првиот дел од дводелната телевизиска серија , и да работи на Тв серијата Слатко (1996) , во која толкуваше улога на геј велосипедист. Од 1993 до 1997, Леџер исто така имаше улоги и во Телевизиските серии во Перт како Бродови на брегот (1993) ,во краткотрајната фантазија-драма Роар(1997) на Фокс Емитувачката Компанија. Во Дома и на гости (1997) една од најуспешните Австралиски телевизиски серии., и во австралиски филм Црн Камен (1997) негово прво фолмско остварување. Во 1999, настапи во тинејџерската комедија 10 нешта што ги мразам кај тебе и во реномираниот австралиски криминален филм Две Раце режиран од Грегор Џордан.

2000-та[уреди]

Од 2000 до 2005, тој насртапи во спореднат улога како Габриел Мартин, најстариот син на Бенџамин Мартин (Мел Гибсон ) во Патриот (2000) и како Сони Гротовски син на Хенк Гротовски (Били Боб Торнтон) во Бал на чудовишта (2000) и во главна или водечка улога во Приказната за витезот (2001), Четири Пердуви (2002), Ред (2003), Нед Кели(2003), Казанова(2005), Браќата Грим (2005), и во Лордовите од Догтаун (2005). Во 2001 , тој доби Шо Вест Награда за Машка Ѕвезда на утрешнината.

Леџер доби награда најдобар актер за 2005 и од двата, Њу Јорк филмски круг на критичари и Сан Франциско филмски круг на критичари за неговата изведба во Кршенгрб Планина во која го игра Енис Дел Мар ранчер од Вајоминг, кој има љубовна афера со надежниот родео јавач Џек Твист кој го игра Џејк Гиленхал. Тој исто доби и номинција за Златен Глобус за најдобар актер на годината во драма и номнација од Академијата за филмска уметност Оскар за најдобар акте, правејќи го него на возраст од 26 годи за девети најмалд кандидат за оскар. Во статија закритик за филм во Њу Јорк Тајмс , критичарот Стивен Холден напиша И двајцата и г-дин Леџер и г-дин Гиленхал ја прават оваа болна љубовна приказна физички реална. Г-дин Леџер магично и мистериозно изчезнува под кожата на потребата, на мускулестиот карактер. Ова е прекрасна изведба, исто толку добра како на Марлон Брандо и Шон Пен. Во статија во Ролинг Стоунс, Питер Траверс изјавува Прекрасната изведба на Леџер е изведувачко чудо. Се чини како да излегува од внатре. Леџер не само што знае како Енис се движи, зборува или слуша, тој знае како тој дише. Да го гледаш како ја мириса кошулата на Џек во орманот е да се земе мерка за болка за изгубената љубов.

По Кршенгрб Планина, леџер настапуваше со колешката австралијанка Аби Корниш во австралискиот филм од 2006 Колаче. Во адаптација на новелата од 1998 Колаче Новела за љубовта и зависта , како млади зависници од хероин вљубени, обидувајќи се да се ослободат од својата зависност, со ментор кој го толкува Џефри Раш, за неговата изведба на поетот Ден Леџер беше номиниран за награда за најдобар актер вклучувајќи и една од Австралиската награда од филмскиот круг на критичари , кај која и двајцата победија во своите категории. Кратко по издавањето на Колаче, Леџер беше повикан да им се придружи во Академијата за филмска уметност и науки.

Како еден од шесте актери вклучени за изведбата на животот на Боб Дилан од различни аспекти во 2007 година филмот Не сум тука режиран од Тод Ј.Хајнес ја доби наградата за портретирањето на Роби (Кларк), нерасположениот, контра –култура актер кој аја претставува романтичната страна на Дилан, но вели дека признанијата не се никогаш негова мотивација. Постхумно на 23 гевруари, тој ја подели наградата 2007 независниот дух на Роберт Алтман наградата со остатокот од филмскиот состав, неговиот режисер и кастинг директорот. Во неговиот следен до последен филм , Леџер го игра Џокер во Црниот Витез режиран од Кристофер Нолан, прват прикажан во Австралија на 16 јули 2008, блиску шест месеци по неговата смрт. Додека сеуште го снимаше филмот. Во Лондон Леџер изјави во интервјуто од Сара Лајал за Њу Јорк Тајмс на 4 ноември 2007 година дека тој го гледа Џокер како психопат, масовен убиец, шизофреничен кловн со нула сочуство. За да се приготви за оваа улога, Леџер изјавила за Емпајар. Седев во Лондон во хотелска соба речиси еден месец, се затворав во себе, формирав мал дневник и експериментирав со гласови- беше особено важно да пронајдам ироничен глас и смеа. И завршив много повеќе во областа на психопат – некој со многу малку до никаква совест кон своите дела, и го повторува неговото гледиште на ликот како еден апсолутен социопат, ладнокрвен, масовен кловн убиец. Тој додаде дека Нолан му дал слобода тој да го креира ликот како сака, и на него тоа му беше забавно, затоа што немаше вистински граници што би рекол Џокер а што не .Ништо не го засрсамува , и се една голема шега. За неговата работа на Црниот Витез, Леџер ја доби наградата Оскар за најдобра споредна машка улога , а во негово име ја прифати неговото семејство, како и многу други постхумно доделени награди вклуќувајќи го и Златен глобус за најдобра споредна маѓка улога што Кристофер Нолан ја прифати во негова чест.

Во времето на неговата смрт на 22 јануари 2008 година, Леџер го заврши околу половина од неговото снимање на улогата на Тони во Имагинариумот на Доктор Парнасу.

Режисерски дела[уреди]

Леџер имаше голема желба да стане режисер и затоа имаше режирано неколку музички видеа, кои речисерот Тод Хејнс високо ги пофали и му оддаде почит на Леџер кога ја прифати наградата ИСП Роберт Алтман , што Леџер ја освои постхумно, на 23 Февруари 2008 година.Во 2006 година Леџер режираше музички спотови за австралискиот хип хоп изведувач Н’фа и неговото ЦД деби албумот “Предизвикува ефект“ и за синглот “ Заведувањето е Зло (Таа е жешка )“ Подоцна истата година, Леџер направи нова издавачка куќа Мас Мујузик со пејачот бен Харпер и исто така му го режираше спотот за песната “Утрински копнеж“.

На една конфернеција во 2007година на Филмскито фестивал во Венеција, Леџер зборуваше за неговата огромна желба да направи документарен филм за британскиот композитор на песно Ник Дрејк , кој починал 1974, на возраст од 26 години предозиран од антидепресиви. Леџер го направи и глумеше во музичкото видео за снимаката на песната на Дрејк од 1974 “Црнооко куче“ наслов инспириран од описниот израз на Њинстон Черчил за депресија (црно куче) и два пати беше прикажан пред публика, прв пат на Бомбершот фестивалот во Сиетел, Вашингтон, кој се одржа од 1 до 3 септември 2007година, и втор пат како дел од “ Место да се биде Прослава за Ник Дрејк “. Серија од мали документарци за Хик Дрејк (вкулучувајќи го и оној на Леџер ) спонзорирано од Американската Кинематографија на Grauman's Egyptian Theatre во Холивуд, на 5 октомври 2007. По смртта на Леџер , неговит спот беше прикажан на интернет и изваден како нов клип дистрибуиран преку YouTube.

Неговата соработка со Шкотскиот сценарист и продукцент Алан Скот на адатапцијата на новелата од 1983 Кралски коцкар од Волтер Тревис, за која беше планирано Леџер да глуми и да режира, и ќе беше негово прво режисерско деби. Последната режисерска работа на Леџер, сними две музички видеа пред неговата смрт, се прикажаа 2009 година, Музичките видеа копмлетирани од Модест Маус и Грејс Вудруф вклучуваат анимирани делови од песната Кралот Стаорец на Модест Маус и видеото на Вудруф за нејзиниот кавер за песната "Quicksand на Дсејвид Боуви.

Контроверзии на печатот[уреди]

Односот на Леџер со печатот во Австралија беше турбулентен и тоа доведе до неговото преселување во Њу Јорк. Во 2004 година ги негираше изjавите не печатот дека тој претепал новинари за време на снимањето на Колaче, или дека тоа го направиле негови роднини надвор од дворот на Леџер вод неговата куќа во Сиднеј. На 13 јануари 2006, Неколку папраци им се одмазидја на Лечер и Вилијамс прскајќи ги со пиштоли на вода на премиерата на Кршенгрб Планина во Сиднеј.

По неговиот настап на сцената на оделувањето на наградата Гилд за киноактери, кога тој се кикотеше при презентирањето на номинацијата за Кршенгрб Планина од инзонредната изведба на Моушан Пикчерс, Лос Анџелес Тајмс изјави за неговата презентација дека е“ очигледно измислен геј “ . Леџер потоа им се јави и објасни дека неговата несериозност произлегла од тремата, бидејќи му кажале дека же ја презентира наградата само неколу минути порано. И тврдеше Навистина жалам и се извинувам за мојата нервоза. И навистина сум потресен ако мојата трена беше погрешно сфатена како непочит кон филмот, насловот и инзвонредните филмски работници.

Леџер беше цитиран во јануари 2006 во мелбурнскиот Хералд сан, како вели дека слушнал дека Западна Вирџинија го забранила прикажувањето на Крешенгрб Планина, која што не го беше сторила тоа, всушност кината во Јута го забранија филмот. Тој исто така се осврна дека во Западна Вирџинија имаат линчување како во 1980 титте, но државниците ја оспорија неговата изјава, осврнувајќи се на тоа дека линчување се случило во Алабама во 1981, според директорот на државаната архива и историја кого го цитираа во Чарлстон Газет Последното линчување беше изведено во Левисбург 1931година.

Неспиење и други болести поврзани со работата[уреди]

Во интервјуто за Њу Јорк Тамс издадено на 4 н оември 2007 година, Леџер и изјави на Сара Лајал дека неодамна ја завршил изведбата на улогата за филмот Јас не сум тука (2007) и Црниот Витез (2008) дека земал средстава за да заспие Минатата недела најверојатно спиев само по 2 часа ... Не можев да престанам да мислам. Моето тело беше преморено, а мозокот сеуште работеше. Во тоа време , и рекол на Лајал дека зел две Амбиен таблети, откако зел една која не му била доволна, и тие го довеле до зашеметеност, за да би се разбудил по еден час подоцна, а неговиот мозок бил како да е на трка.

Пред неговото враќање во Њу Јорк од неговата последна филска задача, во Лондон, во јанураи 2008, додека сеуште страдал од некој вид на болест на дишните патишта, му се пожалил на својот колега Кристофер Пламер дека неговиот проблем со спиење сеуше трае и дека зема таблети како би го решил проблемот. Потврдувајќи ги претходните тврдења дека Леџер не се чусвствувал добро за време на снимањето Пламер вели, Сите добиве настинка затоа што снимавме надвор во ужасно влажните ноќи. Но Хит продолжи и не мислам дека веднаш почнал со антибиотици... И мислам дека тој имаше пневонија. Како врв на се , тој цело време велеше “проклетство не можам да спијам“ и ги земаше сите тие пилули за да си помогне.

При еден разговор за магазинот Интервју по неговата смрт, поранешната свршеница на Леџер Мишел Вилијамс исто така потврди дека актерот има, проблеми со спиењето уште откако го знам, тој страда од инсомнија. Имаше толку многу енергија. Неговиот мозок цело врме работеше, работеше и секогаш работеше.

Смрт[уреди]

Околу 2:45 попладне на 22 јануари 2008 година, Леџер беше пронајден безсвест во неговиот кревет од неговата домаќинка Тереза Соломон и неговата масажерка Дијана Волцин, на четвртиот кат на поткровјето од својот апартман на 421 улица Брум во СОХО, во соседсвто на Менхетен.

Според полицијата, Волцин, која што пристиганал порано за закажаната масажа од 15 часот, ја повикала пријателаката на Леџер актерката Мери Кате Олсен за помош. Олсен која била во Клаифорнија, од Њу Јорк обезбедила прватни чувари веднач да отидат кајнеговиот апартман. Во 15 :26 (помлаку ) од 15 минути откако прв пат ја повика Олсен ја повикува по втор пат да и каже оти се плаши дека Леџер е мртов всушност , Њолцин телефонира во брза помош и објаснува дека г-дин Леџер не диши. По инсистирање на операторот од брза помош Волцин му дава вештачко дишење со кое не успева да го врати во живот.

Седум минути подоцна доаѓаат медицински техничари од итаната помош во 15:33 (речиси во исо веме кога приватното обезбедување на Олсен ) но исто така е беа во можност да го вратат во живот. Во 15:36 леџер беше прогласен за мртов и неговото тело беше исзнесено од апартманот.

Меморијална почест и служба[уреди]

Откао се прочу за смртта на Леџер, во текот на ноќта на 22 јануари 2008, и нареднито ден, мемиумски екипи, ужалени луѓе, фанови и дуги набљудувачи почна да се собираат надвор пред апартманот , оставјќи цеќиња или други меморијални почести.

На 23 јануари 2008 во 10 :50 по ав стралиско време, родителите на Леџер и неговата сестра излегоа пред куќата на неговата мајка во Ејплкрос, предградие на Перт и прочитаа кратка изјава за медиумитие изразувајќи го своето тагување и желба за приватност. Во наредните неколку дена меморијалните почести беа меѓу членовите на семејството, Кевин Руд министерот на австралија, заменик министерот на западна Австралија Ерик Риппер, Ворнер Брос (дистрибутерот на Црниот Витез) ои илјадници фанови на Леџер од целиот свет.

Неколку актери излегоа со изјави иразувајќи ја нивната тага за смртта на Леџер, вклучувајќи го Даниел Деј Луис кој својата награда Гуилд му ја посвети на Леџер, затоа што бил импресиониран од изведбите на Леџер во Бал на чудовишта и Кршенгрб Планина, опишувајќи го како уникатен, перфектен. Верн Тројер кој што работеше со Леџер на Имагинариумот на доктор Парнасус за време на неговата смрт, имаше истетовирано на својата рака срце со ист облик, дупликат што Леџер го нацртал на хартија покрај неговата и- меил адреса во сеќавање на Леџер затоа што Леџер предизвикал му оставил големи импресии.

На 1 февруари 2008година, во нејзиното прво обраќање кон медиумите по смртта на Леџер , Мишел Вилијамс го изрази своето жалење и опиша како духот на Леџер опстанува во нивната ќерка.

По одржувањето на приватна меморијална церемониа во Лос Анџелес, семејството на Леџер се врати во Перт заедно со неговото тело.

На 9 февруари 2008 година комеморација беше одржана во Пенхрос колеџ на која беа повикани неколку стотици гости, кое привлече големо медиумско внимание. Потоа неговото тело беше кремирано на Фриментал гробиштата, придружувано од само 10 најблиски членови на семејството, со неловата пепел однесена подоцна на семејните гробишта во Каракта, веднаш до неговите баб и дедо. Подоцна истата ноќ неговото семсјство и пријателите со собраа на бдеење на Плажата Котеслое.

Аутопсија и токсиколошка анализа[уреди]

По две недели на интензивни медиумски шпекулации за можните пришини за смртта на Леџер, на 6 февруари 2008, од Канцеларијата на шефот за медицинско испитување на Њу Јорк, излегоа со своите заклучоци, базирани на првата аутопсија од 23 јануари 2008, и следователна комплетна токсиколошка анализа. Извештајот се состоеше од :Г-дин хит Леџер починал како резултат на акутна интоксикација од комбинираните ефекти на оксикодон, хидрокодон, дијазепам, темазепам, алпразолам и доксиламин. Ова дефинитивно докажува : сметаме дека смртта настапила како несреќен случај , како резултат на злоупотреба на препичаните лекови. Лековите најдени во неговите тексиколошки анализи се чести лекови што се препишуваат во Сад за инсомнија, анксиозност, депресија, болки или /и познати симптоми на настинка . Иако “Асошиејтед Прес“ и други медиуми изјавија дека полицијата го процени времето на смртта околу 13 часот и 14 45 минути (на 22 јануари 2008 ) од канцеларијата на медицински истражители изјавија дека нема да биде јавно обелоденета официјалната процена за вемето на смртта. Официјалната изјава за причинта и начинот и видот на смртта на Леџер ги подгреа грижите во врска со растечкиот проблем со злоупотребата на лекови на рецепта или погрешната употреба и инотксикација со комбинирани лекови.

Федерална истрага[уреди]

Подоцна во февруари 2008, ДЕА истрагата на медицинските професионалци за смртта на Леџер ослободи двајца лекари кои учествуваа во пракста во Лос Анџелес и Хјустон, од било какви грешки, решавајќи дека докторите по барање на Леџер ги препишале другите лекови- не го убиле пилулите.

На 4 август , цитирајќи неименуван извор, Мори Вајс од Њу Јорк Пост, прв изјави дека Мери Кејт Олсен одбила (преку адвокатот Мајкал Милер) да биде испрашана од федералните истаражители во истрагата за несреќната смрта со лекови на нејзиниот близок пријател Хит Леџер (без ) имунитет за гонење и дека кога прашале за делото, Милер прв пат одбил да коментира. Подоцна истиот ден, откако полицијата ја потврди суштината на поврзаноста на Бајс со Асошиејтед Прес, Милер изнесе со изјава негирајќи дека Олсен го снабдила леџер со лековите што ја предизикале негобата смрт и потврдувајќи дека дека таа не го знае изворот д каде доаѓаат лековите. Во изјавата Милер поточно рече Покрај шпекулациите на таблоидите, Мери Кејт олсен нема ништо со лековите пронајдени во домот на Хит Леџер и негоовто тело, и таа не знае како ги набавил тој“ потенцирајќи дека описите на медиумите (држејќи се до неименуваниот извор ) дека се некомлетни и неточни.

По серијата од понатамошни меддиумски шпекулации, на 6 август 2008 година, адвокатската канцеларија на во Менхетен ја затвори истрагта за смртта на Леџер без покренување обвиненија и рендирање на изнесување на случајот против повиканата на суд Олсен. Со расчистување на двата лекара и Олсен , и затворање на истрагта , затоа што обвинителите од адвокатската канцеларија на америка во Менхетен,не веруваат дека има валидна цел сеуште не е познато како Леџер ги добил оксикодинот и хидркодинот во смртната комбинација на лекови сто го уби.

Единаесет месеци по смртта на Леџер на 23 декември 2008 година, Џек Којл пишувајќи за Асошиејтед Прес, објави дека “Смртта на Леџер беше изгласана за најзабавна приказна за 2008 година од американските весници и емитувачки програми во гласањето спроведено од Асшиејтед Прес“ што резултираше во шок и забуна околу околностите, правилата тврдењата за смртта како несерќа предизвикана од токсична комбинација на лекови на рецепта, како и продолжувањето на неговото налседство во реноминираната изведба на Џокер во најголемиот блокбастер хит Црниот Витез.

Контроверзија околу тесатментот[уреди]

По смртта на Леџер, како одговор на некои извештаи на весниците околу неговиот тестамент, објавен во Њу Јорк на 28 февруари 2008 и пристапот на неговата ќерка до неговото финансиско наследство, неговиот татко Ким Леџер, рече дека тој смета на финансисокто добро на својата внука Матилда Роуз , семејството Леџер е апсолутен приоритет и нејзината мајка Мишел Вилијамс е дел од смејство, додавајќи “ Тие ќе бидат згрижени и тоа е како и што Хит би сакал да биде. Некои од роднините на Леџер би можеле да покренат судска постапка околу нивниот легален статус направен во тестаментот од 2003 година, пред тој да се запознае со Виијамс и пред раѓањето на неговата ќерка и одтогаш не е дполнет тестаментот, во кој половина од неговата сопственост оди кај родителите а другата половина кај неговите браќа и сестри., тие тврдат дека има втор тестамент непотпишан, вокој тој и остава половина од своето наследство на Матилда Роуз. Таткото на Вилијамс, Лери Вилијамс исто така е вклучен во контроверзијата околу тестаментот на Леџер потпишан во Њу Јорк потпишан набргу по неговата смрт.

На 31 март 2008 година, објавија нова контроверзија околу имотот на Леџер, џема Џонс И Џенет Фај Јеоманс објавија во екслкузивен извештај во Дејли Телеграф, цитирајќи го чичото на Леџер, Хајден Леџер и други членови на семејството , кои веруваат дека актерот може да има дете од тајна љубовна врска кога имал 17 години, и стојат на тоа дека као се потврди дека Леџер е биолошки ттако на тоа девојче, тогаш ќе може да подели мулти-милионското наследство помеѓу Матилда Роуз и детето од тајната врска. Неколку дена подоцна, репортиерите цитираат телефомско интервју со чичковците на Леџер и мајата на малото девојче и очувот на девојчето опишувајќи ги како неосновани "гласини" искривени и пренагласени од страна на медиумите.

На 15 јули 208 година, Фајв Јеоманс објави подоцна преку австралискиот Њуз Лимитед дека , “ Додека Леџер им остави се на неговите родители и сестри, разбирливо е дека тие имаат легален совет дека според австралискиот закон, Меатилда Роуз е наведена во “лавовскиот дел “ од неговиот имот, неговитњ извршители поранешниот бизнис колега на Ким Леџер, Роберт Џон Колинс и сметководителот Вилијам Марк Дајсон , имаат аплицирано за потврда на тестаментот во Врховниот суд на западна Австралија во Перт, објавувајќи дека ако има доверители и други личности што имаат побарувања за имотот да се пријават до 11 Август 2008 година, за да се осигураат дека сите долгови се платени пред имотот да се дистрибуира, Според извештајот на Фајв Јеоманс, претохдине извешѕаи цитирајќи ги чичковците на Леџер и последователбите изјави на неговиот татко, дека не се вклушуваат неговите постумни заработуваќки, неговото цело богатство , пресметано во австралиска валуста , би вредело околу 20 мииони.

На 27 септември 2008 година, Таткото на Леџер, Ким, изјави дека “ семејството се согласило да и го остави богатството од 16, 3 милиони американски долари на Матилда , доддавајќи дека немаше никакво побарување. Нашето семејство и подари се на Матилда. Во октомври 2008 Forbes.com ја процени годишната заработувачка на Леџер од октомври 2007 до октомври 2008 вклучувајќи ги неговите постхумни делови од сумата од 991 милион што ја заработи Црниот Витез на својата светска премиера на 20 милиони.


Филмографија[уреди]

Телевизија[уреди]

Година Филм Улога Забелешки
1993 Ship to Shore велосипедист
1996 Sweat Сноуи Болс
1997 Home and Away Скот Ирвин гостин
Roar Конор главна улога

Филмови[уреди]

Година Филм Улога Забелешки
1992 Clowning Around кловн сирак
1997 Blackrock Тоби
Paws Оберон
1999 Две раце Џими
10 кои ги мразам за тебе Патрик Верона
2000 Патриот Габриел Мартин
2001 Топката на чудовиштето Сони Гротовски
Витешки приказни Сер Вилијам Тачер / Сер Улрих фон Лихтенштајн
2002 Четирите пердуви Хери Фаверсхем
2003 Редот Алекс Берниер
Нед Кели Нед Кели
2005 Казанова Џакомо Казанова
Браќата Грим Џејкоб Грим
Лордови од Догтаун Скип Енгблом
Кршенгрб Планина Енис дел Мар
2006 Кенди Ден
2007 Не сум таму Роби Кларк
2008 Темниот витез Џокер
2009 Имагинариумот на Доктор Парнасус Тони

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: