Мементо (филм)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


„Мементо“
Memento poster.jpg
Режирано од Кристофер Нолан
Продуцент Џенифер Тод
Сузан Тод
Сценарист Џонатан Нолан (приказна)
Кристофер Нолан
Настапуваат Гај Пирс
Кери-Ен Мос
Џо Пантолиано
Музика Дејвид Џулијан
Кинематографија Воли Фистер
Монтажа Доди Дорн
Дистрибутер Summit Entertainment
Премиера 15 декември 2000
Времетраење 113 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет 4,500,000 долари
Бруто заработка САД:
25,544,867 долари
на светско ниво: 39,665,950 долари

Мементо е американски мистериозен трилер од 2000 година во режија на Кристофер Нолан, а базиран на расказ на неговиот брат Џонатан со наслов „Мементо мори“. Во главните улоги настапуваат Гај Пирс, Кери-Ен Мос и Џо Пантолиано.

Филмот има добиено бројни пофалби од страна на критичарите и публиката, а освои и номинација за Златен глобус во категоријата за најдобро сценарио, како и две номинации за Оскар во категоријата за најдобро сценарио и монтажа. Моментално се наоѓа на 22-ро место на топ 250 филмови листата на интернет филмската дата база (ИМДБ[1]).

Во стандардната верзија на филмот, настаните се случуваат обратно од хронолошкиот ред, но во некои држави има посебно ДВД издание со верзија во која дејството се случува по хронолошки редослед.

[уреди] Синопсис

Филмот го следи светот на Леонард Шелби, кој се здобил со тешка повреда на главата при обидот да ја спаси сопругата си од убиство, што резултирало со појава на антероградна амнезија. Поради тоа, Леонард не може да создава нови сеќавања, а на единственото нешто на што се сеќава е на настаните непосредно пред повредата. Настојувајќи да ги запомни актуелните настани, тој чува белешки, вади фотографии, а на себе ги тетовира најважните факти кои мора да ги знае. Целта на Леонард е да се одмазди на човекот кој ја силувал и убил неговата сопруга и затоа ги бележи сите податоци кои би можеле да го доведат до него.

Пред да се здобие со повредата, Леонард бил снаодлив осигурителен истражувач и имал способност да ги препознае луѓето кога лажат. Неговиот прв голем случај бил оној со Семи Џенкис, кој страда од губиток на краткотрајна меморија. Користејќи серија едноставни тестови базирани на инстинкт, а не помнење, Леонард доаѓа до заклучокот дека Семи лаже во врска со својата болест и му оневозможува да добие осигурување. По тој настан, сопругата на Семи, која е дијабетичарка, го тера на секоја минута да ѝ даде инекција со инсулин или за да провери дали неговата состојба може да се смени или, едноставно, да изврши самоубиство. Поради тоа што Семи не е во состојба да ги запомни настаните што се случиле пред неколку минути, тој ја предозира со инсулин и таа умира.

Откако Леонард се здобива со истото пореметување, сфаќа дека Семи всушност лажел дека ги препознава личностите кои тој мислел дека веќе ги знае.

Откако Леонард ја раскажува приказната за Семи, во филмот се појавува полицаец по име Теди на кого му е доделен случајот за смртта на сопругата на Леонард, и кој ќе се спријатели со него. Леонард му помага во барањето на убиецот, за кој само успеал да дознае дека се вика Џон Г.

На крајот на филмот, Леонард мисли дека успеал да ја оствари својата одмазда, но набрзо дознава дека Теди го манипулирал. Имено, човекот кој Леонард го убил бил дилерот Џими Гранц, а Теди од тоа сакал да извлече лична корист и да го земе скапоцениот Јагуар на Џими, заедно со 200 илјади долари.

Во таа сцена, Теди му ја раскажува на Леонард целата приказна. Му кажува дека тој веќе го убил вистинсиот Џон Г. пред неколку години, како и многу други луѓе со истото име. Меѓутоа, Џон Г. не бил одговорен за убиството на неговата сопруга, туку само за силувањето, а Леонард самиот ја искривил приказната за смртта на жена му. Таа преживеала напад, но фрустрирана од неговата состојба се предозирала со инсулин кој тој ѝ го дал. Теди тврди дека Семи никогаш немал сопруга, туку дека Леонард својата приказна ја преточил во онаа на Семи.

Леонард одбива да поверува во тоа и настојува што побрзо да заборави што Теди му рекол. Пред да заборави, Леонард на сликата на Теди запишува „Не верувај во неговите лаги“, и си става потсетник дека мора да го тетовира бројот на регистрацијата на автомобилот на Теди. Тогаш, тој сфаќа дека сите луѓе се залажуваат самите себе, а тој се разликува од сите по тоа што е свесен за самозалажувањето. Го зема автомобилот на Џими и оди во салонот за тетовирање за да го истетовира бројот на регистрација на Теди.

Потоа, во џебот на оделото кое го земал од Џими, наоѓа порака од неговата девојка Натали и оди во кафулето во кое таа работи. Откако ќе ѝ раскаже за своето пореметување, таа сака да провери дали има вистина во неговата приказна. Откако се уверува, одлучува да го искористи за да се ослободи од еден човек по име Дод. Леонард е преокупиран со решавање на загатката што сам си ја поставил, но сепак смета дека треба да ѝ помогне на Натали. Откако ќе се бркаат, тој го фаќа Доди и врзан го затвора во ормарот од неговата хотелска соба. Следното утро, се буди во истата соба и го наоѓа Доди не сеќавајќи се на претходната вечер. Набрзо доаѓа Теди и во паника го тера Доди да избега надвор од градот со неговата кола.

Откако дознава дека Дод го нема, Натали одлучува да му открие на Леонард кој е сопственик на возилото со регистарската табличка на автомобилот на Теди. Леонард се изненадува кога открива дека вистинското име на Теди е Џон Едвард Гемл, т.е. Џон Г, па го убива.

[уреди] Занимливости

  • Снимањето на филмот траело 25 дена.
  • Телефонскиот број на Теди, 555 0134, е истиот како на Мерл Сингер во филмот Клуб на борци.
  • Салонот за тетовирање е насловен по сопругата на режисерот и сценарист Кристофер Нолан, Еми Томас, која воедно е и помошник продуцент на филмот.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици