Сребре и јас

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сребре и јас (шпански: Platero y yo) е книга на писателот Хуан Рамон Хименес од 1917 година. Претходно, книгата била објавена во 1914 година, но во нецелосна форма.

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Поетската проза „Сребре и јас“ е објавена на македонски јазик во 1986 година, во издание на „Детска радост“ од Скопје, во рамките на библиотеката „Ѕуница“, а преводот од шпански јазик го направила Ванѓа Чашуле. Книгата е печатена во мал формат (20 сантиметри), во мек повез и има 173 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотекаКлимент Охридски“, Скопје. Графичкото уредување и е дело на Франц Кулеванов, а илустрациите во книгата се дело на Доне Милјановски. Книгата е отпечатена во печатницата на НИПРО „Нова Македонија“ во Скопје.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата содржи 138 куси прозни текстови:[2] Сребре, Бели пеперутки, Приквечерни игри, Затемнување, Морници, Школо, Будала, Јуда, Смокви ранки, Осана, Вечен дом, Трн, Ластовички, Стаја, Скопен ждребец, Куќата отспротива, Малоумното дете, Привидение, Пурпурен предел, Папагал, Рамен покрив, Враќање, Затворената железна порта, Дон Хосе попот, Пролет, Цистерна, Шугавиот пес, Неистечна вода, Априлска идила, Канаринецот лета, Демон, Слобода, Цигани, Свршеница, Пијавица, Три старици, Двоколка, Леб, Аглаја, Големиот бор, Дарбон, Детето и водата, Пријателство, Приспивна песна, Дрвото во дворот, Туберкулозното девојче, Додоли, Ронсар, Чичкото со слики, Цвет на патот, Лорд, Бунар, Праски, Чифте, Магарописание, Причесна, Прошетка, Петли, Стемнување, Печат, Окотената кучка, Таа и ние, Врапчиња, Франко Велес, Лето, Оган во планините, Поток, Недела, Песната на штурчето, Бикови, Луња, Гроздобер, Ноктурно, Сарито, Починка, Огномет, Парк, Месечина, Радост, Минуваат дивите пајки, Девојченцето, Овчарот, Смртта на канаринчето, Рид, Есен, Врзано куче, Грчката желка, Октомвриско попладне, Антонија, Заборавениот грозд, Алмиранте, Вињета, Стргунка, Пинито, Река, Калинка, Старите гробишта, Липијани, Калето, Старата арена за бикови, Ехо, Уплав, Старата чешма, Пат, Пињоли, Избеганиот бик, Ноемвриска идила, Белата кобила, Подигравка, Чергари, Пламен, Оздравување, Старото магаре, Зора, Цветчиња, Божик, Крајбрежната улица, Зима, Млеко од магарица, Чиста ноќ, Венец од магдонос, Мудреците од исток, Монс-уриум, Вино, Басна, Карневал, Леон, Ветерница, Камбанаријата, Магарињата од пескарот, Мадригал, Смрт, Тага, Ногари, Тагување, На Сребре во небото над Могер, Сребре од картон, На Сребре под земјата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хуан Рамон Хименес, Сребре и јас, Детска радост, Скопје, 1986.
  2. Хуан Рамон Хименес, Сребре и јас, Детска радост, Скопје, 1986.