Папагали

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Папагал)
Прејди на: содржини, барај
Папагали
Период: 54–0 мг ран еоцен[1] – денес
Сино-жолта ара во лет
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Инфракласа: Нововилични
Надред: Нови птици
Ред: Папагали
Wagler, 1830
Натфамилии

какадуа (Cacatuoidea)
вистински папагали (Psittacoidea)
новозеландски папагали (Strigopoidea)

Распространетост на папагалите, сите видови (црвено)

Папагалите (науч. Psittaciformes) се ред на птици од јужните краишта на светот. Постојат околу 360 видови папагали. Меѓу нив спаѓаат: ара-папагалите, какадуата, нимфите, малите долгоопашести папагали (тигрици). Ги има во голем број во сите тропски и суптропски подрачја на двете полутопки, особено во тамошните шуми. Големината им се движи од 10 см (папагал тигрица) до 0,8 м (ара). Тешки се од 10 до 850 гр. Животниот век им се движи од десетина (папагал-тигрица) до 80 години (ара). По спарувањето, арата, тигрицата и другите папагали остануваат со својот партнер до крајот на животот. Женката несе од 2 до 8 јајца, зависно од видот, најчесто во дупка во некое дрво или каде било во природата. Квачењето трае од 18 до 30 дена, во зависност од видот.

Групата е дели на три потфамилии: какадуа (Cacatuoidea), вистински папагали (Psittacoidea) и новозеландски папагали (Strigopoidea).

Наводи[уреди]

  1. Waterhouse, David M. (2006). „Parrots in a nutshell: The fossil record of Psittaciformes (Aves)“. „Historical Biology“ 18 (2): 223–234. doi:10.1080/08912960600641224.