Слепоочна коска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Слепоочна коска
Temporal bone lateral animation.gif
Позиција на слепочната коска (зелен дел)
Gray137.png
Стуктура на слепоочната коска
Латински Os temporale
Греева p.138
Зглобови Occipital, parietal, sphenoid, mandible and zygomatic
TA A02.1.06.001
FMA FMA:52737

Слепоочната коска (оs temporale) се наоѓа помеѓу клинестата, тилната и темената коска .Таа е составена од три дела:

  • лушпест,
  • тимпаничен
  • пирамиден.

Лушпест дел (pars squamosa)[уреди]

Лушпестиот дел учествува во градбата на бочниот ѕид од черепот. Нејзината надворешна страна е мазна и служи за поврзување на слепоочниот мускул. На долниот дел се наоѓа јаболков израсток (processus zygomaticus) кој што со јаболковата коска формира јаболков лак (arcus zygomaticus). Под јаболковиот израсток се наоѓа вдлабатина (fossa mandibularis) за зглобување со долната вилица . На внатрешната страна се забележуваат отпечатоци и бразди предизвикани од витките на мозокот и крвните садови.

Тимпаничен или тапански дел (pars tympanica)[уреди]

Тимпаничниот дел наликува на коскен олук и учествува во градбата на надворешниот ушен канал (meatus acusticus externus). На надворешниот крај каналот се отвара со надворешен ушен отвор (processus externus).

Пирамиден дел (pars petrosa)[уреди]

Пирамидниот дел наликува на четиристрана пирамида со врв насочен нанаперед, а базата свртена наназад и е претставена со еден коскен израсток наречен processus mastoideus. Внатрешноста од израстокот содржи бројни шуплини што се формираат по раѓањето. Во центарот се наоѓа мастоидна пештера (antrum mastoideum), која е опкружена со мастоидни ќелии , Преку коскен канал антрумот се отвара во една поголема шуплина наречена тапанска празнина (cavum tympani). На пирамидата се разликуваат четири страни. Нејзината горна страна учествува во градбата на средната черепна јама, а внатрешноста учествува во градба на задната черепна јама . Во внатрешноста на приамидата се сместени шуплините од надворешното, средното и внатрешното уво со своите градбени структури. На долната страна од пирамидата се наоѓа шилест коскен израсток (processus styloideus) за поврзување на мускули и врски. Преку пирамидата од слепоочната коска поминуваат и повеќе коскени канали за поминување на нервни и крвни садови .

Надворешни врски[уреди]