Бедрена коска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бедрена коска
Преглед на бедрената коска како најголема коска на карлицата.
Зглобна проширена капсула, заден дел (бедрената коска означена на врвот).
Податоци
Назнаки
ЛатинскиOs ilii
MeSHA02.835.232.611.434
TAA02.5.01.101
FMAFMA:16589

Бедрената коска (латински: os ilium) е најголемата коска на карлицата и влегува во состав на зглобната чашка (латински: acetabulum).

Делови[уреди | уреди извор]

На бедрената коска се разликуваат:

  • масивен дел или тело (латински: corpus osis ilii) што го гради покривот од ацетабулумот;
  • крило (латински: ala ossis ilii) претставува горен плочест дел;
  • илијачна јама (латински: fossa iliaca) се наоѓа на внатрешната страна од крилото и служи за поврзување на истоимениот мускул;
  • зглобна површина (латински: facies auricularis) наликува на уво и служи за поврзување со сакрумот;
  • гребен (латински: crista iliaca) претставува завршен дел на крилото;
  • горен преден шилец (латински: spina iliaca anterior superior) се наоѓа на предниот крај од гребенот;
  • заден шилец (латински: spina iliaca posterior superior) се наоѓа на задниот крај од гребенот;
  • надворешна седална страна (латински: facies glutea), поседува седални линии за поврзување на седалните мускули.

Мускули[уреди | уреди извор]

Мускулите во овој дел го поврзуваат горниот крај од бутната коска со коските од карличниот појас:

  • слабинскобедрен мускул (латински: m.iliopsoas), составен од два мускули:
  • бедрен мускул (латински: m.iliacus), тргнува од илијачната јама на карличната коска;
  • голем слабински мускул (латински: m.psoas major) тргнува од телата и напречните израстоци на слабинските прешлени. Двата мускули со заедничка тетива завршуваат на малата џумка од бутната коска;
  • голем седален мускул (латински: m.gluteus maximus) тргнува од крилото на бедрената коска и од крстната коска, а завршува на задната страна од бутот;
  • среден седален мускул (латински: m.gluteus medius) се наоѓа под големиот седален мускул и има ист припој како големиот седален мускул;
  • најмал седален мускул (латински: m.gluteus minimus) сместен е најдлабоко, а има ист припој како големиот и средниот седален мускул.

Кај животните[уреди | уреди извор]

Бедрената коска се појавува и кај ’рбетници, вклучувајќи цицачи и птици, но не и кај коскените риби. Сите влекачи имаат бедрена коска освен змиите.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]