Слабински прешлени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слабински прешлени
Lumbar vertebrae anterior.png
Позиција на слабинските пршлени ( црвен дел). Се состојат од пет коски, од горе надолу, L1, L2, L3, L4 и L5.
Gray93.png
Типичен слабински прешлен
Латински vertebrae lumbales
Греева 23 104
TA A02.2.04.001
FMA FMA:72065

Слабинските прешлени (латински: vertebrae lumbales) го сочинуваат слабинскиот ’рбет, кај човекот се пет и се наоѓаат на ’рбетниот столб под градните прешлени и над крстните прешлени. Слабинските прешлени се означуваат: L1, L2, L3, L4 и L5.

Делови[уреди]

Кај слабинските прешлени се разликуваат:

  • тело (corpus vertebrae), телото од слабинските прешлени е пошироко и поголемо за разлика од другите тела на другите прешлени кои се помали;
  • прешленски лаци (arcus vertebrae), прешленскитe лаци се многу цврсти и силни и од нив продолжуваат израстоците;
  • прешленски отвор (foramen vertebrale);
  • горни зглобни израстоци (processus articulares superiores);
  • долни зглобни израстоци (processus articulares inferiores);
  • напречни израстоци (processus transversus), напречните израстоци се долги и со триаголна форма;
  • ’ртен израсток (processus spinosus).

Карактеристики[уреди]

Карактеристики на првиот и петтиот слабински прешлен:

  • Првиот слабински прешлен (L1) се изедначува со предниот крај на деветтото ребро;
  • Петтиот слабински прешлен (L5) е карактеристичен со своето тело така што е подлабоко издадено во карличната празнина и заедно со крсната коска формираат испакнатост (латински: promontorium).

Зглобови[уреди]

  • Зглобовите меѓу зглобните израстоци на прешлените, се рамни зглобови и се врши само лизгање.
  • Зглобовите меѓу пешленските тела, ги спојуваат телата со помош на меѓупрешленски плочи (латински: discus intervertebralis), кои што се зајакнати со помош на два надолжни лигаменти: преден и заден.
  • Движењата зависат од еластичноста на ’рбетниот столб и од неговата извежбаност.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]