Препонска коска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Препонска коска
Карличен појас
Машка карлица
Податоци
Назнаки
ЛатинскиOs pubis
MeSHA02.835.232.611.781
TAA02.5.01.301
FMAFMA:16595

Препонската коска (латински: os pubis) — парна коска и заедно со бедрената и седалната коска учествува во градбата на карличната коска.

Делови[уреди | уреди извор]

Препонската коска се состои од:

  • тело (латински: corpus ossis pubis) што го гради предниот дел од ацетабулумот;
  • две гранки: горна и долна, учествуваат однапред во ограничувањето на запречниот отвор;
  • валчеста зглобна површина (латински: facies symphysialis) се зглобува со истата од спротивната коска и гради неподвижен зглоб (латински: simphysis publica).

Зглобови[уреди | уреди извор]

Зглобовите овозможуваат поврзување на двете препонски коски и поврзување на ацетабулумот со главата од бутната коска:

  • срамна симфиза (латински: symphysis pubica) претставува неподвижен ’рскавичен спој што ги соединува предните краишта на двете препонски коски;
  • зглоб на колкот (латински: articulatio coxae) го поврзува ацетабулумот од карличната коска со главата од бутната коска. Спаѓа во топчести зглобови и во него се вршат сите движења на ногата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]