Сергеј Михајлович Прокудин-Горски
Сергеј Михајлович Прокудин-Горски (31 август, 1863, Муром – 27 септември, 1944, Париз) (руски: Сергей Михайлович Прокудин-Горский чујте ) го посветил својот живот на унапредувањето на фотографијата како еден од првенците на фотографијата во боја. Роден е во Муром во Владимирската област, Русија, а по звање бил хемичар.[1] Учел кај славни научници во Санкт Петербург, Берлин и Париз, и развил првични техники за фотографија во боја.
Содржина |
Техника [уреди]
Своите првобитни истражувања резултирале со патенти слајдови и филмови во боја. Околу 1905 Прокудин-Горски разработил план за употреба на ова ново техничко октритие за документирање на Руската империја. Ова имало за цел да ги запознае учениците со огромната и разнолика историја, култура и модернизација на нивната татковина.
Процедурата се состоела од брзо правење на низа монохромни слики една по друга, секоја низ различно обоен филтер. Со проектирање на три монохромни слики во услови на светла со точна боја, можело да се реконстуира сликаната сцена во вистински бои. Помрднувањата на она што е сликано резултирало со заматени духолики слики, бидејќи сликите од црвена, зелена и сина боја се правеле со извесно временско растојание.
Прокудин-Горски успешно развивал хартиени слики во боја од овој филм, но процедурата била бавна и комплицирана. Дури со доаѓањето на дигиталнитата обработка на слики овие три можеле да се комбинираат во една слика.
Фотографија [уреди]
Прокудин-Горски имал посебен вагон опремен како темна комора, обезбеден од цар Николај II, како и две дозволи за пристап во ограничени зони и соработка на бирократите. Со ова, тој ја документирал Руската империја од 1909 до 1915 год. Одржал и многу илустирани предавања за неговите дела. Тој се иселил од Русија во 1918, по Руската револуција и по некое време конечно се преселил во Париз, каде починал во 1944.
Неговите фотографии се живопис на еден изгубен свет - Руската империја во предвечерјето на Првата Светска војна и потоа, Руската револуција. Тие се тематски разноврсни - од средновековни цркви и манастири на стара Русија, железнички пруги и фабрики, па се до секојдневниот живот и работа на шареноликото население во земјата.
Прокудин-Горски ја напуштил Русија во 1918, одејќи најпрвин во Норвешка и Англија пред на крај да се пресели во Франција. Тогаш веќе царството е заменето со комунизам, а царот и неговото семејство убиени. Овие уникатни слики на Русија пред револуцијата зачувани на стаклени негативи биле купен од Библиотеката на Конгресот на САД во 1948 од неговите потомци.[1]
Во 2001, Библиотеката на Конгресот започнала изложба, The Empire that was Russia („Империјата која беше Русија“). За оваа изложба стаклените негативи биле скенирани и од нив дигитално биле направени слики во боја д скенираните црвени, зелени и сини монохромни слики, со помош на т.н. дигихроматографија, изум на Валтер Франкхаусер.
Во 2004, Библиотеката склучила договор со Blaise Agüera y Arcas за изработка на автоматизирани композити во боја од 1,902 негативи од дигитални слики со висока резолуција на стаклени негативи. Целосен опис на процесот и врски со такви содржини можат да се најдат на Библиотека на Конгресот.[2][3]
Галерија [уреди]
-
Нилов манастир на Столбни остров во Селигерското езеро близу Осташков, ц. 1910
-
Внатрешност на црквата Вознесенски собор, Смоленск
-
Внатрешност на фабрика со електрогенератор
-
Текстилна фабрика, Ташкент
-
Катедрала Св. Никола, Можајск
-
Ветерници, Сибир
-
Текстилен трговец, Самарканд
-
Поглед на Тоболск од црковна камбана
-
Поглед на Тбилиси
-
Еврејски деца со нивниот учител, Самарканд
-
Поглед на Лугано, Швајцарија
Видете исто така [уреди]
Категорија:Слики од Прокудин-Горски
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 Фотограф на царот: Сергеј Михајлович Прокудин-Горски Библиотека на Конгресот. Пристапено на 13 август 2006
- ↑ Софтверска реконструкција на фотографијата во боја на Прокудин-Горсски Blaise Agüera y Arcas. Пристапено на 13 август 2006.
- ↑ За збирката Прокудин-Горски Пристапено на 13 август 2006.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Сергеј Михајлович Прокудин-Горски“ |
- 100 фотографии со белешки
- Профил на збирката во Библиотеката на Конгресот
- Изложба на Библиотеката на Конгресот, The Empire that was Russia („Империјата која беше Русија“) (избор)
- Страница за пребарување со пристап кон сите слики на Прокудин-Горски при Библиотеката на Конгресот
- Слики од Прокудин-Горски при Библиотеката на Конгресот, англиско-руски проект Meeting of Frontiers
- Руска страница со многу врски за Прокудин-Горски
- Руска податотека на сите фотографии на Прокудин-Горски, вклучувајќи ги и сѐ уште нереставрираните
- Приватен проект Прокудин-Горски од Френк Делерт
- Уште една приватно составена галерија на делата на Прокудин-Горски
- Прокудин-Горскиевите слики на Толстој - на веб-сајтот на Толстоевите студии при Торонтскиот Универзитет
- Он-лајн изложба на Шечтл-Восечелскиот фотографски музеј
- Прокудин-Горски: 1910 vs 2003. Споредба на некои места

