Светска изложба

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Светски саем)

Светски саем (EXPO), е било која варијанта на голема изложба одржана од средината на 19. век па наваму. Официјално тело за организација на светските саеми е Службата за меѓународни саеми (Bureau of International Expositions, BIE), акроним од францускиот назив на организацијата (Bureau International des Expositions)). BIE саемите се поделени на неколку типови: универзални, меѓунардони и специјализирани. Вообичаено траат од 3 до 6 месеци. Државите можат да организираат сопствени саеми или изложби без влијание на BIE.

Светската изложба во Париз 1900 година

Во денешно времe, светските изложби најверојатно се трет најголем настан во светски рамки во смисла на економското и културолошкото влијание, веднаш после ФИФА Светскиот куп и Олимписките игри. Светските изложби се одржуваат повеќе од едни и пол век - што е подолго од организацијата на современите Олимписки игри и секако |Светскиот Куп. Првиот Експо бил одржан во Кристалната палата во Хајд Парк во Лондон, 1851 година под наслов "Голема изложба на индустриски постигнувања на сите нации". „Големата изложба“ како што честопати се нарекува, била идеја на принцот Алберт, сопруг на Кралицата Викторија и била прва меѓународна изложба на индустриски производи. Како такваа, таа предизвикала развој во неколку подрачја од опшеството, вклучувајќи ги тука уметноста и образованието, меѓународна трговија, како и туризмот. Оваа изложба била претходник на многу меѓународни изложби одржани подоцна кои се нарекувале "Светски изложби", кои се постојано одржувани до денешен ден.

Историја на светските саеми[уреди | уреди извор]

Од појавувањето на Светските саеми во 1851 година па до сега, карактерот на светските изложби постојано еволуирал. Се разликуваат три главни ери: ера на индустријализација, ера на културна размена и ера на национални брендови.

1851-1938 I. Ера на Индустријализација[уреди | уреди извор]

Првата ера може да се нарече ера на индустријализација која го опфаќа периодот од 1851 до 1938 година. Во ова време, светските изложби биле фокусирани на трговијата и прикажувањето на технолошките иновации и напредоци. Светските изложби биле платформа каде најновите достигнувања во науката и технологијата од целиот свет биле прикажувани на едно место. Светската изложба во 1851 година во Лондон, како и тие одржани 1889 и 1900 во Париз може да се сметаат за едни од најзначајните. Пронајдоците како што е телефонот биле претставени токму во оваа ера. Многу важна ера за актуелниот имиџ на Експо е токму оваа ера.

1939-1991 II. Ера на културна размена[уреди | уреди извор]

Светскиот саем од 1939 одржан во Њујорк како и тој одржан 1949 во Стокхолм претставуваат напуштање на почетниот фокус на изложбата. Од тогаш Expo се заснова повеќе на специфични теми од културно значење, свртувајќи се кон темите за човечките постигнувања. Саемот повеќе се ориентира кон иднината и утописките погледи. Технологијата и иновациите остануваат значајни и понатаму, но не како основни теми на Expo. Светските саеми 1939 (Утрешниот свет) и 1949 (Спорт) се примери на овие нови теми. Интеркултурниот дијалог и размената на решенија стануваат дефинирачки елементи на Expo. На светскиот саем, Expo 2000 одржан во Хановер - Германија, таканаречениот програм 'Проекти од целиот свет' прикажа одржливи иницијативи и решенија од целиот свет. А Expo 2005 во Аичи - Јапонија најверојатно е најтематскиот светски саем. На светскиот саем Expo 2000 одржан во Хановер - Германија, свое учство имаше и Република Македонија.

1991- III. Ера на национални брендови[уреди | уреди извор]

Од светскиот саем Expo 1992 одржан во Севиља - Шпанија, државите сè повеќе и повеќе почнаа да го користат светскиот саем како платформа за презентирање на нивниот национален бренд. Финска, Јапонија, Канада, Франција и Шпанија беа добар пример за ова. Студијата на Тјако Валвис (Tjaco Walvis) наречена "Expo 2000 Hanover низ бројки", покажува дека промовирањето и зајакнувањето на националниот бренд бил главниот мотив за учество за 73% од земјите учеснички на Expo 2000. Во светот во кој јак национален бренд е важна работа, павиљоните стануваат дел од рекламните кампањи, а Expo е добар начин за брендирање на нацијата. Покрај културните причини, земјите организатори (градовите и регионите домаќини) исто така го користат моментот за нивно брендирање. Според Вели Олинс (Wally Olins) експерт за брендирање, Шпанија го искористи Expo 1992 во Севиља и Летните олимписки игри во Барселона 1992 година за да ја истакне својата нова позиција како модерна и демократска држава и да се претстави себеси како важен член на ЕУ и глобалната заедница.

Денес светските изложби во себе вклучуваат елементи на сите три ери. Таму се презентираат иновации, се олеснува културната размена и се користат за брендирање на градови, региони и нации. NIKOJ IC

Универзални изложби[уреди | уреди извор]

Универзалните изложби опфаќаат универзални теми од различни области на човековото дејствување. Универзални изложби се тематски ориентирани, врз основа на дефинираните теми, павиљоните се така направени да го претставуваат погледот на односната земја кон таа тема. Универзалните изложби вообичаено се одржуваат поретко за разлика од специјализираните меѓународни изложби бидејќи тие се доста поскапи. За да се разликуваат универзалните изложби од едноставните саеми, потребно е комплетно да се дизајнира конструкцијата на пивиљонот од самиот темел. Како резултат на тоа, нациите се натпреваруваат во тоа која ќе изгради незаборавна и впечатлива градба, пример за тоа се павиљоните на Јапонија, Франција, Мароко и Шпанија изградени на Expo '92. Понекогаш се користат стандардни саемски хали со цел да се минимизираат трошоците, ова посебно важи за земјите во развој. Или пак земјите од некој географски блок го делат заедничкиот простор (пример Афркинаските земји на Expo 2000 во Хановер).

BIE започна со одржувањето на изложбите секои пет години, почнувајќи од дваесет и првиот век.

Список на саеми[уреди | уреди извор]

Ова е список на досегашни официјални светски (универзални, меѓународни/специјализирани, хортикултурни) саеми или изложби според Службата за меѓународни саеми[1] и ExpoMuseum:[2]

Наводи[уреди | уреди извор]