Експо 2010

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Експо 2010

Shanghai World Expo.png

Логото на Експо 2010
Традиционално 中國2010年上海世界博覽會
Упростено 中国2010年上海世界博览会
друг кинески назив
Традиционално 上海世博會
Упростено 上海世博会

Експо 2010 (Expo 2010) е светски саем, кој се одржува во Шангај, Кина, со почеток на 1 мај со траење до 30 октомври. Според распоредот на Светските саеми и според традицијата на одржување на меѓународни саеми и изложби, темата на изложбата е „Подобар Град - Подобар Живот“ која го потенцира новиот статус на Шангај во дваесет и првиот век како главен економски и културен центар. Се очекува овој светски саем да го посетат максимален број на посетители во историјата на светските саеми. Изложбата е отворена со голема манифестација, огномет и музичка програма со стотици учесници, како и познати пеачи и актери од целиот свет, меѓу кои Андреа Бочели и Џеки Чен[1]

Содржина

[уреди] Учество на Македонија

Според портпаролот на Министерството за економија, Македонија добила понуда[2] од Кина бесплатно да се претстави на штанд од 350 m2. Носител на проектот, за учество на Република Македонија на овој настан е Министерството за економија, во формираната комисија со претставници од шест други министерства. Задача на комисијата е да го подготви начинот на претставување, односно што и како Македонија ќе презентира на овој саем. Владата како резултат на работата од оваа комисија планира да објави јавен повик за прибирање понуди од компании, кои треба детално да го подготват претставувањето на нашата земја.

Инаку, Министерството за економија, побарало од Кина да ни даде бесплатен саемски простор од 500 m2 наспрати нивната понуда од 350 m2.

Македонија го потврди своето учество на оваа манифестација на 9 февруари 2007 година и ја предаде својата тема со наслов „Урбан континуитет“.

Јавниот повек е објавен[3] во форма на Конкурс за избор на идејно решение за павиљон за презентација на Република Македонија на Светската изложба. На конкурсот се јавиле девет учесници[4] врз основа на што е изготвена листа од десет најдобро рангирани учесници!? При што се доделени три парични награди во вкупна вреднос од 450.000,00 денари а дополнително жири комисијата доделила уште две откупни награди од по 25.000,00 награди.

Освен имињата на рангираните учесници, други информации за тоа со која тема ќе настапи Македонија, кое ќе биде мотото на државата, кои се следните активности околу целиот проект, нема објавено. Според информациите на официјалниот веб сајт на Експо 2010 [5] Македонија ќе биде претставена под привременото име под кое се води во Обединетите нации - Поранешна Југословенска Република Македонија.

На 23 ноември 2009 година, во Шангај е потпишан договор за учество на Македонија на Експо 2010 од страна на заменик-министерот за економија и национален комесар на Македонија за „Шангај експо“ и заменик-генералниот директор на Бирото за координација на Светската изложба Хуанг Џиенџе. [6] На чинот на потпишувањето присуствувале и македонскиот заменик-министер за надворешни работи, претставници од Министерството за надворешни работи и од македонската Амбасада во Народна Република Кина.

[уреди] Инфраструктурни подготовки

Настанот ќе се одржи во регионот помеѓу Нампу и Лупу мостот во центарот на Шангај по должината на двата брега на реката Хуангпу. Подрачјето каде ќе се одржи Експо 2010 ќе зафаќа површина од 5,28 km2.

Официјалните претставници на Пекинг ги промовираа своите планови на 6 март 2006, за започнување на изградба на вториот комерцијален железнички систем во Кина на крајот од 2006 година. Маглев-железничката линија Шангај-Хангџоу која ќе ги поврзува Шангај и Хангџоу, се очекува да биде завршена за четири години и да биде ставена во функција за Expo 2010.[7]

[уреди] Изложбен простор

Павилјонот „Урбана планета“
Кинескиот павиљон
Павиљонот на Саудиска Арабија во облик на џиновски танкер

Изложбениот простор на светската изложба е поделен на зони: A, B, C, D и E, плус зоната на тематските павиљони.

[уреди] Тематски павиљони

Ќе има пет централни тематски павиљони на Експо 2010, каде ќе бидат претставени различни аспекти на урбаниот развој. Овие павиљони се именувани како Урбани градби, Урбана планета, Урбани жители, Урбани битија и Урбани сништа.

Некои од тематските павиљони се лоцирани во централната изложбена градба изградена од страна на домаќинот, која зафаќа површина од 11.5 хектари и претставува најголема структира од овој вид во историјата на светските изложби. Градбата се наоѓа натаканаречената Експо Оска, наспроти Кинескиот национален павиљон. Вкупниот изложбен простор на оваа градба е 80.000 квадратни метри.

[уреди] Зона A

Во зоната А се наоѓа:

  • Кинескиот павиљон, како најголем национален павиљон на светската изложба,
  • Првиот Азиски заеднички павиљон, во чии рамки ќе се претстават: Бангладеш, Киргистан, Малдивите, Монголија, Таџикистан и Тимор
  • Вториот Азиски заеднички павиљон, во чии рамки ќе се претстават: Авганиста, Бахреин, Јордан, Палестина, Сирија и Јемен
  • Третиот Азиски заеднички павиљон, во чии рамки ќе се претстават: Лаос и Мјанмар
  • Заедничкиот Павиљон на Кинеските покраини, во чии рамки ќе се претстават: Пекинг, Тиенџин, Хебеј, Шанџе, Внатрешна Монголија, Лиаонинг, Џилин, Хелунгџианг, Џиансу, Џеџианг, Анхуј, Гуџиеан, Џианџи, Шандунг, Хенан, Хубеј, Хјунан, Гуангдунг, Гуангџоу, Хајнан, Чонгинг, Сичуан, Гујџоу, Јинан. Тибет, Шенсји, Гансу, Чингхај, Нансја, Нанџианг и Шангај
  • Павиљони како засебни конструкции ќе имаат: Северна Кореја, Хонг Конг, Индија, Иран, Израел, Јапонија, Казахстан, Либам, Мароко, Макао, Непал, Оман, Пакистан, Катар, Република Кореја, Саудиска Арабија, Шри Ланка, Тајван, Туркменистан, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Виетнам.

[уреди] Зона B

Во зоната B се наоѓаат:

  • Засебни павиљони на следниве земји: Австралија, Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Малезија, Нов Зелан, Филипини, Сингапур, Тајланд
  • Павиљоните на следниве организации: DEVNET, IFRC
  • Заеднички павиљон на меѓународни организации: ASEAN, BFA, COMESA, FFA, GEF, UITP, ICOM, INBAR, LAS, SCO, UCLG, WWC, WWF.
  • Засебни павиљони на други организации: Life Sunshine, Public Participation, MeteoWorld, Pacific Pavilion, WTCA, Обединети нации

[уреди] Зона C

Во зоната C се наоѓаат:

  • Заеднички Африкански павиљон
  • Павиљон на Карипските заедници
  • Прв европски заеднички павиљон, во чии рамки ќе се претстават: Кипар, Лихтеншатјн, Малта и Сан Марино.
  • Втор заеднички европски павиљон, во чии рамки ќе се претстават: Македонија, Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Црна Гора и Молдавија. Република Македонија ќе има настап на тема „Урбан континуитет“.
  • Останатите европски земји кои ќе земат учество на оваа светска изложба ќе бидат претставени со сопствени павиљони специјално изградени за оваа намена: Турција,
  • Заеднички павиљон на земјите од Централна и Јужна Америка
  • Земји од Централна и Јужна Америка кои имаат засебно изграден павиљон: Венецуела, Перу
  • САД

[уреди] Зона D

[уреди] Зона E

[уреди] Национални павиљони

Повеќе од 180 земји ќе се претстават на Експо 2010, некои со сопствени павиљони специјално изградени за оваа намена а некои во рамките на заедничките павиљони. Најголеми национални павиљони ќе бидат: Кинескиот павиљон, Африканскиот павиљон и Пацифичкиот павиљон. 15 земји ќе биде претставени во рамките на Пацифичкиот павиљон.

[уреди] Галерија

[уреди] Наводи

  1. Отворена светската изложба ЕКСПО 2010 во Кина - „Кирилица“ (македонски)
  2. „Дневник, Можност за учество на Експо 2010, Кина нуди бесплатен штанд за Македонија“. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FC79E22744AFA248A233BDC308C440D9. проверено на 28 мај 2007. 
  3. „Министерство за економија, Конкурс за избор на идејно решение“. http://cert.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Konkurs%20za%20izbor%20%20na%20idejno%20reshenie.pdf. проверено на 26 ноември 2009. 
  4. „Министерство за финансии, Биро за јавни набавки, Известување за од Конкурс за избор на идејно решение“. https://oglasi-izvestuvanja.finance.gov.mk/printR_SIS.do?rsisId=33. проверено на 26 ноември 2009. 
  5. [http://en.expo2010.cn/c/en_gj_tpl_206.htm#gk Експо 2010, страница со податоци за настапот на Република Македонија на светската изложба
  6. „TOTAL, Македонија ќе учествува на Светската изложба Шангај Експо 2010“. http://total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=19842. проверено на 26 ноември 2009. 
  7. „Xinhua, Maglev railway to link Hangzhou, Shanghai (англиски). http://news.xinhuanet.com/english/2006-03/06/content_4263586.htm. проверено на 6 март 2006. 

[уреди] Надворешни врски


Претходник
Експо 2008
Светски саеми
2010
Наследник
Експо 2012
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици