Планинска улулајка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Планинска улулајка
Кафеава птица, веројатно од подвидот Strix aluco aluco
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Утковидни
Фамилија: Утки
Род: Strix
Вид: Планинска улулајка
Биномен назив
Strix aluco
Linnaeus, 1758

Планинската улулајка (Кафеав ут), (науч. Strix aluco) е набиена, средно голема утка која е честа низ шумите на цела Евроазија. Долните делови ѝ се светли прошарани со темни линии, а горните делови ѝ се кафеави или сиви. Неколку од единасетте подвида ги имаат двете варијанти. Гнездото типично е во дупка во дрво каде се заштитени јајцата и пилињата од потенцијалните предатори. Оваа утка не е преселница и е многу територијална. Многу млади птици гладуваат ако не можат да најдат своја територија, откако ќе заврши родителската грижа.

Оваа ноќна граблива птица лови претежно глодари, обично „паѓајќи“ од гранката на која седи и од каде го здогледува пленот, а во поурбаните средини исхраната опфаќа поголем процент птици. Видот, слухот и тивкиот лет се адаптирани за ноќен лов. Може да лови помали утки, но самиот е жртва на поголемите.

Иако многу луѓе веруваат дека овој ут има посебно силен ноќен вид, сепак, неговата мрежница не е почувствителна од човечката. Всушност, асиметричните уши се клучни за ловот и му даваат правец од каде нешто се движи. Неговите ноќни навики се застрашувачки, а огласувањето лесно се имитира, па затоа дошло до митската асоцијација на овој ут со несреќа и смрт.

Опис[уреди]

Планинската улулајка е робусна птица, со должина од 37 до 46 см, распон на крилјата 81-105 см и тежина 385-800 грама. [2][3] На големата округлеста глава нема китки од „уши“ и фацијалниот диск кој ги обиколува темните кафеави очи е светол. Номинираниот вид има две раси кои се разликуваат во бојата на перјето, едните имаат кремавокафеави горни делови, а другите сивокафеави, а има и мешани од овие две форми. Долните делови на двете раси имаат белкави долни делови со кафеави линии. [4] Кај видот е изразен полов диморфизам; женките се многу поголеми од мажјаците, 5% подолги и повеќе од 25% потешки.

Планинската улулајка лета со долго лебдење на своите заокруглени крилја, со помалку замавнувања од другите утки, и на поголеми височини. Летот е тежок и бавен, особено при полетување. Како и кај другите утки, летот е тивок заради мекоста на пердувите.

Очите на утот се сместени напред на главата и имаат визуелно поле од 50–70%, што опфаќа повеќе од дневните грабливки, чие поле е 30–50%.[5] Мрежницата има околу 56,000 чувствителни на светлина ќелии на милиметар квадратен; мислењето од порано дека може да го гледа инфрацрвениот дел од спектарот е отфрлено. [6] Но, сè уште се вели дека видот кај птиците е 10 до 100 пати подобар отколку кај луѓето, во темнина или слаба светлина. Сепак, видот на утките е само малку подобар од луѓето и тие, и утките и луѓето, имаат најдобар вид од сите суштества.[7]

Споредбено видно поле на утка и гулаб

Адаптацијата за ноќен вид ги вклучува големината на очите, нивната цевкаста форма, големиот број блиски ќелии на мрежницата, и отсуство на конусни ќелии.[8] Слушањето е многу важно за ноќните грабливки, и како и кај другите утки, и планинската улулајка има два ушни отвора со поинаква структура и сместени асиметрично за подобрување на слушањето на правецот. Каналот низ черепот води до ушното тапанче, и малата разлика на време на достигнување на звукот до секое уво, му овозможува изворот веднаш да биде лоциран. Левиот ушен отвор е повисоко на главата, а десниот поголем и свртен надолу ја подобрува чувствителноста на звуците кои доаѓаат одоздола.[5] Двата отвора се скриени под фацијалинот диск од пердуви и поддржани од подвижна кожичка.

Мрежница на утката.[9]

Целата структура на увото, кое има голем број аудио неврони, ѝ дава зголемена способност да детектира нискофреквентни звуци во далечина, што го вклучува и движењето на пленот низ вегетацијата. Слухот на утката е десетпати посилен од човековиот, и може да ловат ноќе, користејќи го само ова сетило.[5]

Најчест повик за контакт е остро ки-вик, но мажјакот има вибрирачка песна хуу...ху, ху, хуу-хуу-хуу-хуу. Овој стереотипен повик е всушност дует во кој женката го произведува ки-вик звукот, а мажјакот одговара со хуу.[4] Повикот лесно се имитира со дување во склопени раце низ мало дупче, и во една студија е посочено дека ова мимикрија предизвикува одговор од утката во рок од 30 мин. во 94% од обидите.[10]

Таксономија и систематизација[уреди]

Утка, веројатно од подвидот S. a. sylvatica

Планинската улулајка за првпат беше опишана од Карл Лине во неговата Systema naturae во 1758 година под сегашното научно име.[11] Овој вид е член на планинските типични утки, од родот Strix. Подвидовите се слабо издиференцирани и разликите може да се должат на температурата, бојата на перјето да биде прилагодена кон соодветната животна средина, големината да зависи од квалитетот и количеството плен, и сл. Различни автори, со текот на времето, опишале 10-15 подвида. Моменталните подвидови се дадени во следната табела:[12]

Подвид Распространетост Опишан од
S. a. aluco Северна и централна Европа, од Скандинавија до Медитеранот и Црно Море Linnaeus, 1758
S. a. sylvatica Западна Европа Shaw, 1809
S. a. biddulphi Северозападен Пакистан и регионот на Кашмир Scully, 1881
S. a. willkonskii Палестина до северен Иран и Кавказ Menzbier, 1896
S. a. mauritanica Северозападна Африка од Мароко до Тунис и Мавританија Witherby, 1905
S. a. sanctinicolai Западен Иран, североситочен Ирак Zarudny, 1905
S. a. harmsi Туркменистан Zarudny, 1911
S. a. siberiae Централна Русија, од Урал до западен Сибир Dementiev, 1933

Распространетост и живеалиште[уреди]

Омилено живеалиште - стара листопадна шума

Планинската улулајка е распространета низ умерена Евроазија, од Велика Британија, преку Пиринејски Полуостров и на исток до западен Сибир и Индија. Подвидот S. a. mauritanica е проширен низ северозападна Африка. Оваа птица не е преселница. Живеалиштето на оваа птица се листопадните и мешаните шуми или старите четинарски шуми, претпочитувајќи места со пристап до вода. Гробиштата, градините и парковите им овозможија на овие птици да пријдат и во урбаните средини. Таа живее на пониски места во посеверните делови од нејзиниот опсег, до 550 метри надморска височина, но, до 1.600 метри на Алпите, до 2.350 метри во Турција и над 2.800 метри во Бурма.

Распространет е на најмалку 10 милиони км², со популација 970.000–2.000.000 поединци само во Европа. Според статусот спаѓа во категоријата на вид со најмала загриженост.[1]

Однесување[уреди]

Размножување[уреди]

Младенчињата го напуштаат гнездото пред оперјувањето

Планинската улулајка се спарува на едногодишна возраст и обично создава моногамна врска која трае цел живот. Својата територија парот ја брани преку цела година. Гнездото се наоѓа во дупка во дрво, но може да користат и старо гнездо од страчка , дупки од верверици или дупки во згради, а понекогаш и куќички за птици. Јајцата ги несат од февруари, или во средината на март во посеверните краишта. Несат 2-3 сјајно бели јајца кои ги квачи само женката во период од 30 дена. Пилињата се оперјуваат по 35-39 дена. Младенчињата обично го напуштаат гнездото десетина дена пред целосното оперјување, и за тоа време се кријат на некоја гранка во близина.

Овој вид е бестрашен во одбраната на гнездотот и малечките и го напаѓа натрапникот со острите канџи. Бидејќи летот му е тивок, може да не се забележи додека не е веќе предоцна. Кучињата, мачките и луѓето може да ги нападне и без провокација. Можеби најпозната жртва на напад од ваква утка е фотографот Ерик Хоскинг, кој го загуби своето лево око кога се проближил да го фотографира гнездото. Подоцна својата автобиографија ја нарекол Око за птица.[13]

Родителите се грижат за младенчињата 2-3 месеца по оперјувањето, но од август до ноември младенчињата се растураат да си пронајдат своја сопствена територија. Ако не успеат во тоа, тие гладуваат. Не е познато колкав е процентот на преживување на младенчињата, но процентот на возрасните е 76,8%. Обично живеат околу 5 години, но забележан е ут стар повеќе од 18 години, а во заробеништво над 27 години.

Исхрана[уреди]

Најчестиот плен на планинската улулајка

Планинската улулајка лови речиси исклучиво ноќе, набљудувајќи од гранка пред да падне или тивко да залебди надолу кон пленот. Ретко се случува да лови дење, кога мора да ги нахрани младенчињата. Овој вид се храни со широк спектар на плен, претежно глодари, но и цицачи поголеми и од млади зајаци, птици, црви и бубачки.

Пленот го голта целиот, исфрлајќи ги несварените делови како палети.

Во културата[уреди]

Сива птица, најверојатно од подвидот S. a. aluco

Планинската улулајка, како и другите утки, често во културата се сининим на несреќа; Вилијам Шекспир го употребил во драмата Јулие Цезар (Чин 1 Сцена 3).

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Strix aluco. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106002240. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  3. Eurasian Tawny Owl – Strix aluco. The Owl Pages
  4. 4,0 4,1 Mullarney, Killian; Svensson, Lars; Zetterstrom, Dan; Grant, Peter J. (1999). „Collins Bird Guide“. London: HarperCollins. стр. 206. ISBN 0-00-219728-6. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Burton, Robert (1985). „Bird Behaviour“. London: Granada Publishing. стр. 44–48. ISBN 0-246-12440-7. 
  6. Hecht, Selig; Pirenne, Maurice Henri (1940). „The sensibility of the nocturnal long-eared owl in the spectrum“ (Automatic PDF download). „Journal of General Physiology“ 23 (6): 709–717. doi:10.1085/jgp.23.6.709. PMID 19873186. PMC: 2237955. http://www.jgp.org/cgi/reprint/23/6/709. 
  7. Martin, Graham R. (August 1977). „Absolute visual threshold and scotopic spectral sensitivity in the tawny owl Strix aluco“. „Nature“ 268 (5621): 636–638. doi:10.1038/268636a0. PMID 895859. 
  8. Sinclair, Sandra (1985). „How Animals See: Other Visions of Our World“. Beckenham, Kent: Croom Helm. стр. 88–100. ISBN 0-7099-3336-3. 
  9. Based on Güntürkün, Onur, "Structure and functions of the eye" in Sturkie, P. D. (1998). „Sturkie's Avian Physiology“. 5th Edition. Academic Press, San Diego. стр. 1–18. ISBN 0-12-747605-9. 
  10. Waterton, Charles (1870). „Essays on Natural History“. Frederick Warne. стр. 124. 
  11. (латински) Linnaeus, C (1758). „Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata“. Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 93. „S. capite laevi, corpore ferrugineo, iridíbus atris, remi-gibus primoribus serratís.“ 
  12. „Tawny Owl Strix aluco. „Owl Information“. World Owl Trust. http://www.owls.org/Species/strix/tawny_owl.htm. конс. 6 јуни 2008. 
  13. Hosking, Eric; Lane, Frank W. (1972). „An Eye for a Bird: The Autobiography of a Bird Photographer“. London, Hutchinson & Co. стр. 20. ISBN 0-09-104460-X. 

Надворешни врски[уреди]