Европска страчка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Pica pica pica

Европска страчка (науч. Pica pica) — вид птица од семејството врани со долга, сјајна зеленкаста опашка и сјајни силни крилја.

Особености[уреди | уреди извор]

Европската страчка живее во мали јата, со тоа што на преноќувалиштата и на зимските одморалишта можат да се соберат повеќе од 100 птици. Во поголеми групи се здружуваат и на пролет, во текот на додворувањето. Мажјаците им се додворуваат на женките така што ги креваат и спуштаат пердувите на главата и брзо ја шират и собираат опашката. Притоа и се огласуваат на посебен начин. Големите гнезда ги градат високо на дрвјата, тие се со куполеста форма, и се изградени од гранчиња. Во април женките во гнездата снесуваат 5-10 мали јајца.

Се хранат претежно со животинска храна - јајца, мали птици, цицачи и бубачки, но јадат и семки од растенија.

Главно не избегнуваат населени подрачја и често доаѓаат во близина на луѓе. Мошне се интелегентни и познато е дека крадат сјајни предмети. Од забава, во пар задеваат домашни миленичиња, особено мачки, но и луѓе во паркови и на голф-турнири.[1]

Страчка во сликарството[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Животинско Царство. стр. 50-100