Муклен

Координати: 41°8′N 23°44′E / 41.133° СГШ; 23.733° ИГД / 41.133; 23.733
Од Википедија — слободната енциклопедија
Муклен
Μούχλιανη
Поглед на местото на раселеното село
Поглед на местото на раселеното село
Муклен is located in Грција
Муклен
Муклен
Местоположба во областа
Муклен во рамките на Довишта (општина)
Муклен
Местоположба на Муклен во општината Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°8′N 23°44′E / 41.133° СГШ; 23.733° ИГД / 41.133; 23.733
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДовишта
Општ. единицаДовишта
Надм. вис.&100000000000010000000001.000 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Муклен (познато како М'клен и Моклен; грчки: Μούχλιανη, Мухлијани[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната Довишта на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на 20 км североисточно од градот Сер, високо на планината Сминица, на надморска височина од 1.000 м.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Муклен бил македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Меклен (Meklen) имало 20 домаќинства и 65 жители Македонци.[2][3] Поради отсуство на обработливо земјиште, жителите на селото купиле земјиште во кај полското село Сармусакли.[4]

Во пролетта 1883 година селото е нападнато од ајдучкиот војвода Кочо Кукулич од с. Рамна, Валовишко. Тој бил ранет и подоцна починал во битката.[5]

Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 65 македонски домаќинства.[2][6]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Муглен, мало село над Боздаг, североисточно од Сер под Дреново. Иста состојба како двете горни села. 35 македонски куќи.[7]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Муклен имало 250 жители, сите Македонци.[2][8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Муклен имало 480 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[2][9]

Во 1909 г. егзархискиот инспектор на Солунската епархија Константин Георгиев вели дека во селото имало 54 куќи со црква и училиште, во кое главниот учител бил Д. Божиков. Во училиштето имало 17 ученици, од кои 12 машки и 5 женски.[10]

Во Првата балканска војна, 5 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[11]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во Првата балканска војна Муклен е окупиран од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор.[1] Бидејќи селото настрадало во Втората балканска војна кога населението побегнало во Пиринска Македонија (во градовите Свети Врач и Неврокоп[4]), во пописот од 1913 г. Муклен се води како напуштена населба. Селото не било обновено по крајот на војните, поради што е избришано од евиденција.[1]

Од селото денес останала само црквата „Св. Троица“, дело на мијачкиот мајстор Китан Петров.[12]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Муклен

Починати во Муклен

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 261.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124. ISBN 954-8187-21-3.
  4. 4,0 4,1 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 23.
  5. „Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893“. София, 1969, стр.592.
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 228–229.
  7. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 838.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  10. Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, София, 2005, стр. 139.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 865. ISBN 954-9800-52-0.
  12. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 205.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 176. ISBN 954-9800-52-0.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 109. ISBN 954-9800-52-0.
  15. 15,0 15,1 Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 770. Може би идентичен с Костадин Христов. ISBN 954-9800-52-0.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 42. ISBN 954-9800-52-0.