Вержани

Координати: 41°0′N 23°37′E / 41.000° СГШ; 23.617° ИГД / 41.000; 23.617
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вержани
Ψυχικό
Вержани is located in Грција
Вержани
Вержани
Местоположба во областа
Вержани во рамките на Довишта (општина)
Вержани
Местоположба на Вержани во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°0′N 23°37′E / 41.000° СГШ; 23.617° ИГД / 41.000; 23.617
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаСтрума
Надм. вис.&100000000000000070000007 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно866
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Вержани[2](грчки: Ψυχικό, Психико)[3] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 13 километри југоисточно од градот Сер и на 16 километри јужно од Довишта, на надморска височина од 7 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 160 Македонци[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 300 Македонци[4][6]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци[4][7].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 85 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 123 жители[8].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1930 година, селото било преименувано во Психикон[9].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 755 жители, додека во 1940 година селото броело 835 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 1047 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1333 жители, во 1971 година имало 1001 жител, во 1981 година имало 1005 жители, додека во 1991 година имало 985 жители.[8] Денеска, населението на селото е 866 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 835 1047 1333 1001 1005 985 1101 866
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Иванов, Йордан Н. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 89.
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βερζιανή - Ψυχικό
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 118-119.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 198 - 199.
  8. 8,0 8,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63.
  9. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]