Какара

Координати: 41°1′N 23°39′E / 41.017° СГШ; 23.650° ИГД / 41.017; 23.650
Од Википедија — слободната енциклопедија
Какара
Μεσοκώμη
Какара is located in Грција
Какара
Какара
Местоположба во областа
Какара во рамките на Довишта (општина)
Какара
Местоположба на Какара во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°1′N 23°39′E / 41.017° СГШ; 23.650° ИГД / 41.017; 23.650
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаСтрума
Надм. вис.&1000000000000001400000014 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно108
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Какара (грчки: Μεσοκώμη, Месокоми)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 12 километри југоисточно од градот Сер и на 17 километри јужно од Довишта, на надморска височина од 14 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година била евидентиранa како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 205 жители[3].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1930 година, селото било преименувано во Месокоми[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 205 жители, додека во 1940 година селото броело 232 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 271 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 315 жители, во 1971 година имало 216 жители, во 1981 година имало 247 жители, додека во 1991 година имало 185 жители.[3] Денеска, населението на селото е 108 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 232 271 315 216 247 185 167 108
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Μεσοκώμη
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 72.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]