Горна Нушка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горна Нушка
Μέταλλα
Горна Нушка is located in Грција
Горна Нушка
Горна Нушка
Местоположба во областа
Горна Нушка во рамките на Довишта (општина)
Горна Нушка
Местоположба на Горна Нушка во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°4′N 23°44′E / 41.067° СГШ; 23.733° ИГД / 41.067; 23.733Координати: 41°4′N 23°44′E / 41.067° СГШ; 23.733° ИГД / 41.067; 23.733
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаДовишта
Надм. вис.&10000000000000371000000371 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно275
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горна Нушка (грчки: Μέταλλα, Метала)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 31 километри источно од градот Сер и на 4 километри источно од Довишта.

Селото се наоѓа на надморска височина од 371 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 42 семејства со 110 жители Грци[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 240 жители Гагаузи[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 115 Грци[5].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 85 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 7 жители[6]

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 229 жители, додека во 1940 година селото броело 396 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 313 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 229 жители, во 1971 година имало 119 жители, во 1981 година имало 120 жители, додека во 1991 година имало 182 жители.[6] Денеска, населението на селото е 275 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 396 313 229 119 120 182 275
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βεζνίκον - Μόνοικον
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
  6. 6,0 6,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 65.